Автор Тема: Seat Mii  (Прочитано 7613 пати)

Отсутен sinisa

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1207
Одг: Seat Mii
« Одговори #15 на: 23 Октомври 2012, 09:39:57 am »
Со здравје да се вози, многу километри да му направиш, бандажов ама легнал, мераци!

Отсутен DasAuto.

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4585
  • ~ Full of soul ~
Одг: Seat Mii
« Одговори #16 на: 23 Октомври 2012, 09:47:34 am »
Создравје да се вози топ е машинава :)
↯↯ Don't try to follow me ↯↯

http://www.youtube.com/watch?v=b_v5fPI-DUw

Отсутен kikoninja

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 22
Одг: Seat Mii
« Одговори #17 на: 23 Октомври 2012, 13:09:10 pm »
Баш ми е мило што ве заинтересира количево, еве ќе оддвојам малку време да ги напишам моите досегашни импресии.

Моторот е 1.0 со 60кс, 3 цилиндри, воопшто неимпресивна машина, но за градска вожња е солиден. Слабостите најмногу му се приметуваат на угорници, на претекнување на автопат и кога се возат 3-4 луѓе.

Мењачот е една од најголемите, ако не и најголема, слабост на колата. Би го карктеризирал како катастрофално лош. Прво брзините се премногу долги и треба доста да се исфорсира моторот пред да сменам во поголема брзина за да извадам некои нормални перформанси. Второ понекогаш не влегува во прва брзина, заглавува на пола пат па морам како на Југо да земам залет од втора накај прва за да убацам :( Трето шалтерот има многу долг од па ако сте навикнати на брзо менување ќе ви треба некое време да се навикнете на овој шалтер. Четврто што не би дошло маана туку повеќе интересен факт: рикверц не е горе лево како на другите Сеати туку е долу десно.

Кога веќе почнав со негативностите, да продолжам, па после за добрите страни. Иако би рекол дека е една од најопремените и на изглед најквалитетна кола од таа класа, сепак има некои ситници кои цело време те потсетуваат каква класа на кола возиш и ја прават да изгледа ефтино и мизерно. Да почнам од тоа што најмногу ми пречи: прозорите. На возачката страна има само едно копче - за прозорот од возачката страна, другиот прозор се отвара само со копчето на другата врата. Исто така нема автоматско отварање и затврање на прозорите, туку мора да го држам копчето додека не се отвори/затвори прозорот. Светло внатре, освен тоа што е горе кај ретровизорот, нема никаде, нема во фиока, нема во гепек. Во гепекот нема куки за врзување мрежа, теписонот кој го покрива гепекот не е голем колку целиот гепек туку е малку помал па се гледа металот од страните (WTF). Метал се гледа и на вратите и на страните позади. Воланот се подесува само горе/долу, не и во длабочина. Радиото нема bluetooth (барем има aux) и нема команди на волан, ама затоа пак звучници има и напред и позади и се доста јаки како за фабричко озвучување. Не знам колку заштедиле на овие ситници али јас со задоволство би доплатил до 500 евра за да ги имам овие мали детаљи. Или барем да влегуваат опционално, со доплата, сега дури и во најопремениот модел мислам дека работите кои ги спомнав погоре ги нема.

Ај сеа малце позитивни ствари :) иако измрчив многу за мењачот, барем има солидна крајна брзина :) најмногу имам постигнато ~180км/час на блага удолница, на рамно максимумот е околу 160 на околу 4-4200 вртежи. Бучавата внатре е многу мала, би рекол најмала од таа класа, барем од тие коли во кои се имам возено, а можеби и на ниво со коли од повисоки класи. На подолги патувања е милина за возење особено затоа што има cruise control, комотно е за четворица да се возат, позади има доволно место за двајца, предните седишта се многу удобни. Вентилацијата во колата е феноменална, на централната конзола од горната страна е поставен еден поголем отвор за вентилација кој воздухот го издувува нагоре под некој агол кој го носи позади што е перфектно решение за да се излади/загрее задниот дел од колата. Од страните има 2 стандардни отвори за вентилација, преку лето со клима (која е мануелна) и во најтоплите денови внатре е многу пријатно. Моторот можеби е слаб, но затоа е многу економичен. Бордот ми покажува дека троши ~5-5.5 литри на 100км, но бидејќи веднаш ставив плин, троши 8 литри плин на 100км (низ град поминав 500км со 40 литри). Внатрешноста е многу добро дизајнирана, пластиката е мека и не изгледа ефтино. Надворешноста е прашање на вкус, мене ми се допаѓа, особено предниот дел.

