Кај поновите константиот притисок во усисната грана комбиниран со тенки вискозни масла кои имаат низок Noack имаат далеку помалку проблеми со озлогласените јаглеродни депозити.
Но, за комплетно избегнување на тој проблем, поновите генерации на мотори од БМВ, Фолксваген, Форд користат најразлични начини да го решат и тој проблем, и проблемот со ПМ честички кои се нус-продукт на директното вбризгување.
Конкретно БМВ си има машина за де-јаглеродизација со гранули направени од лушпи од ореви кои ги вбризгува под висок притисок во воздуховодите на главата и така ги светнува вентилите.
Јаглеродните депозити се многу поголем проблем кај атмосферските мотори со директно вбризгување и постарите ТСИ/ТФСИ мотори. Поновите б38/Б48/Б58 им се дизајнирани за многу полесен пристап за чистење, а и за намалување на лепење на јаглеродните депозити. Но мислам дека во иднина и тие ќе прават комбинација со директно/индиректно вбризгување.
Форд нема таква машина, и предлага вадење и чистење на усисната грана на старите 1.6/2.0/2.3/2.7 екобоост мотори. Исто, во соработка со кастрол имаат развиено специјално тенко масло 5-20. Исто го користат и Ти-ВЦТ системот во комбинација со таканаречениот Scavenging ефект за чистење на усисни и издувни вентили. Колку е успеш но тоа не знам затоа што од оваа година мислам дека во самата екобууст технологија ќе вградуваат и дополнителни инјектори во усисната грана за да ги перат усисните вентили. Исто Форд има релативно краток сервисен интервал од 1 година или 20к километри, кои ако се следат по пропис сигурно го намалуваат ефектот на јаглеродни депозити.
Мерцедес исто работи во истата насока како и Форд. Подолго отворени усисни вентили, двојно вбризгување и голем дел од другите потрошувачи да ги замени со електрични и да држи бууст со електрична турбина/компресор. За жал, немам многу истражувано на таа тема за мерцедес.
Фолксваген Групацијата има два начина како да се бори со тој проблем. Ауди/Шкода/Сеат со 1.8тфси/2.0тфси/2.5тфси (сите поголеми од 1.
уште од 2012та имаат двоен систем за вбризгување со директно и индиректно вбризгување и во зависност на вртежите, напорот, брзината на движење самиот компјутер бира колку гориво ќе вбризгуваат двата системи. Колку што се сеќавам, на ниски вртежи и мал напор се со портинџекшн, кога го пржиш е со директно вбризгување (и самиот имаш спомнато во една од темите за благодетите на директното вбризгување). Вториот начин за решаваер на овој проблем е со воведување на 1.5 ТСИ моторите со милеров циклус, кадешто целиот систем за воздух се држи под компресија/притисок и дел од миксот на гориво/воздух излегува надвор од самиот цилиндар. Сигурно имаат пресметано/тестирано дека депозитите делумно се разградуваат на тој начин.
Пс. Ова е лична интерпретација на читање ваму таму по интернет, и немам појма дали е така во реалноста.