Новиот модел на „Хонда НСХ“, што пред само неколку дена беше „фатен“ на Нирбургринг, неславно ја заврши својата тест епизода на славната германска патека за болиди.
Хибридната „ѕверка“ на „Хонда“, најавена за 2015 година, еден од круговите заврши во пламен и со голема штета.
Според досега достапните информации, во инцидентот нема повредени.
Под хаубата на „Хонда НСХ“ се наоѓа бензински мотор, што е надолжно поставен, а на кој му помага еден електромотор за задните тркала, како и два независни електромотора задолжени за предните тркала.
„Хонда“ оваа конфигурација ја нарече „Спорт Хибрид СХ-АВД“ (Super Handling All-Wheel Drive) и верува дeка со комбинирани сили на бензин и електрчна енергија ќе испорачува над 400 бхп.
http://a1on.mk/wordpress/archives/364845