Автор Тема: Проблем со парно AUDI A4 TDI  (Прочитано 6492 пати)

Отсутен BorceBt

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 48
Проблем со парно AUDI A4 TDI
« на: 12 Јануари 2013, 01:00:26 am »
Прво да ве поздравам сите на форумов бидејќи сум нов:

Еве за што се работи

Пред некое време купив AUDI A4 TDI 90 КС 1996г Климатроник
Вентилаторот за парно некогаш вклучува и работи нормално се регулира брзината а некогаш не вклучува а на климатроникот има индикација дека е вклучен се нормално како да врти можиш да зголемуваш вртежи и др.ама тоа само на Дисплеј,некогаш кога е уклучен а неработи сам ќе се вклучи и продолжува нормално да работи.
Втора работа кога дува и кога е моторот нормално загреан и температурата на климатроникот е наместена да дува топло и ако вентилаторот врти нормално дува малку топол воздух (млако околу 20-30 степени а не жешко како што треба) инаку се слуша звук дека клапната се движи за регулирање на топло ладно,останатите клапни работат за насочување на воздухот.
па би замолил некој да ме упати во решавање на проблемите.

поздрав и секое добро

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Проблем со парно AUDI A4 TDI
« Одговори #1 на: 12 Јануари 2013, 01:25:48 am »
За температурата моментално ми текнува на две можни причини:
1. Термостатот има намалена функционалност (дали колата загрева на константна температута или варира темп.?)
2. Радијаторчето кое ја догрева водата за парно е запушено.
Во вториов случај, било кој да ти предложи да ставиш средство за прочистување на разладен систем, не го слушај - 300 нови проблеми ќе си отвориш со оглед на староста на колата.

Отсутен BorceBt

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 48
Одг: Проблем со парно AUDI A4 TDI
« Одговори #2 на: 12 Јануари 2013, 01:46:59 am »
колата загрева нормално но пак дува млако,и јас се сложувам со тебе за средства за чистење еден пријател ми рече дека наводно некоја клапна не доотворала,за вентилаторот би сакал да го извадам да го видам во каква состојба е но не знаам ни каде се наохја ни како да стигнам до него ако некој знае нека објасни со слики или видео или онака нека напише.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Проблем со парно AUDI A4 TDI
« Одговори #3 на: 12 Јануари 2013, 02:02:16 am »
http://www.audifans.net/ftopict-19639.html

Проблемов очигледно е честа појава кај Ауди од таа генерација.
Ако разбираш англиски, лесно ќе се снајдеш зошто веќе во третиот пост е решението.
Всушност четкиците на самиот вентилатор се потрошени, и членот кој бараше решение проблемот го решил со тоа што ги истегнал федерчињата на четкиците за да имаат подобар контакт. Решение секако се нови, но доволно е мислам и тоа.

Во случај да не се снајдеш со англискиот, самиот вентилатор се наоѓа позади касетата (или оставата), ја отштрафуваш и би требало да е веднаш тука.

Поздрав, и доколку се нафаќаш, сликај чекор по чекор и направи туторијалче кое можеби би помогнало и на други.

Отсутен BorceBt

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 48
Одг: Проблем со парно AUDI A4 TDI
« Одговори #4 на: 12 Јануари 2013, 18:03:26 pm »
Sega nekoj den koga kje bidam sloboden kje probam i kje slikam se po red ako uspeam kje go postiram kako malo tutorijalche.

Za vtoriot problem sto duva mlako a ne zhesko ako nekoj ima nekoe iskustvo so toa neka pomogne.
Denes bash razgovarav so eden prijatel i mi reche mozhebi klapnata za laden zhezhok vozduh ne otvara dovolno pa dali nekoj mozhe da mi pomogne kako da stignam do nea kade tochno se naogja.
« Последно менување: 14 Јануари 2013, 19:27:52 pm BorceBt »

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Проблем со парно AUDI A4 TDI
« Одговори #5 на: 16 Јануари 2013, 16:55:43 pm »
http://www.audiforums.com/forum/audi-a4-8/problem-a4-heater-coolant-system-161386/page2/

Кај овие членови со ист проблем на температура на воздух, радијаторот кој ја догрева водата или heater matrix бил проблемот. Како што сфатив, се наоѓа позади командите за парното. Дали успеа да забележиш нешто слично на радијаторче кога го вадеше вентилаторот?

Клапната што ти ја кажал пријателот се наоѓа исто позади командите за парно.
Најверојатно те чека расклопување.

