Автор Тема: Соларни системи-панели  (Прочитано 115852 пати)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #390 на: 25 Март 2019, 13:21:51 pm »
Мачкај со сјај  :)

Отсутен Punto2

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 36
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #391 на: 25 Март 2019, 13:40:26 pm »
Да, да лизга повеќе :)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #392 на: 28 Март 2019, 21:43:16 pm »
Од 500 до 1000 реков. И башка не е сите месеци туку дали 9. Значи 5000 денари годишно грубо. За разлика од тоа другите работи кои ги напоменав имаат далеку подобар однос вложено/добиено. 40000 заштеда годишно според мене е поголема од 5000 денари, со горе-доле исто вложено. :)

ти рече од 500 до 1000 денари... јас реков повише од тоа, некаде и преку 50 евра месечно, а со греење на базенти тоа што ти го спомнуваш како месечна заштеда, кај нив е ДНЕВНА ЗАШТЕДА.... ама не, тоа што ти си го рекол, тоа е битното и важечкото... тури му к*р на мајсторот, што знае он како работи и штеди солар,канцелариски момак, со хартии во раце што работи, подобро знае како работи солар од соларџија...
и не, не се 9 месеци, туку 10,5 месеци, просечно и измерено во последниве 25 години... а на денешно време (и 8-9 години наназад) постојат И САМО ТАКВИ И ГИ МОНТИРАМЕ солари и за на облачно време... тоа се солари кои го користат УВ зракот, кој неможе да го запре ниту еден облак, бидејки влегува и до 8 метри ПОД ЗЕМЈА... е не, тоа не се оние солари со цевки, туку тоа се оние 4-5 пати поскапите панели, кои што пак ти пред некое време ги помножи со нула, зашто не се исплателе.... ама, административец тоа подобро го знае и проверил, јер гугл и википедија се нај точниот извор на податоци, а не искуството на оној што се пентра по кровови и работи со солари...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #393 на: 28 Март 2019, 21:46:42 pm »
Eden od tie dihtunzi bese pomesten, i od kaj taa cevka najmnogu tecese (go zabelzav toa pri povtornoto vadenje na cevkite, bidejki bijlerot e prazen i morav da gi vadam za da ne nastane problem, fala na info denes ke se obidam povtorno da gi postavam, pa ke probam da vidam dali povtorno ke tece, inaku ne sum od skopje od nadvor sum, vo sekoj slucaj moze da mi pisete brojce od nekoj sto raboti na problematikata. fala uste ednas.

момак, мачкај ги со САПУН и тоа детски-бебешки, никако со сјај... сјајот, заради својот состав, кој е наменет за отстранување и разложување на прехрамбени маснотии, е доста силен и лесно може да ги нагриза гумиците, се случило и сум видел... затоа сапун, и тоа бебешки, бекутан да речеме...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Punto2

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 36
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #394 на: 31 Март 2019, 17:16:11 pm »
Vo red, veke go srediv, rabotat bila vo toa sto bojlerot ne bil precizno postaven, vo nasoka levo-desno i se pojavuse razlika vo paralelata na cevkite, so malo pomestuvanje na desno na bojlerot rabotata se sredi i veke nema protekuvanje.

Отсутен vaskom

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 2
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #395 на: 03 Април 2019, 09:28:12 am »
Од 500 до 1000 реков. И башка не е сите месеци туку дали 9. Значи 5000 денари годишно грубо. За разлика од тоа другите работи кои ги напоменав имаат далеку подобар однос вложено/добиено. 40000 заштеда годишно според мене е поголема од 5000 денари, со горе-доле исто вложено. :)

ти рече од 500 до 1000 денари... јас реков повише од тоа, некаде и преку 50 евра месечно, а со греење на базенти тоа што ти го спомнуваш како месечна заштеда, кај нив е ДНЕВНА ЗАШТЕДА.... ама не, тоа што ти си го рекол, тоа е битното и важечкото... тури му к*р на мајсторот, што знае он како работи и штеди солар,канцелариски момак, со хартии во раце што работи, подобро знае како работи солар од соларџија...
и не, не се 9 месеци, туку 10,5 месеци, просечно и измерено во последниве 25 години... а на денешно време (и 8-9 години наназад) постојат И САМО ТАКВИ И ГИ МОНТИРАМЕ солари и за на облачно време... тоа се солари кои го користат УВ зракот, кој неможе да го запре ниту еден облак, бидејки влегува и до 8 метри ПОД ЗЕМЈА... е не, тоа не се оние солари со цевки, туку тоа се оние 4-5 пати поскапите панели, кои што пак ти пред некое време ги помножи со нула, зашто не се исплателе.... ама, административец тоа подобро го знае и проверил, јер гугл и википедија се нај точниот извор на податоци, а не искуството на оној што се пентра по кровови и работи со солари...

Баш, тури му курот на мајстор со ваков однос и лаички објаснувања.

