Не сум ја прошетал убаво од причина што не ми е убава. Јас го сакам морето, не ме интересираат планини, шуми и камења. А ако плажата не е песочна, а морето кристално и топло, по мој критериум тоа е лоша плажа. Архитектура, музеи и слично воопшто не ме интересираат ниту ги приметувам кога одам на летен одмор. Единствено ако жена ми ме напне, па да морам негде да отидам ради неа.
Ако зборуваме за умерен смештај, тогаш Грција е поефтина од Хрватска. А ако зборуваме за Халкидики, тогаш би го издвоил посебно вториот крак и тоа околијата на Сарти. Ако си љубител на морето и убавите плажи и ако си ги посетил камповите Арменистис, Каламици и Платаници тогаш сигурно нема да сакаш да одиш во Хрватска на одмор. Тие исто така се наоѓаат во борова шума, но песокот е сахарски од бели ситни мазни камчиња. Морето чисто и тиркизно плаво. На плажите има плави знамиња, а тоа значи дека во радиус од 150км нема ниту едно пристанитше и индустриски погон, дека воздухот, почвата и водата во морето е со најниско ниво на загаденост. Е за мене тоа е репер за добра плажа.
За цените...Во Сарти во Септември е сеуште сезона, но е релативно растеретено од гужва и климата е поумерена (не е пеколно жешко), цените се пониски одошто во Август. Пристојно уреден апартман со две двокреветни соби, кујна, тоалет, тераса, клима, фрижидер, решо, ТВ во прв ред и со поглед кон море чини 40-45 евра од ден. Имаш супер-маркет во кој цените се малтене ко кај нас, пекари во кои производите се дупло поскапи од кај нас а 100 пати поквалитетни и повкусни, ефтини ресторани каде двајца можат квалитетно и пристојно да ручаат (чорба, морска храна/риба, салата и пијалок) за 30 до 50 евра, фастфуди каде гирото е повксуно и поефтино одошто кај нас.
Ако одиме на најубав пејсаж, амбиент, природа и плажа, тогаш без конкуренција тоа е нудистичкиот дел на кампот Платаници. Мислам дека и класниот го множи мислењето за Платаници со мене.