Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 1197495 пати)

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Е сеа мое е да кажам дека ретки се чесните мајстори што кога нешто советуваат советуваат за твое добро.

Јас имав скоро искуство со монтери на надворешна врата. На веќе извадена врата, изштемувана и помината со У врска, со забец, се под 90 степени, да дојдат и да ја утнат скроз само заради тоа што горниот агол малку му фати и го мрзеше да ја вади касата за да се иштемува, па на сила со чивија ја симна. Ти му рековме дај да средиме за 2 мин, он не јас си знам што правам и се повлековме, нели да не им се мешаш мајстори се.
Резултатот од тоа беше, што на едната страна друхтунгот фаќаше 2 мм а на другата 12 мм нешто што го проверивме со либела откако си отидоа.
Ја рекламиравме монтажата кај газдата, дојдоа следниот ден, монтерот убедуваше дека ќе „легнела“ после 2 години, мене ми скурчи и му реков, јас сакам сега да ми е како што треба а за 2 години кој знае што ќе се случи. Откако си отиде газдата, сам си призна дека ја утнал за малку.

Вакви примери имам милион ...

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
во право си и ти... но, има една битна разлика при избор на мајстори што во последниве неколку години се практикува...

терминот што ке го употребам е мислам нај соодветен: НАМЕТНАТИ МАЈСТОРИ... што се тоа наметнати мајстори? па ете, како во твојот случај, ти си купил врата од некоја фирма, и фирмата ти праќа мајстори по нивни избор, а не по твој и автоматски ке дојде некој што нит го знаеш нит го познаваш.. може да се погоди некој што буквално што и да пипне, фантазија му е изведбата, а може и некој ќутук... јас кога би го правел тоа, ете, врата да речеме, би се пазарел во фирматада купам врата без монтажа... и ке викнам некој за кој ке добијам добри препораки дека си ја знае работата...

исто е и со климите купени во техно маркет, нептун, бриколаж.... ја купуваш таму, ти наплаќаат и монтажа или те обврзуваат со монтажа од кај нив, заради задржување на гаранцијата, и после ке ти дојде некој што нит го знеш, нит го познаваш нити си чул за него (зборам за неговиот “мајсторлук“ а не за персоната и карактерот...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5345
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Тоа и е главна причина зошто најпатно е да се купуваат клими од фирми кои специфично го работат тоа, фриготехника. И имаат свој сервис и стручни сервисери и монтери (и име кое не сакаат да се валка).
Големите супермаркети за техника мењаат сервиси како стигнат, и најчесто такви што најмалку пари бараат (и соодветно квалитетна услуга даваат).

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг:
« Одговори #993 на: 31 Јули 2015, 11:37:10 am »
Јас кога слушам мајстор е 50/50 успехот. Кога е за нешто што немам појма ај и ќе го послушам. Иако ЗНАМ дека во 90% случаи мајсторот сака да си направи да му е најлесно, а не да изработи најдобро. Ова со гаранција.

Инаку за работи кои ги знам, имам бркано мајстори. Зимај си алатот и ајт. Па ќе се решаваме понатаму. Мајмунлаци колку ти душа сака. А се гледа дека скоро сите гледаат да си фатат полесно и ај толерирам. Ама кога апла сака да исфушерајува за да му е полесно, ластегарката во раце само. Јас разбирам да си олесни ама не и да мајмуносува.
« Последно менување: 31 Јули 2015, 13:48:49 pm Deni »

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Одг: Греење, ладење, климатизација и се оста&
« Одговори #994 на: 31 Јули 2015, 11:46:17 am »
@onak

Истото и ние им го рековме, дали може само да ја монтираме. Не можело заради гаранцијата. После тоа на газдата му реков откако се случи проблемот, еве ти предлог, ако некој муштерија кој смета дека е способен за тоа, дозволи му, а после монтажата прати твое стручно лице да провери, ако е ок дај гаранција ако сјебал не давај.

Проблемот е што повеќето мајстори се мајстори заради тоа што не можеле друго да работат па ајде тоа ќе пробам да видам. Основни работи не знаат, првото нешто што ќе го видат и тоа им е устав и закон за цел факинг живот.

А заработуваат добри пари. Јас заработувам 800 ден дневница, а тој сака со штрафцигер и клешта од алат да заработи 2000 ден за 8 саати а уз пат да направи штета од 4000 денари и да те убедува дека така треба.

