Јас сепак би инсистирал на точна информација. Не веројатно и неверојатно.
Дали некој знае каде може да се види што е казата ако те фатат у тек на забрана. Дали е само парично или пак е со некакво продолжување одолжување.
Апдејт. Судски трошоци + дуплирање на времетраење на одземање.
Повели:
Член 342
(1) Возачот на кого му е запишана прекршочна санкција - забрана за управување со
моторно возило во возачката дозвола односно во возачката книшка согласно со членот
391 од овој закон, возачот на кого му е одземена возачката дозвола согласно со членот
340 ставови (1) и (3) од овој закон, возачот на кого му е одземена возачката дозвола
привремено на самото место согласно со членот 341 од овој закон, не смее во
сообраќајот на пат да управува со моторно возило за време на траењето на забраната,
односно за времето за кое возачката дозвола му е одземена.(2) На правното лицe кое постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член,
ќе му се изрече глоба во износ од 100 до 1.000 евра во денарска противвредност - за
микро трговци; од 200 до 2.000 евра во денарска противвредност – за мали трговци; од
500 до 6.000 евра во денарска противвредност – за средни трговци и од 1.000 до 10.000
евра во денарска противвредност – за големи трговци.
(3) За прекршокот од ставот (2) на овој член, ќе му се изрече глоба и на одговорното
лице во правното лице во износ од 500 евра во денарска противвредност.
(4) Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на возачот
кој постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член. Покрај утврдениот
износ на глоба, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана на
управување со моторно возило од шест месеци до една година, под услови и постапка
утврдени со закон.Значи би добил дополнителна казна од 500 евра и дополнителна забрана за управување со возило ако го управуваш додека ти е активна забраната за управување со возило.