Автор Тема: Интересни понуди на користени возила.  (Прочитано 4026153 пати)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14229
  • Пудингот на шоферството
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28425 на: 30 Октомври 2024, 18:49:55 pm »
Не релативизирам туку кажувам како што е.
Има луѓе шо штедат од шо немаат,а има и посебна категорија на штедачи кои имаат ама штедат.

Е сега оној шо нема доволно средства да одржува старо возило прописно по за некој параметрите со премиум гуми,премиум кочници,некој сака да му се продаде ново возило.
Или па нека се изгласа закон да не смеат таквите да имаат возило.Нека се возат со ЈСП.

Ама па и ЈСП немаат доволно автобуси,а и тие шо се се технички не исправни.Па кај и да е ќе се лупни тендер за набавка на нови,цела држава ќе плаќа данок,за во Скопје да се возат нови автобуси,пошо во другите градови нема потреба.🤣
Сиромаштијата е опасна за богатите.
 
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7055
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28426 на: 30 Октомври 2024, 19:07:16 pm »
Мислам дека мерката е одлична и наместо нови кршеви со 0.9 мотори че си возиме премиум и супер премиум возила со мал број километри и постари од 10-15 години. Ќе Има доста заштеда при купување на ваквите возила:

https://m.mobile.de/auto/search.html?dam=false&fr=2006%3A2012&ml=%3A125000&od=down&ref=srpHead&refId=90c1a173-229f-c2ba-1e97-eaacce2a9bb4&s=Car&sb=p&vc=Car




https://m.mobile.de/auto/search.html?dam=false&fr=2006%3A2012&ml=%3A125000&od=down&p=15000%3A25000&ref=dsp&s=Car&sb=p&vc=Car

Изгледа новиот ни премиер е љубител на серијалот:


« Последно менување: 30 Октомври 2024, 19:29:09 pm AUUU »

Присутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1655
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28427 на: 30 Октомври 2024, 19:30:03 pm »
Не релативизирам туку кажувам како што е.
Има луѓе шо штедат од шо немаат,а има и посебна категорија на штедачи кои имаат ама штедат.

Е сега оној шо нема доволно средства да одржува старо возило прописно по за некој параметрите со премиум гуми,премиум кочници,некој сака да му се продаде ново возило.
Или па нека се изгласа закон да не смеат таквите да имаат возило.Нека се возат со ЈСП.

Ама па и ЈСП немаат доволно автобуси,а и тие шо се се технички не исправни.Па кај и да е ќе се лупни тендер за набавка на нови,цела држава ќе плаќа данок,за во Скопје да се возат нови автобуси,пошо во другите градови нема потреба.🤣
Сиромаштијата е опасна за богатите.
 


Ништо не мора да е премиум. Доволно е да е технички исправно и навремено сервисирано.

Отсутен shelby

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 19
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28428 на: 30 Октомври 2024, 19:57:10 pm »
Малку оф-топик, ама читав некои онлајн дискусии дека и во Грчка колите се многу стари заради високи давачки. Статистички кај нив се 17 години стари.

Какви се давачките кај нив во споредба со кај нас, знае ли некој?

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14229
  • Пудингот на шоферството
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28429 на: 30 Октомври 2024, 20:16:56 pm »
@Bravo  Тоа и јас се согласувам дека треба да биди така.Но да се дојде до тоа треба полицијата и техничките прегледи да си ја работат својата работа попосветено и законот да важи за сите подеднакво.
Тогаш кога ради некој дефект нема да му ја поминат на технички или ќе биде исклучен од сообраќај,ќе мора да ја направи.
Трактори сеуште се возат не осветлени.Кој треба тоа да го санкционира?Јас?Ти?
Полицијата.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Присутен Tomce

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 565
    • ibiz.mk
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28430 на: 30 Октомври 2024, 20:30:30 pm »
Бев еден џип да гледам, 98ма
Искрено шасијата беше швајцарски кашкавал(оној џери што се крие од том)
Немаше место без дупка/рѓа

И што е најстрашно регистриран пред месец дена.
 Кој нема шанси да го довезам а да не се распадне

Се треба да се подобри за да се подигне стандард


Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5453
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28431 на: 30 Октомври 2024, 20:34:12 pm »
Кај нас скренаа со цените за џиповите, за вакво срање можи да ти речи 4000 евра, знам шо имам.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5453
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28432 на: 30 Октомври 2024, 20:34:57 pm »
.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2153
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28433 на: 30 Октомври 2024, 20:45:19 pm »
Страшна слика... добро со кој ум би го возел ова некој. Јас во ваков паркиран не би влегол.