Отсутен Lazarus

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 536
  • drive it like you stole it!
@onak,

Никој не се надеваше дека ќе излезе најлошото можно сценарио. Мислам дека сите се измалтретиравме, а немавме успех. Сакавме побрзо да се заврши работата, и затоа се одлучивме за проверка на лице место сметајќи дека единиците се исправни.
Како и да е би сакал да ти се заблагодарам за брзиот одговор и икачање на терен за толку краток период, и секако за стручноста!
Поздрав.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Погоре викаш слушајте ги мајсторите. А подоле дека наметнати биле и нечинеле.
многу е лошо кога ке извлечеш делче од два различни постови и ке ги споиш... немој да ме правиш будала мене притоа селективно вадејки фрази од мои текстови... врати се и прочитај уште еднаш, а не да претрчаш преку него, кај што пишува дека во првиот текст и во вториот нспоменувам ЛИЧЕН ИЗБОР НА ДОБАР МАЈСТОР, ПРЕПОРАКИ ОД ДРУГИ, ИСКУСТВО и тн... потоа зборам за слушање на препораките од тие мајстори... па тек тогаш зборам за НАМЕТНАТИТЕ мајстори за кои појма немаш каков е нивниот мајсторлук...

што тука не е јасно и која е твојата потреба да ме презентираш како идиот кој незнае што зборува
@onak,

Никој не се надеваше дека ќе излезе најлошото можно сценарио. Мислам дека сите се измалтретиравме, а немавме успех. Сакавме побрзо да се заврши работата, и затоа се одлучивме за проверка на лице место сметајќи дека единиците се исправни.
Како и да е би сакал да ти се заблагодарам за брзиот одговор и икачање на терен за толку краток период, и секако за стручноста!
Поздрав.
мене стварно ми е жал, но ете, од сите можни лоши сценарија, сите се десија... веројатноста да од 3 различни клими, неможеш да искомбинираш ниту една е многу мала... а баш таа се деси....
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Се извинувам за делот со презентација на идиот, го избришав одма штом било така.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5197
Одг:
« Одговори #998 на: 01 Август 2015, 14:53:52 pm »
Koja tenperatura treba da bide ladniot vozduh od vnatresnata edinica? Duva ladno site mi vikaat deka e ko sto treba ama jas imam vpecatok deka ne e toa toa, neznam zasto moze i gresam :)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20800
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #999 на: 01 Август 2015, 14:54:53 pm »
Што значи ознаката за радијаторите „500/1800“, „500/2000“?

Имам 3 стари гусани радијатори (24+12+15 ребра), кои мамата да им ја избербатам, сеа им текна да испуштаат душа... Сакам да ги заменам пред да напраат поголема беља, па ме интересира кои ги бива, какви да зеам итн итн... Ми ги збореа АЛГРЕТА дека се добри и квалитетни, ко за нашиов систем на топлификација, а глеам во ТехноАуто има некои Фондитал, исто италијански, кои на хартија делуваат како доста спремни.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1000 на: 01 Август 2015, 21:06:16 pm »
првото ти е висина второто должина, изразено во милиметри.... значи 500/1800 е 50 сантими висина/ 180 сантими должина. овие мерки се за ПАНЕЛНИ (челични) радијатори...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1001 на: 01 Август 2015, 21:23:46 pm »
Сакам да ви опишам како јас го решив греењето дома без притоа да рекламирам еден од стручните лица на форумов или техничари како он што милува да каже, туку ќе се обидам да бидам најобјективен што можам. Целта не ми е реклама или можеби антиреклама туку да го споделам моето искуство. Доколку некој дел од постот е спротивен на правилата или админ шефовите сметаат дека е реклама слободно нека го избришат постов.

