Во Охрид, на пристаниште, во ресторан „Чун“, кое според клиентелата изгледаше на едно од поскапите места кај што можеш да седнеш и да јадеш, цените беа прилично ефтини.
Како за пример:
- Предјадење печен компир со сирење беше 120 денари, и само јадејќи го тоа се прејадов.
- Туна салата, со буквално цела конзерва туна внатре, некој кул сос и веројатно 3 патлиџани исечени како гарнир, 200 денари. Другар ми се прејаде од тоа.
- Плескавица шарска - во менито наведена како 200 грамска, исто 200 денари. После ова едвај дишевме, зошто стварно обилни се порциите.
- Пиење - узо 80, Александрија бела шишенце 140, и така натаму.
Според мене, цениве се ефтини, а местото беше прекрасно.
Изгледа сите јадете во Гранит па соодветно на тоа и цените грешно сте ги интерпретирале.