Се на се јас сум многу задоволен од количето :) некои од мааните ги знев и пред да ја купам, некои работи кои не ги знаев малку ме разочараа, но затоа пак други, позитивни работи, пријатно ме изненадија. Ако сте на ум за купување количе од оваа класа, не пропуштајте да ги проверите Mii, UP! и тоа на шкода како и да се викаше.
EAST SIDE DRIVERS

Отсутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5543
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Seat Mii
« Одговори #18 на: 23 Октомври 2012, 13:21:48 pm »
So zdravje da go vozis.
stavi nekoja slika od vnatre da vidie so tvojot paket na oprema kako izgleda.

Sto cena go zema ako ne e tajna?
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Seat Mii
« Одговори #19 на: 23 Октомври 2012, 13:26:16 pm »
Со здравје да се вози.
Стави слики од внатрешноста.

Отсутен kikoninja

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 22
Одг: Seat Mii
« Одговори #20 на: 23 Октомври 2012, 13:33:29 pm »
So zdravje da go vozis.
stavi nekoja slika od vnatre da vidie so tvojot paket na oprema kako izgleda.

Sto cena go zema ako ne e tajna?
Немам слики од внатре, ќе сликнам нешто деновиве па ќе ставам. Колава ме кошташе 9600 евра со монтажа на плин, само тогаш имаа некоја промоција, сега цената за овој модел може да е нешто повисока. Инаку го земав средниот пакет на опрема (има 3).
EAST SIDE DRIVERS

Отсутен Bauer

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1222
Одг: Seat Mii
« Одговори #21 на: 23 Октомври 2012, 13:40:25 pm »
Со среќа количето

зашто ја мислев дека за таа цена се зема ибица

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Seat Mii
« Одговори #22 на: 23 Октомври 2012, 13:51:19 pm »
Сидот е најдобра понуда.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Seat Mii
« Одговори #23 на: 23 Октомври 2012, 13:57:45 pm »
Нема потреба од терање муабет „ова или она е подобар избор“. Да беше така, немаше да се продаваат воопшто возила од оваа класа. Не сите бараат кола на метро.

Јас му честитам на изборот, и уште еднаш потврдувам дека избрал одлично количе кое ги задоволува неговите потреби.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Seat Mii
« Одговори #24 на: 23 Октомври 2012, 15:41:35 pm »
Да го проверат мењачот да не треба? Во UP менувачот беше:
Цитат
Одлично распределените односи на менувачот овозможуваат лесно и линеарно забрзување и во градски услови во ниеден момент не помисливме дека на автомобилот му недостасува сила.
A и моите согледувања беа слични.

Отсутен kikoninja

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 22
Одг: Seat Mii
« Одговори #25 на: 23 Октомври 2012, 17:48:02 pm »
Уште кога почнав да разгледувам нови коли идејата ми беше да ја купам најмалата кола што можам да ја најдам. Многу ми се свиѓаше Toyota IQ уште кога излезе, али кога ја видов цената (17000 евра) одма се откажав :) Mii-то го земав најмногу заради условите за плаќање кои ги добив од Сеат инаку најзагреан бев за UP, а во комбинација ми беше и Kia Picanto ама тоа беше доста поскапо (2-3000 евра) ама затоа па имаше и доста повеќе опрема.

Инаку мењачот не е дефектен, веројатно е неквалитетен и ефтин и тоа многу се осеќа.
EAST SIDE DRIVERS

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Одг: Seat Mii
« Одговори #26 на: 23 Октомври 2012, 18:19:38 pm »
На UP! Што го повозев немаше проблем никаков со менувачот.
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен викацот

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 342
Одг: Seat Mii
« Одговори #27 на: 23 Октомври 2012, 18:56:24 pm »
со среќа да си го возиш љубимецот :D
Фиат Типо

Отсутен Pal Zileri

  • Сијка Пиштолова
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2464
Одг: Seat Mii
« Одговори #28 на: 23 Октомври 2012, 19:00:41 pm »
Со среќа да се вози,одлично градско возило и класа која допрва ќе си најде свои купувачи :)
www.domitalia.mk

Замисли како би ни изгледале колите по форумов да имавме нормални 5000еур месечна плата by Deni

Отсутен Schmitt

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1815
Одг: Seat Mii
« Одговори #29 на: 24 Октомври 2012, 04:31:40 am »
Ептен добро изгледа со бандажот. Со здравје да се вози :)
Never drive faster than your Angels can fly.