Кога ја градев куќата, уствари кога домаќинката ми ја градеше куќата пошто јас бев (и сеуште сум) на Блискиот Исток, кога требаше да одлучам на кој начин ќе се грееме дома поминав доста време онлајн на интернАт читајќи за сите видови на греење во смисла греење на дрва, струја, пелети, плин и слично, утепав сигурно месец дена по неколку саати дневно со цел да го изберам за мене оној начин кој мене ми одговара а пред се да биде запазен факторот економичност. Дефинитивно сакавме да имаме "парно" дома односно радијаторско топловодно греење и да грееме цела к'шта па правев доста анализи и на крај се одлучив за греење на струја.
Знам дека некој ќе рече дека греењето на струја не е најекономичен начин но за мојата куќа споредено со греење на дрва не е поскап начин и дефинитино е по еколошки. Ќе објаснам и зошто подолу.
Кога се одлучив на струја за малце ќе се заебев и ќе земев од електричните котлиња наречени руски подморници. Дури веќе бев и во контакт со фирмата од Србија, од Крагуевац ако не се лажам, кои соработуваат со една фирма од Куманово како нивни увозници за МК, се додека не налетав на другарот Кано и неговиот изум. (Кано сега сигурно се прашува кој сум).
По она што го прочитав за Кано дека неговиот изум е економичен а работи на струја го контактирав и му објаснив што сакам. Ми побара да му пратам скица односно план од куќата, поставеност на самата куќа, поставеност на прозори, каква фасада ќе има, каква дограма и тако даље за да направи пресметки што и како и да даде понуда. За да ви биде појасно самата куќа е на едно такво осојно место што сонце ја фаќа после пладне, на северната страна нема можност за изведба на фасада од причина што на таа страна имам лепенка куќа која е многу стара и поставување на скеле е невозможно. На ѕидовите од внатрешна страна кои гледаат према надвор имам ставено стиропор од 2см и 5см на северната страна, додека за фасада е планирано да биде стиропор од 10см. Дограмата е ПВЦ со термопан стакло на првиот спрат и четири сезони стакло на втор и трет спрат, по спецификациите би требало да е полнето со Аргон (само дедо Боже знае дали има Аргон).

Значи куќата беше во изградба и овие параметри му беа дадени на Кано. Секој спрат од куќата има 33 квадрати (немаше опција за изведба на поголем простор по спрат). Кано даде понуда и според пресметките кај мене одговара Кано систем 3, односно систем со 3 сонди или максимална моќност од 9 kw, со тоа што човекот испадна фер и ми предложи да доколку сакам инвестицијата да ме чини поефтино можам сам да си ги набавам грејните тела т.е радијаторите и цревата а тој само да го приклучи кано системот. Не сакав друг да ми се рчка околу тоа и му реков тој да ги стави иако се поскапи но за мене битен момент е што се поквалитетни и даваше гаранција од 10 години. (Кано ти текна кој сум?)

Дојдоа со брат му еден ден како што се договоривме и пазете го сега моментот, дојдоа некаде на пладне и прво што си помислив беше какви се овие мајстори, доаѓаат од Скопје, ги чека многу работа, беше касна есен или зиме не се сеќавам, а денот веќе поминал. Си реков дај боже да е на арно. Како и да е се фрлија на работа и завршија вечерта кај 20:30 некаде. Е сега, вистина е дека Кано има многу алатки, пошто бушеа по ѕидови, кошулица итн и вистина е дека е 150 литри жива мера али професионално си го завршија својот дел од работата. Една замерка можам да им најдам е тоа што завршија како што кажав малце касно а мене ме чекаа во читална поради што мораше да каснам, ама нели е за арно не беше проблем.

Се вселивме во куќата и почна и првата грејна сезона и како и првата така и останатите сметките од ЕВН се движат вака: Октомври 2500, Ноември 5000-5500, Декември 11000-11500, Јануари 12000-12500, Фебруари 8500-9000, Март 5500 и Април 2500. Инаку само за струја, без греење обично плаќаме 1300. Парното работи секој ден од 07-12 и 14-22 часот а средна тарифа пошто немам ефтина и скапа струја. Се грее прв и втор спрат (вкупно 66 квадрати), третиот се вклучува само по потреба, фасада сеуште немам, значи голи ѕидови и без разлика што имам квалитетна дограма и стакла поради немање на фасада топлинските загуби се огромни засега и тоа е главна причина за така високите сметки. Моја проценка е дека кога ќе ставам фасада сметките би се намалиле значително, барем за 50 евра во Декември, Јануари и Фебруари и од досегашните 40000 денари колку ме чини греењето за една грејна сезона би паднал на 27-28000 ден или преведено во дрва од 14-16 кубика зависно по која цена ќе се најдат без фасада на 10-11 кубика со фасада. Исто толку дрва би потрошил доколку се одлучев парното да беше на дрва.

