Автор Тема: Правила кај вас во кола?  (Прочитано 23013 пати)

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8093
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Правила кај вас во кола?
« Одговори #15 на: 28 Декември 2012, 17:21:01 pm »
Нема пушење во мојата кола исправен, само наведнат-А  ;D

Ај озбилно, стварно ме нервира:

Не ни барај да пушиш кај мене во кола. Ако си пушач, јас не сум, ти не си повеќе од мене, посебно не во мојата кола. Има ли некоја поента да се изнадуваш пред да влезеш во мојата кола од страв дека попат ќе умреш за цигара??? Мало морген, издиши 2 минути надвор после ќе влезеш. На крајот на краиштата најмногу ме нервира што луѓето немаат почит, ќе те натераат да му преречеш та раат  :-X

Деца седат на седиште како што се седи - ова тешко оди или кратко трае...
Не се децата криви, родителите се стока!

Вратите обавезно затворени при верглање.
Поарно лупни ЗА НИЈАНСА појако и затвори одколку два пати да ми премаваш врата!

Со снег или кал може во умерени количини и внимателно, мислам со почит, ке исчистам после ама не можам и таванот  ;D

Најважно!!!
На седиштата седат луѓе, забрането е ставање/товарање ова она освен ако не е перфектно и безбедно спакувано во мека амбалажа што на ниеден начин нема да му наштети на итаљанското фино седиште  ;)
Ако е гардероба во кесе, може на седиште, а пазарлакот од маркет иако е во кесе не може да се стави на седиште!!! Ни мојот пазарлак!!!

И нема смисла некој да ми се чепка на потпирачот за рака  :D

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2661
  • Слобода или смрт
Одг: Правила кај вас во кола?
« Одговори #16 на: 28 Декември 2012, 17:27:56 pm »
Во темава како Монк да пишува... ја читам и среќен сум што јас немам вакви правила како сите овде..

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8093
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Правила кај вас во кола?
« Одговори #17 на: 28 Декември 2012, 17:34:26 pm »
Ако не земете соба некоја каде што вие само ке седите, зборувате, ке се возите итн итн...Изолирана, стерилна, недостапна за надворешен свет...
Па добро бре мајкуму, кола е...
Не е човек...

Точно е дека колата не треба да ти наликува на секлка кола за во нива, но да и се тресам на ствар која што мене треба да ми биде слуга, а не јас на неа, нопе...Нема шанса...

Пушење секаде ми смета, а не па во затворен простор...Ако не ми се пуши дома, нема да пушам во кола...
Тресење на чевли е сосема нормална работа, како што е и пред да влезеш дома, да ги забришеш и истресеш...
Храна, вода, зезање, пеење, тропкање по шалтабла и слични работи се дел од животот кој го прават да биде ЖИВОТ, не покоп...
Дај боже сите да си дочекате дечиња, најголема радост на некого што може да му се случи, па ако имате срце да го тепате детето ради некаква си глупава кола која не вреди ни илјадинка од животот на малото суштество, по мене не вреди да го губите времето на планетава...Да го воспитувате исправно и правилно да...На ниедно дете не можете да му завраните да си го стави рачето на замаглен прозор и да се залепи со носето на него ;) Па да нацрта ѕвездичка, да напише мама, тато...

Се слагам со поголемиот дел и дај боже да има моменти со ѕвездички и пишување на стакло, да биде живот, не пекол, многу убаво напишано... како и дека треба да се сложите дека децата може да прават ова она во колата на мама и тато, но треба да се има манири и почит спрема туѓите коли, некој сака поинаку, секако секој во својата кола.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8612
  • Пичлеме
Одг: Правила кај вас во кола?
« Одговори #18 на: 28 Декември 2012, 17:36:00 pm »
- Нема цигари во кола.
- Ако надвор има снег, тресеш кондури/чизми/патики пред да влезеш во кола.
- Ако надвор има кал, пред да влезеш кај мене во кола ќе најдеш место да си ги зачистиш кондурите/патиките/чизмите/штиклите.
- Нема пипкање прозори со прсти од внатре.
- Нема отварање прозор после перење.
- Во никој случај не смее лупање врата. Лупни ми еднаш врата, ќе добиеш опомена. Лупни втор пат, ќе те лупнам јас.
- Храна и пијалоци се дозволени, али со многу пазење.
- Не ми смета ако ми смениш музика.


Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8093
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Правила кај вас во кола?
« Одговори #19 на: 28 Декември 2012, 17:36:48 pm »
Во темава како Монк да пишува... ја читам и среќен сум што јас немам вакви правила како сите овде..
Се сложувам, многу поубаво си поминуваат тие што тасе не им чуе за шит :D

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54919
  • Махер
Одг: Правила кај вас во кола?
« Одговори #20 на: 28 Декември 2012, 17:50:36 pm »
Нема полошо од ишарани стакла со прст.

