Олдтајмер си е олдтајмер...колата си е комплетно фабричка и здрава. Да се дотерат само некои ситници како штопови,фарови,браници, ретровизори... и ке биде топ.
ти појма немаш значи како изгледа ранкот за да некое возило се прогласи за олдтајмер... ако е возилото старо, а вози сеуште, тоа не го прави олдтајмер...
по твојава логика, ако компарирам потполно исто е да земеш да речеме сузуки свифт, му туриш алумински бандажи со нископрофилни гуми, му туриш и добар издув и да речеш дека имаш тркачко возило спремно за тркање... мало сутра...
да ги побарам негде по архивите имав комплетна листа како треба и што се треба да содржи едно возило за да биде прогласено и да добие титула олдтајмер...
абе тоа треба да биде во фабрична состојба, со оригинални материјали, оригинална боја. никој не рече дека не смее да биде тазе фарбано или тазе монтирани материјали туку мора да се оригинални како што фабриката ги предвидела и монтирала во тоа време...
знам една личност што само што истресе 340 евра за оригинални тапацири за фичо со врати што се отвараат однапред. исто така таа личност плати 500 евра за 2 кила боја која пред 35 години се користела за фарбање на тие заставини возила... па бркови па чуда... никловани рачки за прозор, за кваки, за ракохвати за затварање... а да... 400 евра даде за платното оригинално што се турало на седиштата... за ново да биде... тука искусен тапетар од стар ков го средуваше тоа... абе не смее да има ни точка корозија... не смее да има ни модификации НА НИШТО од оригиналната постава на монтажа... абе до боја на жици во инсталација се гледа... човекот за фиќото ДО СЕГА има дадено околу 6500 евра... а сеуште не е до крај средено... нарачуваше комплет под целосен.. му стигна во маст премачкан и запакован.. произведен пред 30 и кусур години... не врши рабпта ти да го направиш сега...
така мислите вие е тоа, имај старо возило кое треба да се исполира само и подсреди нешто и ете ти олдтајмер... доволно е да пали само... пази да не...
колку пати само реагирав кога некој ке напише дека продава за душа правено и РЕСТАВРИРАНО возило... реставрација е еден тежок процес и премногу скап... а РЕПАРАЦИЈА е она што тука го кажувате за пежово да му се среди... рачки мачки и ситници некои... реставрирано возило не влегува во олдтајмери.. тоа тука ние си прајме филмови...
на бугар пежото треба да се прегледа и да се каже дали влага во олдтајмери или е само добро средено.. по сликите што ги гледав на неговиот профил релативно е блиску до олдтајмер ама треба да се прегледа според списокот... а ова плавава кола е даааааалеку од олдтајмер... само е интересна за правење кеиф...