Автор Тема: Андроид Апликации и Телефони  (Прочитано 1060252 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54860
  • Махер
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #8445 на: 05 Јануари 2024, 09:24:42 am »
Создравје да се користи, со батерија како сте задоволни од S23 ка та?
Само треба да упалиш Light Performance како што сме кажале многу пати, и батеријата е одлична.

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1489
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #8446 на: 20 Јануари 2024, 11:05:04 am »
https://youtu.be/oqjWnA7J0f0?si=PVmqchTan29t6qcc

Често пати дебатирано насекаде iPhone vs Android (Samsung). Одлично срочено видео, со сите мани на ајфон, корекција каде вика дека не се регулира јачината на Torch (уште од С6 ако добро се сеќавам има 5 нивоа на јачина)

Би додал во делот од ненадминливи недостатоци: неможност да се додаде константен ред со бројки на тастатурата и мали интерпункциски знаци до кои се пристапува со long press, лош фајл менаџмент и фајл систем, неможност да го поврзеш со пц без ајтјунс и да си го користиш како УСБ драјв.

За Јутјуб Вансд, Ривансд и слично да не зборуваме :)

Sent from my SM-S908E using Tapatalk


Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 181
  • The best or nothing.
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #8447 на: 20 Јануари 2024, 12:05:56 pm »
Не можност да смениш телефон, бидејќи има софтверска поддршка 5+ години. Или што би рекол вујко ми, ( премина од шаоми на ајфон 8 ), ајфон е мерцедес меѓу телефоните.  :)

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4097
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #8448 на: 20 Јануари 2024, 12:09:58 pm »
Убави цена има за Самсунг С24 фамилијата во преднарачка. Конкретно гледам С24 ултра, 51 еур е месечно на 24 месеци, само уред. Плаќаш као за 256 GB, а добиваш телефон со 512 GB простор. Плус ако вратиш стар телефон ти даваат 150 еур на сметка + цената на стариот телефон. Ми личи како добар дил за таков телефон. Претходно бев за (за сопругата) Pixel 8 Pro со 256 GB, кој во моментов е 48 еур месечно на 24 месеци.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54860
  • Махер
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #8449 на: 20 Јануари 2024, 12:56:33 pm »
Убави цена има за Самсунг С24 фамилијата во преднарачка. Конкретно гледам С24 ултра, 51 еур е месечно на 24 месеци, само уред. Плаќаш као за 256 GB, а добиваш телефон со 512 GB простор. Плус ако вратиш стар телефон ти даваат 150 еур на сметка + цената на стариот телефон. Ми личи како добар дил за таков телефон. Претходно бев за (за сопругата) Pixel 8 Pro со 256 GB, кој во моментов е 48 еур месечно на 24 месеци.
Пази само на 24/24+ да не случајно е Exynos верзија. Кај S24У нема Exynos и слободно може да се зима без проеврки.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5744
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #8450 на: 28 Март 2024, 18:26:15 pm »
Некој да има расипан самсунг C3520,ми треба звушникот за полифони,може и од некој друг се фаќа.
Дедоми е навикнат на "лепотано" и цела Струмица мобиларите денес ги поминав ама безуспешно 😏

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk


Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 181
  • The best or nothing.
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #8451 на: 28 Март 2024, 19:00:44 pm »
Купи му сличен ваков (на преклоп) од ледиком. Да се фали пред коперација со нов телефон.  ;D

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5744
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #8452 на: 28 Март 2024, 20:15:11 pm »
Овој го сака 😁

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk


Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 181
  • The best or nothing.
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #8453 на: 17 Април 2024, 22:59:05 pm »
Дали е потребно "кодирање" на телефон од Германија?
Сакам да порачам по роднина, пихел 7а, 350евра е на акција, само се двоумам да не има некакви проблеми со мрежи или со наши картички. (имав проблем со телефон од Швајцарија)  :)

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3547
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #8454 на: 17 Април 2024, 23:13:15 pm »
Дали е потребно "кодирање" на телефон од Германија?
Сакам да порачам по роднина, пихел 7а, 350евра е на акција, само се двоумам да не има некакви проблеми со мрежи или со наши картички. (имав проблем со телефон од Швајцарија)  :)
Не би требало, а и да има декодирање 1000 ка е

Sent from my SM-A546B using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20611
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #8455 на: 17 Април 2024, 23:30:39 pm »
У принцип телефоните у Германија не се заклучени на оператор, па да им треба декодирање од било каков тип. Нормални (најчесто нано) сим картици си користат.

Пиксел 7 е добар телефон, у моментов у Сатурн е 389 евра.

Јас имам 6а, имав 4а што ми се сокрши, па си го оправив сам, жена ми уште си тера со 4а.

Добри телефони се Пикселите, би ги препорачал можда и пред Самсунг за Андроид телефон.

The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4097
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #8456 на: 18 Април 2024, 08:33:53 am »
До сега во Германија сум имал 2 телефони со пост пејд тарифа, еве веќе и трет, немало потреба од декодирање. Додуша сите биле со 2 сим картички, а такви телефони нема поента да се заклучуваат. Мислам дека и пикселот е со 2.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20611
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #8457 на: 18 Април 2024, 09:28:30 am »
Со 2, ама една физичка, една е-СИМ, нема место за две картички да внесеш.

Барем на овие два модели што ги спомнав погоре.

Јас лично, не сум фан на 2 сим картички :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4097
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #8458 на: 18 Април 2024, 13:30:34 pm »
Мене па ептен ми брка работа телефон со 2 сим картички, пошто една ми е приватна, другата службена, па сега правам обид да ги спојам во 1. Едниот слот ќе ми остане слободен кога ќе идам за МК да си ставам картичка таму. Практично е со 2, мада мислам дека и у денешно време сите ги прават со 2, не сум сретнал само со 1.