Автор Тема: Камп приколки, еуро куки и такве ствари  (Прочитано 39058 пати)

Отсутен Aleksandar2101

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 49
Одг: Камп приколки, еуро куки и такве ствари
« Одговори #105 на: 08 Март 2022, 12:54:05 pm »
Дени, фала ти на брзиот и детален одговор.

Во муабет со едно мајсторче за оваа проблематика ми предложи да смениме осовина за некои 350 EUR, што ми се виде како скупо, затоа што последното сеќавање ми е 160 EUR.
Е сега со оглед на тоа што нема да биде само осовината, туку и ред други зафрканции, ќе гледам да не аздисувам со трошоци и да поминам ако може поефтино :)

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Одг: Камп приколки, еуро куки и такве ствари
« Одговори #106 на: 16 Март 2022, 21:47:09 pm »
Фрижидер во приколка е добра работа - не би го фрлал. Остатокот од кујната ако ја има - лавабо/решо и сл фрлај. Ако има скаличка на влез провери ја и таа, без неа ќе треба сточе да ставаш.

Ако оваа приколка од Треска e од последните серии од 90ите (имаше една серија утепана од град) пази на ѕидовите, знаат да скапат и држачите на прозорите да се тапа да не се отвораат и да го држат прозорот како што треба. Провери го и прозорчето на таван дали е ок, многу е битно за вентилација. Адрија од '80 е подобра од Треска од 90, од искуство.

И душек од Икеа врши работа за брачниот, само пази на димензии.

Ако ја средиш и ја возиш приколката погледнувај во ретровизор да не ти блокира тркало, и тоа се има случувано - имај си алат со тебе за секој случај.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Камп приколки, еуро куки и такве ствари
« Одговори #107 на: 17 Март 2022, 14:07:35 pm »
Фрижидер секако имаш дополнителен. Затоа беше споменат да се вади ако го има. Не сум сретнал некој да го користи вградениот во приколка до сега.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5557
Одг: Камп приколки, еуро куки и такве ствари
« Одговори #108 на: 17 Март 2022, 14:10:21 pm »
Фрижидер од Треска вадење ако ја расклопиш од корен, поголем е и од вратата и од прозорите.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Камп приколки, еуро куки и такве ствари
« Одговори #109 на: 17 Март 2022, 14:37:37 pm »
Фрижидер секако имаш дополнителен. Затоа беше споменат да се вади ако го има. Не сум сретнал некој да го користи вградениот во приколка до сега.

Јас го користам, покрај дополнителниот.

Отсутен Aleksandar2101

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 49
Одг: Камп приколки, еуро куки и такве ствари
« Одговори #110 на: 21 Март 2022, 10:58:29 am »
Приколката е од првата серија на Треска Т-303, купена е во 1972 година, како стар модел, пред да излезе Т-303 со портокалова штрафта на страниците.

Во текот на годините растурен е кровот поради протекување, прелепен со жива гума на споевите, последно е возена во 1990 до Охрид и од тогаш е стационирана во гаража кај мене.

Се мислам за комплет средување внатре, од нови кревети, плакарче, висечи, да се извади кујната и да се монтира кревет на спрат на тоа место.

Еве некои слики:




Nesto crtav kako bi trebalo da izgleda, pa da moze da nabavam materijal od koga ke ja sredam od nadvor


Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2080
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.