Автор Тема: ЕКО куќи  (Прочитано 1476035 пати)

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8940 на: 25 Април 2024, 13:16:19 pm »
Имам 2 тераси за плочки редење, вкупно 8м², за кошулица да му турам, да се израмни и да направам пад за водата, што материјали имаме?

Барам вреќи од 25кг готови смеси, само тешко ми е да најдам што ми треба, за подови ми излегуваат нивелирачки маси, а ми треба нешто како готовиот малтер што е, само за под.
Од Баумит има еден „готов бетон“, ама е 4мм гранулација, и сигурно не е за тоа што ми треба, а ми треба пофино за 0.5-2цм планирам да турам, ако не грешам.

Или песок и цемент да си купам, да не дојди кошулицата поскапа од плочките?  :)

Олма ( Хидроглет П ) е за нерамнини до 5мм
Ова  https://www.ading.com.mk/Product/%D0%A5%D0%B8%D0%B4%D1%80%D0%BE%D0%B3%D0%BB%D0%B5%D1%82_%D0%9F1_%D0%9C%D0%BA.aspx
Хидроглет П1 - е за нерамнини до 20мм

Барај го тоа

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3477
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8941 на: 25 Април 2024, 13:25:15 pm »
Да, ама сепак не се препорачува толку за плочки, за друг тип на под да, кошулица си е кошулица.

Отсутен nikomil1

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 725
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8942 на: 25 Април 2024, 13:35:23 pm »
Имам 2 тераси за плочки редење, вкупно 8м², за кошулица да му турам, да се израмни и да направам пад за водата, што материјали имаме?

Барам вреќи од 25кг готови смеси, само тешко ми е да најдам што ми треба, за подови ми излегуваат нивелирачки маси, а ми треба нешто како готовиот малтер што е, само за под.
Од Баумит има еден „готов бетон“, ама е 4мм гранулација, и сигурно не е за тоа што ми треба, а ми треба пофино за 0.5-2цм планирам да турам, ако не грешам.

Или песок и цемент да си купам, да не дојди кошулицата поскапа од плочките?  :)

kosuljica ti e najpametno reshenie... ama i za nea treba ili sam da si ja pravish (ako te biva) ili da mu stoish nad glava na toj "majstorot" lopatar i da go mavash po ushi da ne shtedi na cement.

kaj mene koga ja pravea (so moj cement) tipot go mrzeshe da stava cement i vlakna za armiranje i a poglednam na strana a mi skusi od dozata... okapav opomenuvajkji go. posledica na seto toa ima na 3-4 mesta poposno kaj shto se roni koshuljicata (srekja na prizemjeto brzo ja pokriv so plochki i laminat) ama vo podrumot seushte e gola koshuljica i nekade se ima poizronato koj znae dali kje izdrzi dodeka stignam i toj del da go pokrijam so vinil ili kje treba da si igram so Olma i jas.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8943 на: 25 Април 2024, 14:15:05 pm »
Самонивелирачката смеса (олма) е незгодна ако сакаш да има пад. Таа е генерално незгодна најмногу поради тоа што ја рекламираат небаре ко било кој да може да работи со неа а ако утнеш, со среќа. Такви адитиви има во неа, што од пластика не се вадат.
Инаку препорака за Адинг самонивелирачката смеса, како и се друго, одлични производи прават.
Таа е 20кг вреќа.


@nikolmil1
Премачкај ја со прајмер, У врска пример, во најмногу 1:2 сооднос за да не се рони толку.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6445
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8944 на: 25 Април 2024, 14:28:43 pm »
Грешка во терминот, за балкони се работи (тераса друго било), 1m х 4m димензии * 2 балкони.

Не знам што е тоа олма, изгледа некој универзален термин, ама не можам пад да направам со самонивелирачка маса, а такви има колку сакаш од секој производител.
А сакам со кошулица да го направам за потоа плочки да си лепам раат, нема шанси да ги направам со пад при лепење или со полусува смеса, не сум способен за тоа, си знам.
Сакам водата да си оди на работ и потоа во олук со цевче.

