Дечки некој да не има информација што се десило на Стара Рампа ?
Еден куп полиција, снимаа со камери. Гужви и мешаници на сите страни.
Пожар попладнево малку пред 17 часот избувна во дуќаните лоцирани на улицата „11 Октомври“ кај месноста Стара рампа на почетокот од скопската населбата Кисела Вода, јавува репортерот на Макфакс.
Според очевидци присутни на местот на инцидентот, во стихијата нема повредени.
Во моментов три противпожарни возила интервенираат на опожарените објекти од кои се издигнува густ час.
На теренот е присутна и полицијата којашто го регулира сообраќајот.
Засега непозната е причината за избувнувањето на огнот и во кој од локалите прво бил забележан