Хамилтон се жалеше како Фетел во Сингапур имал подобар излез од свиок од него и дека тоа најверојатно е поради некоја форма на контрола на тракцијата. Во меѓувреме се шпекулираше дека мапирањето на моторот на Рено е направено за преку исклучување на пола од цилиндрите да овозможи сличен ефект, а и дека Редбул го користат KERS системот за да ја испеглаат силата на моторот при излез од свиоци.
На денешната трка, Зауберот на Хулк, го изрезили Мерцедесот на Хамилтон, при излезот од свиоци. Ова особено беше очигледно на свиоците пред двете DRS зони, што му овозможи да ја одбрани позицијата. Заубер ниту вози мотор од Рено, ни го има дифузерот на Редбул, па постигнува сличен ефект.
Ако користат такво нешто, а тоа не е забрането треба да претпоставиме дека и останатите го користат во некоја форма, а ако не тогаш би требало да го разгледаат како можност за развој. Овие работи ќе бидат уште поважни догодина, кога ќе има многу помоќен KERS систем.