Како што мене ме научиле од мал, така ќе се научат и они.

Отсутен ZeroCool

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 84
Одг: Правила кај вас во кола?
« Одговори #21 на: 28 Декември 2012, 18:03:07 pm »
И кај мене ништо поразлично, горе-долу тие се правилата со мали измени:

- Нема цигари во кола ни под никој случај

- Ако надвор има снег, тресеш кондури, чизми

- Ако надвор има кал,  ќе најдеш место да си ги зачистиш чевлите.

- Нема пипкање прозори со прсти од внатре.

- Нема отварање прозор после перење.

- Не смее лупање врата, има само една опомена.

- Храна ако се пази максимално можеби, пијалок, кафе може.

- Строго забрането коментирање при возење од типот: пази, полека, побрзо тука требаше да свртиш, како возиш...една опомена има, втората надвор.

- Совозачот согласно титулата може доколку забалежи да предупреди  за камери или полициски коли.


Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7348
Одг: Правила кај вас во кола?
« Одговори #22 на: 28 Декември 2012, 18:18:18 pm »
- Пушење забранувам кога возам други, освен татко ми/
- Коментари за возењето (морам) да слушам само од татко ми
- ЦД плеерот го командувам јас, никој друг
- При светнување на црвената сијаличка за плин, мора да се дополни, макар и 2-300 денари

Отсутен Martin_GSM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 891
Одг: Правила кај вас во кола?
« Одговори #23 на: 28 Декември 2012, 18:18:55 pm »
одприлика и кај мене е така, цигари не ми сметаат, но ме нервира ако некој влези како стока со се кал и снег, врати лупање никако, и отварање прозор после миење, јадење в кола никако, пиење може но само ако не е алкохол, и ако си сумлив(имаш мара) ке си одиш пешки, не сакам да имам проблеми за на некој друг кефот.

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3989
  • MadaFunker
Одг: Правила кај вас во кола?
« Одговори #24 на: 28 Декември 2012, 18:20:51 pm »
одприлика и кај мене е така, цигари не ми сметаат, но ме нервира ако некој влези како стока со се кал и снег, врати лупање никако, и отварање прозор после миење, јадење в кола никако, пиење може но само ако не е алкохол, и ако си сумлив(имаш мара) ке си одиш пешки, не сакам да имам проблеми за на некој друг кефот.

Значи без жени во кола а?  ;D ;D ;D
New blood of old school

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7200
Одг: Правила кај вас во кола?
« Одговори #25 на: 28 Декември 2012, 18:28:00 pm »
-Прво и основно, нема пушење цигари во кола, под никакви околности, ако сакаш цркни, нема да запалиш
-Трескање врати, еднаш може да се случи на секој, втор пат ке добиеш сочен коментар.
-Не дирај команди за клима
-Никако не седнувај на возачкото седиште без претходно прашање.
-Нема влегување со нечисти алишта во кола.

На кал и снег сум навикнал ради фактот дека живеам на село, и не ми проблем да си ги исчистам колите, освен ако некој апла влегува со 2 кила кал.

Отсутен edonos

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3557
Одг: Правила кај вас во кола?
« Одговори #26 на: 28 Декември 2012, 18:37:39 pm »
-Нема пушење во кола,освен за татко ми на кого немам што да му правам.
-МРЗАМ трескање врата.
-МРЗАМ да ми кажуваат како да возам.
-Пред да влезат во кола мораат патиките или чизмите да се чисти да не ми прља внатре.
-Никако допирање на прозорите со прсти.
-Откако ја исперам колата нема спуштање џам.

Тоа е тоа.
People should not fear their government.The goverment should fear its people.

Отсутен Angel_1.3

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1472
  • VOLVO C30
Одг: Правила кај вас во кола?
« Одговори #27 на: 28 Декември 2012, 19:22:17 pm »
NAAAAAAAJ mnogu shto mrazam e koga ke mi tresnat vrata,auuuffff angelite mi se dignuvaat,i sekoj shto ke vlese vo kola,da ja zatvori vratatta mu kazuvam poleka zatvori vrata

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8093
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Правила кај вас во кола?
« Одговори #28 на: 28 Декември 2012, 20:03:29 pm »
Еден поранешен возач на автобус во антигона - Неготино одкако ги избркаа од работа си зема да вози такси со рено19 и кога требаше да слегуваме од таксито излегуваше и он и ни викаше - нека, вратите јас ќе ги затворам  :D

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Правила кај вас во кола?
« Одговори #29 на: 28 Декември 2012, 20:06:18 pm »
Околу пушењето во кола и јас сум против, ако се работи за понежниот пол да и се присака и давам понуда доколку не и смета воланот може да проба.