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1872
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28434 на: 30 Октомври 2024, 20:51:52 pm »
Бев еден џип да гледам, 98ма
Искрено шасијата беше швајцарски кашкавал(оној џери што се крие од том)
Немаше место без дупка/рѓа

И што е најстрашно регистриран пред месец дена.
 Кој нема шанси да го довезам а да не се распадне

Се треба да се подобри за да се подигне стандард

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
пајеро ли е?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28435 на: 30 Октомври 2024, 20:52:22 pm »
Секако дека треба да зборуваме за ганц нови коли. Или што е можно поблиску до нови. Не повеќе од 3 години стари, да речеме. Поентата е да се обнови возниот парк, не да се зголеми со подеднакво-утепан крш или да се замени со нијанса понов крш.

Плус, сето тоа треба да биде поддржано и со финансиски институции. Подобри услови за кредитирање на нови возила. Уште подобри услови за кредитирање на нови почисти возила (хибриди, ПХЕВ, електрични). Па посебни услови за правни лица со цела флота на возила, итн, итн.

Повторно ќе напоменам, просечната старост на возилата во Македонија е 20 години. Замислете како изгледа 20 години старо возило. Е сега замислете дека половината (хиперболизирам, секако) се постари од тоа.

Не постојат веќе нови возила. Тоа време помина. Толку беше. Таква мерка за нови ништо нема да придонесе зошот продажбата на такви е микронска. Од друга страна еуро 4-5-6 да има помали давачки би натерало некој за да купи поново А4, наместо постара А6. Или да земе понова бмњ 5, наместо постара бмњ 7. Така да тоа е целта на ова. Инаку - ДА, не требало можеби за сите еуро да е исто 4-5-6, туку за еуро 4 да се 15, за еуро 5 да е 10, и за еуро 6 да е 5%. Затоа што уште повеќе би се стимулирала продабата на скоро нови возила од 5-6 години стари - што е и единствен РЕАЛЕН потег.

Секако дека постојат нови возила. Само се станати скапи, а давачките ги прават уште поскапи. Замисли да се цените на нови возила грубо околу 30% пониски. Голф место 30.000 да е 21.000 Евра. Дастер место 19.000 да е 14.000 Евра. Итн.
Кога веќе замислувам ќе замислам дека фиат 500 абарт е 11500еур и А6 авант 3.0тди типтроник е 27500.

Уствари ич не ми е тешко ова да го замислам. Дури нормално ми е.

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1872
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28436 на: 30 Октомври 2024, 20:57:13 pm »
 ;D

Присутен Tomce

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 565
    • ibiz.mk
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28437 на: 30 Октомври 2024, 21:01:28 pm »
Кај нас скренаа со цените за џиповите, за вакво срање можи да ти речи 4000 евра, знам шо имам.

Блиску си 5000му бараше
Али на телефон не наведе ништо ајде разбирливо нешто рѓа али кога видоввв
Само пат куманово тетово

@Jimny да пајеро 2

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1872
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28438 на: 30 Октомври 2024, 21:28:39 pm »
Претпоставив, непостои зачуван примерок на пајеро бидејки се увезени скоро сите катастрофа од корозијата во тетово имаш од пух па до хеликоптер :D да најдеш кога е во прашање теренец знај дека 90% од џиповите во тетово  маста им е извадена, со другар бевме да гледа чироки 2 пати превртуван на офф роуад :D  според мене што подалеку од тетово и теренц купување.

Има еден мн добар патрол со 7 седишта црн на реклама види го

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13832
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28439 на: 31 Октомври 2024, 07:50:29 am »
Мислам сме единствената земја во регионот која не нуди субвенции за купување на електрични возила.

Случајно разговарав со еден функционер во ЕЛЕМ на темата и причината била едноставна. Наводно, ако се увезеле многу електрични возила, тоа биле големи потрошачи, а нашиот систем физички не можел да постигне и ќе колабирал. Увезуваме јаглен од Грција за РЕК Битола, мазутот е скап за Неготино, итн.

На темата нови/понови возила и увоз, Македончето ќе увезе 2 коли за дома, понови, ќе скрпи кредит, ама старата кола не ја фрла во отпад.

Убаво кажа класниот. Имаш кола постара од 2010? Еве ти 3000 евра од државата, да биде ставена на преса и со тој ваучер купи си Опел Корса ама од 2016, притоа Корсата да ги задоволи сите стандарди на издувни гасови (не само CO2) и да биде навистина технички исправна. Да си има правилнил како во Англија да речеме и си одиш по список што е како е на возилото и со препорака или "паѓаш".
Тоа да е јавно достапно, исто како во Англија, преку регистарска табличка.

Има начини како сѐ да се подобри, ама корупцијата ни ја плачи мајката. Сеа ова го прават заради локалните избори да се ќари уште некоја општина плус.