Пред да ги репарирам, колата на секоја нерамнина пливаше, на некои посаглам нерамнини со нешто поголема брзина, знаеше до граничник да удри амортизерот. Да не зборам за премин преку легнати полицајци, уште 2 минути неможеше да се стабилизира. Со рака врз крило кога притискав, комотно до доле клекнуваше, и кога ке тргнев раце, уште два пати што се вели продолжуваше.
После репарација, се ова го снема, ниту можев со рака да ја клекнам до земја, ниту пливаше по нерамнини, особено после премин на легнати полицајци.
Се ова што го имаше колата пред репарацијата, го снема после репарација.
Вредност 40%. Нели 40% амортизери, колата ке се љуља, в ендек ке завршиш ?
Недај боже да ми беа 80-90% вредност, на премин преку нерамнини, од што ке беа јаки амортизерите, ке се одвојуваа целосно тркалата од асфалт ?
Многу добро знам што било и како било, затоа велам тие проценти не треба да се земаат здраво за готово, ништо повеке. Неможе тазе репариран амортизер, го возам после репарација, разлика небо и земја во однос на претходно, да покаже толку ниска вредност.
Да беа на 40%, ке продолжеше однесувањето по нерамнини идентично како и порано.