Мајстор не барам, сам ќе правам, само работата беше да не купувам малку песок и цемент, туку нешто готово да не има си реков.
Од DAST имав користено такви вреќи 25кг за подови за кошулица пред 5-6 години, ама ко за малер не ги сликав а дуќанот братот го затворе.  ;D

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 395
  • The best or nothing.
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8945 на: 25 Април 2024, 14:33:32 pm »
Цемент имаш во 25-килски вреќи. Додека песок, не мора еден кубик да земеш, исто и тој иде на вреќи. Кај мене вреќа е 200 денари. (белите вреќи)

Отсутен nikomil1

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 725
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8946 на: 25 Април 2024, 14:45:54 pm »
frli edno oko ovde https://www.rojalinvest.com.mk/pesok-cement-malteri-i-dr

imash i cement i pesok i gotov beton vo vrekji bash kako shto sakash (samo ne pishuva koja granulacija e)

javi si se vo rojal invest razberete se

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8947 на: 25 Април 2024, 14:49:07 pm »
Ројал се продавачи. Јас би прашал во Адинг на меил.
Готови малтери имаш од малтерисување ѕидови до правење плочи и темели. Голема разлика.
Олма=самонивелирачка смеса

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6445
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8948 на: 25 Април 2024, 18:59:32 pm »
Адинг добра вебстрана имаат, ама тоа што барам немаат, ама ете ќе се јавам на телефон утре.

Изгледа ќе се оди на песок со цемент, ама Битола немам видено во вреќи песок да продаваат,
ако најдам добро ќе биди, ако не пола кубик со камион да ми донесат не ми бега.

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2171
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8949 на: 25 Април 2024, 19:11:34 pm »
Во Подем стовариштето продаваат вреќи песок. Последно беше 80 денари вреќата.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8950 на: 25 Април 2024, 19:27:25 pm »
Адинг добра вебстрана имаат, ама тоа што барам немаат, ама ете ќе се јавам на телефон утре.

Изгледа ќе се оди на песок со цемент, ама Битола немам видено во вреќи песок да продаваат,
ако најдам добро ќе биди, ако не пола кубик со камион да ми донесат не ми бега.

За Тамче турата кошта повеќе од самиот песок.

Поисплатливо ти е да запалиш колата до Скопје, да изарчиш едно експрессо и да фрлиш некоја вреќа во гепек.

Ако ти затреба повеќе песок - поарно цела тура да наполниш отколку само малку :)
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8951 на: 25 Април 2024, 19:29:52 pm »
Песок има и Прилеп, поблиску му е. Баш подоцна ќе прашам колку кошта една вреќа (од белите) песок. Не се сеќавам, а баш пред некој месец туравме кошулица на паркингот кај што ми стои колата.

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8952 на: 25 Април 2024, 20:58:20 pm »
Битола може нема аеродром, ама песок мора да има.
Почекај @MecheTo да се упали. Он возеше песок едно време. 2 кипања на градилиште,  еден ќип дома у двор.  :P ;D ;D
Никогаш не вели никогаш.

Присутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8953 на: 26 Април 2024, 07:28:26 am »
Песок има колку сакаш,не сум во тек со муабетот,ама ако треба ќе ти пуштам одма еден шлепер 25 кубици(40тина тона горе долу),сакаш од Росоман сакаш од кај Стентоно.
Инаку незнам дали има по стовариштата во вреќи,прашај по стоваришта,ако немаат купи неколку вреќи(колку шо ти треваат,по 10-15 денари е вреќата) и оди накопај од некаде или од стовариште наполни ги.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6445
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8954 на: 26 Април 2024, 07:34:34 am »
Ќе те барам за 25кубици.  ;D

На влезот од Битола седам, стовариштата и песок во 1-2км ми се сите, ама сака преговарање за пола кубик а поголем проблем ми е вишокот.
Шо вика Нандор, Тамчето и скипчето повеќе гориво ќе потрошат него песокта шо ќе кошта.

Ама пак, шо куќа е таа без кубик песок пред двор цело време, а реков помодерен да бидам со готови смеси и вреќулиња, ноктињата да не ги искршам, ама ништо од бизнисот.  ;D