немам ништо од поодамна пишано
изминатиов период го поминав со тапацирање, и средување некои ситници околу кочниците
ова тапацирањево ептен пипава работа, работиш цел ден и на крај кога ќе видиш на крајот од денот ништо не си напраил
десниот стуб искомплетиран
наместени се и кедерите на вратите сега можам да ги лупам колку сакам нема да гребат ништо
е кај нив имам еден проблем, не ми затвараат вратите како што треба т.е треба малце појако да ја удрам
ми кажаа дека биле нови кедерите и им требало време да легнат, па ќе видиме дали е така или не
највеќе време т.е цели три дена изгубив на шалтаблата
прво кроев парчиња од обичен матерјал па го кроев овој што треба да биде.
Па негде се собираше па тегнење па држење па нервози и сите остали пропратни работи
на крај испадна супер, сега уште да се средат инструментите и да ги монтирам
и ми остануваат уште седиштата и теписонот да се среди. Теписонот ќе го праам сам а седиштита ќе морам на мајстор т.е тапацерџија
до сега целото тапацирање го праевме сами со девојка ми