Автор Тема: Манифестација на намалена ефикасност на дизни, сервисирање и репарација  (Прочитано 15347 пати)

Отсутен nestor04

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7228
  • Шо да пишам тука?🤔
Дизните ги тестираа на Hartridge машина која чини околу 100 илјади евра. Мислам дека само Роберт во Тетово (со милион негативни искуства од муштерии) има такви скапи машини, Влатко во Кавадарци се нафаќа, но и за него има милион негативни искуства, па дури и на форумов од @StefanMK на иста астра 1.7 цдти. Исто така за да репарира дизни од Denso треба да има скапа опрема која најчесто кај нас ја нема бидејќи пазарот е мал и нема исплатливост.

Проучено ми е добро нештово, зошто и јас не сакам компликации, колата е во Македонија, па по автобус праќам дизни, по автобус ми ги враќаат, па пари преку SEPA се праќаат и слично.
« Последно менување: денес во 19:36:50 nestor04 »

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3079
Дизните ги тестираа на Hartridge машина која чини околу 100 илјади евра. Мислам дека само Роберт во Тетово (со милион негативни искуства од муштерии, исто така има пример од Стефан на форумов со иста астра 1.7цдти) има такви скапи машини. Исто така за да репарира дизни од Denso треба да има скапа опрема која најчесто кај нас ја нема бидејќи пазарот е мал и нема исплатливост.

Проучено ми е добро нештово, зошто и јас не сакам компликации, колата е во Македонија, па по автобус праќам дизни, по автобус ми ги враќаат, па пари преку SEPA се праќаат и слично.

Може да пуштиш линк од темата или мислењето чисто ме интересира што се случило?

Отсутен nestor04

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7228
  • Шо да пишам тука?🤔
Сум го помешал мајсторот. Инаку имам читано и за Роберт од Тетово лоши муабети, не сакам повеќе да експериментирам со мајстори кај кои немам доверба (само во двајца имам доверба и би им ја оставил колата, би си заминал да си работат раат и би се вратил да платам, кај едниот фамилијарно сервисираме коли по 10 години, веќе и другарите го научија и одат таму, еден лош муабет нема во градот за него, а другиот е тој што ми го сервисираше Лексусот, за Астрата два пати не ми наплати (приватни причини) и работи со килограмски клуч).
Еве сакам да ја споделам мојата голгота што ја поминав цела недела во Кавадарци, луѓе внимавајте на овие манипулатори и преваранти

Многу големо негативно искуство со МБ Бош Кавадарци.

Возилото беше исправно и го однесов во МБ Бош Кавадарци исклучиво поради репарација на дизните. По нивната интервенција започнаа сериозни проблеми со возилото кои претходно не постоеја.

По репарацијата на дизните, возилото влезе во limp/safe mode, поради што имав дополнителни трошоци и непријатности при враќањето од Кавадарци во Прилеп. Дополнително, се појавија и дијагностичките кодови P060E и P037E (Glow Plug Control Module Feedback Circuit Low).
За репарацијата ми беа наплатени 21.500 денари. Потоа ми беше побарано да платам дополнителни средства за замена на клапната, за која ми беше кажано дека била оштетена при демонтажата и монтажата на инјекторите. (Со што несакаа да превземат никаква одговорност).
На работниот налог беа наведени сензори кои требаше да бидат исчистени, но тоа, според моето искуство, не беше направено.

Во текот на престојот во сервисот, комуникацијата со Влатко беше крајно непријатна. Тој ѝ се обраќаше на мојата сопруга со висок тон, а во еден момент дојде и до закана со физичка пресметка врз мене. За мене, ваквото однесување е целосно неприфатливо кон клиент.

Петар, во телефонските разговори, ме уверуваше дека автомобилот е среден и дека сè што било наведено на работниот налог е сработено. Сепак, откако по третпат се јавив за да добијам одговор и дополнително објаснување, повеќе не ми се јавуваше.

Откако ја донесов колата дома, направив сопствена визуелна инспекција и забележав дека еден од конекторите на самиот грејач воопшто не бил приклучен.
Исто така, забележав дека целиот моторен простор бил испрскан со вода, по што на dashboard-от почнаа да се појавуваат повеќе сериозни предупредувања и грешки, меѓу кои Check Engine, Service Vehicle Soon и Engine Power is reduced. Кога реагирав за ова, Влатко ме убедуваше дека јас таква кола сум им ја донел.

Колата ја однесов исправна, исклучиво за репарација на дизните, а по преземањето започнаа сите овие проблеми.
21.500 денари платени, дополнителни трошоци и непријатности, проблеми што се појавија по интервенцијата и крајно непрофесионален однос кон клиентот.

Ова е мое лично искуство со сервисот и, врз основа на него, МБ Бош Кавадарци не би го препорачал.


Патем, го изменив оригиналниот пост, да не се збуни некој, моја грешка.
« Последно менување: денес во 19:35:55 nestor04 »