@Ordevski
Специфичен склоп на околности е, баш како што праша новиот член:
- градско возење
- ретко возење на автопат (ама не во екстремни услови)
- малку километри годишно
Абењето можеби е фактор, ама незначаен.
Додај само промена на гуми секоја сезона, еве крсти ги 3 години Х 2 пати годишно менување...
Мислам дека за 14" вреди човек да купи Мишелин и да не му ја мисли?
Истово го размислувам и за мене, за 15", со исклучок (што уште повеќе помага на равенката) дека никогаш од Скопје не излегло - едноставно, за тука е - до ваму, до таму...
Јас би одел на летни нови, без размислување. Кога има снег, нека дреме колата. Ќе се издржи една недела... Ете ти го Јетко за тие денови.
Sent from my SM-S928B using Tapatalk
Не е само за снег проблемот, поголем проблем кај нас е ниски температури, дожд и голомразица особено рано сабајле ако одиш на работа додека асфалтот уште не е развозен и загреан. Знам дека е само за низ град муабетот, ама... Кога е веќе само за низ град, јас би ставил целосезонски, секако и во летно време нема да се вози колата брзо, да се загреваат премногу гумите и да се трошат.
Не за нешто друго, прогнозата за неделава беше дека темп ќе оди до 15-16 степени висока. Сега гледам сменила, највисока неделава 11