Автор Тема: Купување стан (пред се во Скопје), каде (локација), реални цени или не?  (Прочитано 249506 пати)

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3257
Едноставно, ако не можеш да си дозволиш стан нема и да го купиш, нели? Нема кредит да ти даде банката. Но да не идеме случај до случај, секако има и што купиле стан па одвај преживуваат месец за месец.

На двајца вработени со по 30к плата, банката и те како дава кредит. Кредит кој треба да се враќа следни 30год, и рата од 20иљади денари. Верувај воопшто не ти требаат трошоци после 3-5 год, околу 4/5иљади евра, за санација.

Ипкис, јас ќе ти контрирам. Подобро, роб на колата, отколку вечно да си нервозен, и да те јаде нешто. Под роб мислам, да носиш децата школо/англиски/пливање.
Еве @t0m1cA продава куќа. Решил дека во стан е подобро.  ;D


Не сум решил дека е подобро, напротив воопшто не е подобро, ама е пофункционално за мене и за децата додека не се осамостојат, а тоа е во наредни 15год.
После ете им го станот ја си отидов на село пак 😀

Присутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2023
Има некој активен на форумот што моментално живее на поткровје?

Во понова зграда, не поткровје со еден куп косини, туку овие поновиве, со плоча и над неа кров, пример вака нешто, чисто илустративно:

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

До сега бев убеден дека стан на приземје и поткровје нема да купам. За приземје сеуште си стојам на ставот, ама за поткровје изгледа го сменив ставот.

Би сакал да слушнам лични искуства за живеачката на поткровје, доколку некој од тука ги има.

Исто така ме интересира за колку време се здосадува качување до 3ти кат без лифт (рандом симпатични зградичиња кои ми се допаѓаат со таа катност најчесто се без лифт) и дали од старт да ја отпишам таа опција, поткровје во зградиче без лифт?

Размислував и за куќа, ама во делови каде што би сакал да живеам, цените се научна фантастика (не дека цените на становите се според вистинска приказна, секако и тие се научна фантастика, ама се со помала квадратура и се само неколку бубрези), а некаде „понастрана“ не ми се прави ќефот, има од тука другари што пробале и се вратиле во урбаната средина.

Значи почнувам да ја разгледувам опцијата поткровје, pros & cons :)


Ќе ги цитирам најбитните делови од мојот пост од вчера.

Фала ви за советите и мислењата поврзани со ова, на темава, како и во ПП.


Види вака во правилна насока размислуваш.Ете и јас од куќа со двор се пикнав во стан. Така да јасно ти се кој се придобивките на едното и на другото.
Јас морам да одам кај моите кога сакам кола да измијам или гуми да менам и такви работи.
Ама па во станот си имаш друг рајат и ниски тековни трошоци. 

Барај ако најдиш во изградба па да можиш да го подобриш. И да обавезно лифт, значи мора да не ти е ремет едно пазарење.
Бабата живее на последен спрат и еве годинава прокапи од кровот, на никој од комшиите не му е галје дека има проблем.
Убо ти кажаа имај си буџет за некое такво сценарио.

tl-dr лифт и гаража паркинг место да ти се приоритет, да не ти е секојдневен проблем одењето дома.
 

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9971
Да то паркинг/гаража е добра поента. Секој ден се колиме за паркинг. Сегс уште една зграда креваат, кај што се паркираат.. ќе биит весело. Само не знам како тоа (зградата од спроти) не ги продавале паркинзите на тие што живеат во зградата...

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5087
Визби немате таму шо ви јавува проблем влечкањето тротинети до 5ти горе ?
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7046
Визби немате таму шо ви јавува проблем влечкањето тротинети до 5ти горе ?

Не секоја зграда ги има. Јас моите ги "паркирам" во влез(во договор со станарите) или доле во гаражата.

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5087
Не сум знаел ова дека можно е згради без визби да се, не сум во тек со новоградби, старите згради сите имаат освен ако има поткровје од после правено само тие можно е да немаат визба оти не било во план.
@Ipkisija Meskosa А имаш размислувано за стан најгоре во зграда без поткровје, никој нема да ти чука над тебе, а имаш можност и да си изградиш сам над тебе по твои стандарди ако имаш потреба потаму.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1047
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Сум живеел и никогаш повеќе на поткровље не зависно дали е со косини ,плоча едноставно не е функционално преку лето претопло зима кочан ладно  височини димензии ништо не се вклопува  ,поткровље е добро за деца тинејџери..

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8557
  • Пичлеме
@Ipkisija Meskosa А имаш размислувано за стан најгоре во зграда без поткровје, никој нема да ти чука над тебе, а имаш можност и да си изградиш сам над тебе по твои стандарди ако имаш потреба потаму.
Па не сум размислувал воопшто за таа опција, не сум толку способен да се впуштам во такви авантури, да барам екипи за градење и слично.
Сакам изградено од други, јас само да се вселам (да си купам мебел и тв) :)
Евентуално ако е во фаза градба, да стават плус волна и Соникборд на ѕидојте што граничат со друг стан.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11709
  • Архитект
Ако има соодветна изолација на кровот, нема проблем со живеење.
Тоа значи дека кровот треба да има 25+ см тервол и соодветни слоеви за водонепропустливост.

Ако има плоча или караватан, покрај изолацијата треба да биди и вентилиран кровот соодветно.

Се продава стан на последен кат од 125м2 + поткровје од 30тина м2 (за гејм рум или канцеларија) кај рампа во К. Вода.
Од мене е проектирана зградата. Кровот е соодветно изработен со слоевите што ги спомнав.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1534
Ако има соодветна изолација на кровот, нема проблем со живеење.
Тоа значи дека кровот треба да има 25+ см тервол и соодветни слоеви за водонепропустливост.

Ако има плоча или караватан, покрај изолацијата треба да биди и вентилиран кровот соодветно.

Се продава стан на последен кат од 125м2 + поткровје од 30тина м2 (за гејм рум или канцеларија) кај рампа во К. Вода.
Од мене е проектирана зградата. Кровот е соодветно изработен со слоевите што ги спомнав.
А од тебе ли е изведбата на зградата? 

И да понудиш некому поткровје од 125м2 + 30м2 (гејм рум човече хахахахахахаха)  е да го окончаш за цел живот и него и негово поколение, пошо тој стан НИКАД нема да го продаде.


Он топик

Друже поткровје само од проверени инвеститори, остај вакви “само за тебе брат” понуди.

У однос на делот кај Рампа, зградите на Спектартермо би требало да се добри.

Sent from my iPhone using Tapatalk
« Последно менување: денес во 15:16:28 Bravo »