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #396 на: 09 Мај 2020, 23:40:30 pm »
Дали некој има од оние соларните системи за греење вода, ама оние наједноставните, со бојлер горе?

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #397 на: 10 Мај 2020, 00:07:06 am »
Што те интересира?

Јас би ги избегнувал за Скопје поради бигор.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #398 на: 10 Мај 2020, 01:47:32 am »
Бигор има премногу. Гледај фотоволтаици ако имап место за солар.

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2205
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #399 на: 10 Мај 2020, 01:54:58 am »
Наједноставните(кинеските) соларни системи се добри се додека не почнат да јавуваат проблеми,а тие почнуваат после втората година најчесто.
Проблеми со сондата која го мери нивото на вода во бојлерот,па кажува дека е полн но не е.
Проблем со електричниот вентил,поради бигорот не затвора и водата си прелива од бојлерот.
Проблем со гумици на цевките,протекуваат.
Проблем со притисокот поради мала висина на поставеноста на бојлерот,се решава со пумпа.
Проблем од замрзнување на цевката од која се полни и празни болјерот,се решава со греач на самата цевка.

Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 859
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #400 на: 10 Мај 2020, 06:39:15 am »
Дали некој има од оние соларните системи за греење вода, ама оние наједноставните, со бојлер горе?
Јас имам, термосифонски, без електроники и слични непотребни елементи т.е. затворен систем

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #401 на: 10 Мај 2020, 09:23:57 am »
Проблеми уште првата година.

Покрај проблемите што ги наведе Ауди, се случуваа и следните работи.
Се собира ситен бигор во ситото од чешмите и не тече вода, банален приблем кој се решава лесно но треба да ти текне :)
Поради разлика во притисок (со пумпа) тешко е да се подеси бараната температура, мало поместување на рачката од батеријата резултира со врело/ладно.
Ова се решава со мешач на вода или како се вика, но и тој зафркава кога ќе му дојде врела вода и има многу мал проток во однос на ладната вода и не може да се активира пумпата. Пумпата се активира кога ќе регистрира проток.
Убаво планирање на потребите и соодветно на нив подесување на автоматиката. Особено околу тајминзите за дополнување на вода (може да се случи додека се тушираш да дополни вода и да ја бутне температурата).



Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5046
  • The Spartan General
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #402 на: 10 Мај 2020, 09:46:13 am »
Пред пет години бев прогласен за некомпетентен и неначитан во темата. После пет години доаѓаме на муабетот од Онак и Сале (и нормално мојот).  ;D ;D


Има напредок.  8)
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 859
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #403 на: 10 Мај 2020, 10:02:04 am »
Проблемите се јавуваат кај отворени системи т.е. низ иста цевка се полни и се празни системот. Кај нив има сонда - јавува кога бојлерот е празен/полн, трокрак вентил-ја пренасочува водата, ел.маг.вентил - отвара/затвара кога ќе добие сигнал од сондата, дисплеј кој кажува температура на водата... се ова е на струја, и кога тогаш ќе затаи
Затворен термосифонски систем е со панел и бојлер на кров, има цевка за довод на ладна вода и цевка за довод на топла вода. Во панелот и змијата на бојлерот кружи антифриз, по природен пат, значи нема стрија,електроники и слично
Ако некој размислува да стави солар, ќе му го објаснам разводот на цевките во wc.
П.с. Солар за 400еур има само кинески, ќе си имате проблеми веќе кажани, и водата ќе биде помалку стоплена во однос на квалитетен солар. Не работам со солари, туку ставав кај мене, и гледам низ годиниве што се случува

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #404 на: 10 Мај 2020, 10:14:57 am »
Проблемите се јавуваат кај отворени системи т.е. низ иста цевка се полни и се празни системот. Кај нив има сонда - јавува кога бојлерот е празен/полн, трокрак вентил-ја пренасочува водата, ел.маг.вентил - отвара/затвара кога ќе добие сигнал од сондата, дисплеј кој кажува температура на водата... се ова е на струја, и кога тогаш ќе затаи
Затворен термосифонски систем е со панел и бојлер на кров, има цевка за довод на ладна вода и цевка за довод на топла вода. Во панелот и змијата на бојлерот кружи антифриз, по природен пат, значи нема стрија,електроники и слично
Ако некој размислува да стави солар, ќе му го објаснам разводот на цевките во wc.
П.с. Солар за 400еур има само кинески, ќе си имате проблеми веќе кажани, и водата ќе биде помалку стоплена во однос на квалитетен солар. Не работам со солари, туку ставав кај мене, и гледам низ годиниве што се случува
Не де сите со една цевка. И тоа е најмалиот проблем.

Кречот/бигорот е проблемот.

Во Струга каде има мека вода ќе работи секаков бојлер и со една и со две цевки и отворен и затворен. Во Скопје не е така.