имше пред 2-3 години мото собир и некој концерт во Кавадарци на местото "12 Ваташки другари", моторџиите кампуваа таму, имаше некои рок бендови и Мизар беа. Многу ми се бендиса настанот, една вечер бев и имаше еден дришљо од Кавадарци кој штотуку беше купил мотор тогаш и исто вака турирше цела вечер без везе. Нема објаснување ниту збор за опис на степенот на ретардација...
Вчера околу 13 часот имаше една помала група моторџии меѓу кои и брадоњата кој е секогаш на ТВ, повеќето беа мрсни скапи крузери, Интрудери, Голдвинг, Шедоу, Харли... Лек за очи. Макс 25 мотори беа, не знам за викендот дали имало повеќе, не бев во градот, одсекогаш е имало многу повеќе мотори.
На тргање се престроија и кога тргаа почнаа да свират ко по невеста ќе одат, не успеав да слушнам убаво звук од мотори...