Ај да ставам некоја слика да не мислите дека не сум работел ништо
колку што гледам последно што сум пишал е дека исчистено од р`ѓа отсранети скапаните работи........
Периодов што помина успеав да го закрпам таму кај што требаше
лево крило кај спојот со прагот
десно крило кај спојот со прагот
Заден десен полумесец, искочи перфектно
Задениот лев полумесец малце ме зезна т.е јас го зезнав од преголема температура ми се прекши па ќе морам да го извлекува и да го пеглам. Се завршува за 10 минути ама претходно треба да го чистам праимерот па пак да мачкам и остали зае.анции
Се гледа на сликата во долниот дел како е прекршено према внатре
Од кога завршив со ова почнав повторно да чистам сегде кај што ми беше сумљиво т.е внатрешнит дел од десниот праг, надворешниот дел од десниот прад и надворешниот дел од десниот праг со спојот на кошот. Еве што искочи
Нормално све е средено
Варењето е на спој за да не иде лим врз лим и да не се прави многу вар па после со стругање да се ослабува. Кај внатрешниот дел од праг не стругав ништо нема потреба
И така ќе оди изолација па тапацир врз него.
Све убаво исчистив со антирост и нитро па на крај со праимер за метал и сега така си стој ќе ме чека на пролет
еве како изгледа, со што му е извадена шоферката
останува да се среди десната врата, дали ќе ја крпам или ќе барам друга незнам ќе видиме
Иначе сите парчиња лим се кроени детално и за да стојат на спој ги држев со магнет
Што се однесува до деловите што ги чекам деновиве треба да ми стигнат браници стар тип со големи бубрези и можно е со нив во пакет и фарови стар тип
Тоа е тоа затварам радња до пролет
пс. се извинувам за неубавиот квалитет на сликите од мобилен се