Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 1051575 пати)

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5133
  • Пиши лаже
Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #6210 на: 17 Септември 2024, 13:08:03 pm »
Ај подобро види со Техно Ауто. Или барем Alfaplam котли.  Не знам кои се овие.
Јас со Thermoflux сум супер задоволен, трета сезона веќе.


Sent from my iPhone using Tapatalk
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10403
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #6211 на: 17 Септември 2024, 14:34:29 pm »
Што ќе се десит ако врза 2 клими каскадно ?

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17441
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #6212 на: 18 Септември 2024, 09:56:51 am »
Дали може да се исчисти инвертер климата под филтрите тоа како ладњак што го викам јас 😂 со пена за чистење клима во кола? Или ке има проблем некој... сакам и надворешната единица исто со пена да ја поминам.

Викни си сервис за чистење клими, 1500 денари е. Тоа за вентилација од кола чистење и онака кошта 500-600 денари.

Присутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7783
  • Плинаш!!!
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #6213 на: 18 Септември 2024, 12:20:26 pm »
Имаат нови цени 2000-2500 зависи од климата и сервисерот.

Sent from my 23124RA7EO using Tapatalk


Отсутен vladimir_1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1067
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #6214 на: 30 Септември 2024, 23:20:10 pm »
Ај подобро види со Техно Ауто. Или барем Alfaplam котли.  Не знам кои се овие.
Јас со Thermoflux сум супер задоволен, трета сезона веќе.


Sent from my iPhone using Tapatalk
+1 за Thermoflux, сега ќе ми биди исто 3та сезона

Отсутен st08

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 199
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #6215 на: 03 Октомври 2024, 12:02:02 pm »
Ај подобро види со Техно Ауто. Или барем Alfaplam котли.  Не знам кои се овие.
Јас со Thermoflux сум супер задоволен, трета сезона веќе.


Sent from my iPhone using Tapatalk
+1 за Thermoflux, сега ќе ми биди исто 3та сезона
На крај се одлучив Kozlusan Camino Rossi 15 по препорака од пријатели. Нарачав и пелети Eko Life, исто така и за нив ми рекоа дека биле меѓу подобрите. Искуство со нив ?

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5133
  • Пиши лаже
Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #6216 на: 03 Октомври 2024, 17:35:32 pm »
Со здравје да се грееш. :)
Јас сум со Шишарка А2, втора сезона. Одлични се.
Првата земав Evo Madera A2, супер задоволен, многу малку ѓубре правеа.


Sent from my iPhone using Tapatalk
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен kokos

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 185
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #6217 на: 11 Октомври 2024, 09:58:24 am »
Што ќе се десит ако врза 2 клими каскадно ?
најверојатно нема да добиеш ништо затоа што проста логика вика дека голем дел од добиената енергија при премин на флуидот од течна во гасна и обратно за ладење или греење ќе се изгуби/потроши уште во првиот изменувач и од останата многу мал дел би дошол во наредната или во предод би работела како вентилатор нит ќе лади нит ќе грее,
башка што информации за моменталната температура во просторот ќе зема само од едната и другата би работела без контрола на температурата како што е замислено и се очекува од клима,
ако сакаш на една надворешна да имаш 2-3 внатрешни тогаш треба да си купиш мултисплит систем.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10403
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #6218 на: 11 Октомври 2024, 10:50:27 am »
Што ќе се десит ако врза 2 клими каскадно ?
најверојатно нема да добиеш ништо затоа што проста логика вика дека голем дел од добиената енергија при премин на флуидот од течна во гасна и обратно за ладење или греење ќе се изгуби/потроши уште во првиот изменувач и од останата многу мал дел би дошол во наредната или во предод би работела како вентилатор нит ќе лади нит ќе грее,
башка што информации за моменталната температура во просторот ќе зема само од едната и другата би работела без контрола на температурата како што е замислено и се очекува од клима,
ако сакаш на една надворешна да имаш 2-3 внатрешни тогаш треба да си купиш мултисплит систем.
Друго ми беше мислата, дека климите наводно имаат ефикасност над 1 ( затоа што и на -20 е уствари +253 келвини)...
Нели некои клими имаат имаат греач во единицата надвор. Греачот има ефикасност од ~1 т.е 98-99%. Наместо тој греач да имат клима што ќе го грее надворешниот дел ( за да има поголема ефикасност од греачот ). Не знам вака колку добро ја доловив поентата.

Отсутен nikomil1

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 707
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #6219 на: 18 Октомври 2024, 23:10:02 pm »
udrivme proba na parnoto. krena pritisok i temperatura kako shto treba. duri e meko vremeto kje si teraat klimite bitno spremni sme za sneg :)

https://ibb.co/bgf7pV4

Отсутен Цичов

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 1
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #6220 на: 31 Октомври 2024, 13:41:51 pm »
Печката-камин на дрва со резервоар не функционира веќе како котел за парното, т.е. водно греење (резервоарот протече и не може да се завари).

Како да се искористи постоечката 2 год. стара инсталација за греење со панелни радијатори и алупласт цевковод (делумно подно) за загревање на помала квадратура (30-тина квадрати, т.е. 3 панелни радијатори и еден регистер во купатило)?

Инсталацијата си ги има сите потребни елементи (пумпа, експанзионен сад, сигурносен вентил со извод, термостатски прекинувач, манометар, врска со довод на вода, разводна табла/ормар со вентили за секој радијатор,...)

Јас имам нов плински проточен котел за кој се тврди дека може да се користи и за парно греење.

Сепак повеќе ме интересира (заради полесно користење) некое решение со бојлер на струја (проточен или сл.)

Дали има на нашиов пазар некое електрично проточно бојлерче кое ќе може да загрее вода до преку 60 степени (не мора во еден пролаз - само да не е сетирано да не може)?

Отсутен was

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 344
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #6221 на: 02 Ноември 2024, 09:08:53 am »
GREE 5.5 конзолна

На далинското ако уклучам sleep имам повеќе мода, sleep 1, sleep 2 & sleep 3 а додека преку апликација од телефон има само еден мод. Која е разликата помеѓу 1, 2, 3 на далинсково? И надворешната единица т.е вентилаторот е доста бучен како воз и ептен ветар прај а нова е климава.
 

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #6222 на: 02 Ноември 2024, 10:27:46 am »
Стави буфери на надворешната за да не се пренесуваат вибрации внатре. Едино тоа вака може да ти помогне.

Отсутен fcwizard

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 206
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #6223 на: 04 Ноември 2024, 00:03:53 am »
Дечки ако има некој аплицирано за ваучер за инвертер проверете си
https://www.ea.gov.mk/izvestuvane-za-dodeluvane-na-potvrda-vaucher-za-kupuvane-i-vgraduvane-na-visokoefikasni-inverter-klima-uredi/

Отсутен Temelk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 44
    • 360 Photo,Panorami,Virtual Tours
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #6224 на: 06 Ноември 2024, 23:15:38 pm »
Друштво некој исткуство од овие две?
https://www.neptun.mk/categories/INVERTER_SISTEMI/SAMSUNG-AR18TXHZAWKNEU---AR18TXHZAWKXEU
https://www.neptun.mk/categories/INVERTER_SISTEMI/LG-S18ET-NSK---S18ET-UL2-WIFI

Или предложете нешто до 50 000мкд.