Малце да ја освежиме темата.
Прво да се пофалам си купив вапче...Bosch...
Доволно добро за домашна употреба, а и конечно можам да си ја перам колата како што сакам.
Исперена цела кола,
буквално. Зедов SONAX шампон.
Немав време да го исперам моторот, ама ќе биде и тоа.
Прво започнав со
детално перење на цело подвозје. Иако постојано ја носам на перење, доста кал падна одзодола. Секако се препорачува пролетно чистење од сол, кал и што ти не, нешто што во перална не можат да посветат толку внимание.
Кожата ја премачкав со Turtle Wax, сите пластични и гумени површни со силиконски спреј.
Чистење детално со правосмукалка, прередување, ...
Сакав рачно малку да ја исполирам, пред се заради заштита од UV и други влијанија. Веќе помина година дена од последното полирање ако не се лажам, ама снема ден
ама ќе биде деновиве.
Крајниот резултат беше ова.