Ја имате глеано СРЕЌНИ КОЦКИ?
Замисли Спасе да ти ѕвони во својство на купец... Секој ден, брате, нов Спасе...
07:23 АМ
Ѕѕрррр.рррр...
Ја: Алоо (кома заспан)
Некој цреп: Алооо... алоо...
Ја: Кажи другар... (проверуваш сатот и не ти се верува дека некој не го фатил сон за југото)
Некој: Алоо... едно југо гледам се продава..?!
Јас: Да бе другар, шо те интересира ?
Тој: шо е, 55ка е???
Јас : - Да, другар
пишува таму!
Тој: - Мењачо , 5ттак?
Јас: Да, другар
пишува таму, 5 брзинец!
Тој... Аха... а исправно е?
Јас : - Да, другар
пишува таму, исправно, нова ламела-потисна!
Тој: аа регстрирано.. .нешто .... не е , а? Или е?? а
Јас: Не е,
пишува на то таму!
Тој: аа , нешто плин, дуц, нема нешто?? или на бензин е?
Јас: Нема плин, дечко,
пишува таму, на бензин е!
Тој: А која е цената???
Јас:
Пишува другар, 400!
Тој: аха... а која е последна цена вака
Јас: Ќе ти пуштам 2000, дојди да си го земиш...
Тој: Друго нешто, шо ќе кажиш?? (ами, арено еве, по дома....
)
веќе стануваш од кревет спремен за да падни зделка
Јас: Другар, пишува се на огласо шо имам за кажување, најубо ти да дојдиш да го видиш, да го пробаш, да пиеме по едно кафе и да си го пазариш ако ти е мерак!
Тој: Не , не сум сега за земање, прашувам само, па че видам денојве можда... ај пријатно друц..
И ти иди да убијаш некого!
И ај сеа?
Не , не е тука крај, утре пак друг ѕвони, бербат глас и пак таков муабет....