Е сега, доколку не ви се приишло во Венеција од толку многу тупење од моја страна да кажам троа и зашто се одлучив за греење на струја а не на дрва.
- како што реков иста цена би дал и за дрва и за струја,
- еколошкиот момент, не прљам дома од дрва, не чади, нема издувни гасови, не мора да молерисувам ако не секоја годиа секоја втора кога би бил на дрва,
- не му ја мислам дали и од каде ќе набавам дрва, по која цена, транспорт, цепење, складирање, внесување у соба секој ден, правење ѓубре, проветрување,
- не му ја мислам да станам порано да го запалам огнот да се згрее за малиот и сопругата да им биде топло кога ќе станат, или некој да го одржува огнот цел ден ако не сум дома, вака жуто дугме штрак и топличко, убаини. Ако не сум дома повеќе денови ќе го подесам кога точно да се вклучи за да биде топло кога ќе се вратам,
- да не го занемарам и еколошкиот фактор за животната средина, нема загадување,
- не се ебавам со затнати или не дај Боже запалени оџаци, не чистам оџаци, уствари што е тоа оџак?
- и друго ( не можев да одолеам да не го ставам ова "и друго", тоа е тоа што нас не ебе, малце оф топик)

И на крајот додека не сум почнал скроз да забегувам да кажам и троа убав збор за мајстор Кано ака техничар.

Човекот да е мајстор во права смисла на зборот е мајстор,  не мора јас тоа да ви кажувам доволно е он што ги постира неговите идеи (не знам жена му како само го "трпи"), Професионален во работата дефинитвно е. Секаде каде што бушеа, рушеа, ставаа кутии и што ти ја знам не оставија ( со брат му) никакви траги, оштетувања и слично.
Кога и да сум му се јавил да го прашам у врска со парното, за него можеби смешни прашања а за лаик како мене итекако стручни прашања, секогаш кревал на телефон, ме сослушувал и давал соодветни упатства и насоки за постапување for dummies. Посебно го малтретирав првата година. Достапноста во секое време и стручноста се квалитети кои јас како клиент ги препознавам и почитувам и затоа секаде кај ќе стигнам позитивно го оговарам особено кога ме прашуваат кој ми го местел парното.

Да не го тупам повеќе и пу-пу да не го урочам Алек, пошто можеби следниот пат кога ќе сакам да го малтретирам може нема да ми крене, ако некој има прашања за греење на струја или како работи кано системот слободно прашувајте.

П.С Ама сум се изнапишааал..... Бог да чува и да Бранко. BTW Кано дали се сети кој сум?
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1002 на: 02 Август 2015, 00:30:38 am »
хахаха.. поздрав до крива паланка.. :) па кај си бе друже, исчезна. првата година се јавуваше и поставуваше прашања кои се сосема нормални за некој што прв пат се среќава со сопствено парно или парно воопшто..., втората со сопругата твоја се видов и толку... ваљда се е ок кај тебе. ако си тука, зврцни после 10-ти, ке бидам дома....
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1003 на: 02 Август 2015, 06:30:13 am »
Не сум се изгубил Алек, едноставно научивме се што треба околу парното затоа не те замарам толку. Дај боже за арно само да те малтретирам.
Доаѓам дома на 9-ти па после тоа треба некој ден до Шкупи да ја носам колата на сервис па ако остане нешто време може да ти ѕвонам да уништиме некоја салата, ако не да сме живи и здрави и увек да ни бидат прави.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20800
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1004 на: 04 Август 2015, 23:25:30 pm »
Да си се пофалам дека конечно се задесивме со клима по дома :)

Пребацивме една од климите од кај моите, што не ја користеа веќе:

Цитат
Клима уред FILIA Split Sistem FC - S12HT
моЌ на ладење : 12000 btu
моЌ на греење : 12500 btu
воздуШен проток : 450 m3/h
потроШувачка при ладење / догревање : 1200 W / 1200 W
електрична струја при ладење / догревање : 5,5 А / 5,5 А
ниво на Шум на внатреШна / надвореШна единица : 40 dB / 49 dB
кондензирање : 1.6 l/h
димензии / тежина на внатреШна единица :800 x 290 x 183мм /10 кг
димензии / тежина на надвореШна единица :745 x 552 x 328мм /30 кг
фреон : R22

Целиот зафат кошташе 100 евра (20 демонтажа + 50 монтажа + 30 дополна со фреон), и беше изведен од сервисерите на Контрекс. Брзо, навремено и професионално завршена работа. Моја препорака за нив.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.