ЕВН на Ленинова, на 10m од местото предвидено за точаци има чуварска служба и неколку камери кои ги фаќат буквално сите хоризонти од по неколку агли. Постојано влегуваат и излегуваат мои колеги. Карши има 5 дуќани каде постојано поминуваат луѓе и пун к*рац глупи и неписмени таксисти паркирани на Ленинова кои прават метеж во сообраќајот. Не верувам дека некој ќе се осуди да ми госпакува точакот од таму.
Инаку врзувачката за точакот е челична сајла заштитена со челични цевчиња со дијаметар од околу 3cm така да не може да се исече со клешта за арматура. Треба прво да ги исече две цевчиња попречно и напречно, па дури потоа да може да ја прецвика сајлата. Значи ќе му треба брусилица во најмала рака.
Како и да е, мој пријател ми препорача некој точак кој бил 130.000 денари, а сега е намален на 85.000, ама сега не планирам да купам точак туку на пролет и немам толку пари. И 1000 евра излегува од рамки на буџетот, ама можам да ги скрпам. Точк точак е тежок 10kg и наменет и за планинско возење...Јас би сакал да е 10kg, да не е за на планина и да е поефтин...