Јас ставив плин на мојата во Мармилмонт( после Влае десно, кај техногас или како и да се вика тука бензиската, има перална на истото место), и да ви кажам презадоволен сум, ептен педантно е сработено. Дечките што ми местеа плин беа многу коректни.Бидејќи се работеше за компензација можеа да ми увалат каков сакаа плински систем, ама најкорекно ми рекоа дека Ловато би ми бил одличен иако Ландиренцо Омегас беше поскап за некоја стотка.Ми сугерираа да ставам и капалка,доколку сакам може и без неа, ама било препорачливо за мојот мотор.Ми објаснија како сам да ја штелувам бидејки на неколку пати други луѓе што поима немаа што е тоа ми ја раштелуваа.
На неколку пати ми се уклучи CHECK сијаличката ( по моја вина и немарност) бев и неколку пати без проблем ми ја гасат, покрај тоа и на тестер, компјутер или како да го кажам ми ја проверуваат колата да не јавила некој дефект.Значи се на се подршка одлична.
Дури морам да напоменам, бидејќи имам капалка за вентилите ми кажаа дека кај нив било поскапо тоа уљето за подмачкување па ме упатија од каде да си го купувам за поефтино.
Најтопло ги препорачувам на сите што сакаат да наместат плински систем.