Да... разликата во цените на две влезници не е мала.

480 денари наспроти 640 (ако гледаш во петок, таа е цената).
Инаку ич немаше гужва. Kако за прв вторник после премиерата мислев дека ќе биде тутма, ама од 22:20 го гледав па изгледа и тоа направи разлика. Последната претстава е секогаш најдобар термин, обично тогаш идат љубители на филмови и помала е шансата да налеташ на смарала, ропуци што зборат по телефон со други ропуци, приглупи плавуши кои цел филм прашуваат што се случува, родители со деца (или бебиња, верувале или не и тоа ми се има десено)...

Во петок и за викенд се големи гужви, посебно за нови добри филмови како овој... шансите да има смарач што ќе ти го расипе филмот се големи.
Така мој совет е вторник или преку недела, последната проекција. Таман тогаш игра во сала 6 (најдоброто озвучење во Синеплекс е таму). Нормално со сите реквизити, како пар лименки ладно
Krombacher (не го барај во Синеплекс, нема да го најдеш).