Отсутен BorceBt

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 48
Одг: Проблем со парно AUDI A4 TDI
« Одговори #6 на: 16 Јануари 2013, 19:02:15 pm »
Вентилаторот го извадив четкиците беа истрошени ги заменав четкиците и го вратив,од местото каде е вентилаторот не се гледа радиаторот од парното  се гледа само механизмот и серво моторот што ја врти клапната за ладно топло таа клапна работи т.е. серво механизмот работи лостот оди напред назад па би требало и клапната да се движи течноста од системот за ладење кружи и низ радиатор и влезното и излезното црево се топли скоро колку и другите црева што одат кај ладњјакот не знам што би можело да биде ова,ова Heater matrix не ми е познато  во радиаторот има греач кој ја догрева течноста или погрешно разбрав

Марти ај малку подетално објасними за ова ако имаш сознанија

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Проблем со парно AUDI A4 TDI
« Одговори #7 на: 16 Јануари 2013, 19:26:17 pm »
Имав ист проблем со Лагуна '94.
Heater matrix е додатно радијаторче што кај мене се наоѓаше во самата маска, позади касетата.
Служи за да ја догрева водата од разладниот систем на моторот и со тоа да обезбедува греење во кабината.
Од линкот што погоре го постирав, разбрав дека кај Ауди А4 се наоѓа позади самите контроли за парно/радио, или барем откако ќе ги извадиш тие, би можел да го видиш.

Изгледа вака:


Повели и линк како да ја изведеш замената, но за жал туторијалот не работи, па ако не те мрзи зачлени се на форумот и прашај го човекот што постирал да ти го прати на имејл.

http://www.vwaudiforum.co.uk/forum/showthread.php?87099-Replace-the-heater-matrix-the-easy-way

Отсутен stig

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 933
Одг: Проблем со парно AUDI A4 TDI
« Одговори #8 на: 16 Јануари 2013, 23:21:32 pm »
За да ја извршиш таа операција ќе треба цел ентериер да го растуриш, не баш цел ама предната маска. За да не растураш се ќе ги откачиш двете црева од казанчето на сликата одма до акумулаторот се, ќе им ставиш едно црево под притисок прво во едниот отвор после во другиот и така  неколку пати потоа ќе го ставиш влезното црево ќе го стартуваш моторот и кога ќе почне да протекува антифриз ќе го ставиш и другото, тоа се прави за да излезе воздухот од системот. Послем ова треба да имаш парно ако го изгуби пак повторија процедурата.

Отсутен BorceBt

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 48
Одг: Проблем со парно AUDI A4 TDI
« Одговори #9 на: 16 Јануари 2013, 23:50:17 pm »
Сега деновиве ќе пробам да го прочистам радијаторот по таа постапка да видам што ќе биде дали ќе добијам парно
во секој случај благодарам за помошта

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Проблем со парно AUDI A4 TDI
« Одговори #10 на: 17 Јануари 2013, 00:19:51 am »
Туторијалот што го ставив јас вика дека единствено што треба да демонтираш е педалата за кумплунг (тоа за коли со десен волан), а за нашиве со лев, ваљда таа за гас.
Арно ама го нема туторијалот.

Едит: туторијалот на линкот погоре е додаден пак на третата страна од темата.

Отсутен google

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2396
Одг: Проблем со парно AUDI A4 TDI
« Одговори #11 на: 17 Јануари 2013, 11:11:34 am »
de be martin, kakva pedala za gas...seto toa e od drugata strana...nisto ne treba da se demontira, t.e najubavo e da se izvadi fiokata i tepisonceto...


ama cekaj be sto zborite vie...cekaj, cekaj, proveri go motorceto za klapnata toplo/ladno!!! toa nnajubavo bi se napravilo so VAG

Отсутен BorceBt

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 48
Одг: Проблем со парно AUDI A4 TDI
« Одговори #12 на: 17 Јануари 2013, 17:54:18 pm »
Google Пријателе помогни ако можеш.

Еве на кратко за што се работи

Колата ја купив пред некое време, па по некое време вентилаторот за парно те се вклучуваше те не се вклучува го отворив и ги заменав четкиците беја истрошени и мислам дека со тоа тој проблем го решив   но се појави и друг проблем,вентилаторот и ако колата е загреана дува млако не многу топло како кај другите коли и во прво време се посомневав на клапната за ладно жешко ја видов и неа т.е серво моторот и полугата што ја движи клапната,серво моторот и полугата реагираат и се движат од еден крај до друг па аналогно на тоа мислам дека и клапната се движи, но пак исто дува малку топло сега не знам што друго преостанива да се види,водата од разладниот систем кружи низ радиаторот двете црева кои се приклучени на радиатор се топли,

Што мислите вие за кој е следен чекор
Што значи тоа VAG
Ако имате некое искуство со ваков проблем ве молам помогнете

Поздрав и секое добро

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Проблем со парно AUDI A4 TDI
« Одговори #13 на: 17 Јануари 2013, 20:11:54 pm »
Мисли на VAG-COM, односно VCDS. Софтвер што се користи за дијагностика на VW/Audi/Skoda/Seat итн..

Отсутен BorceBt

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 48
Одг: Проблем со парно AUDI A4 TDI
« Одговори #14 на: 17 Јануари 2013, 23:20:30 pm »
Јас сум од Битола дали можеби знаете тука дали има некој сервис што прави таква дијагностика