Автор Тема: Амортизери, Спирали, Суспензија  (Прочитано 309918 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 50758
  • Махер
Амортизери, Спирали, Суспензија
« на: Февруари 29, 2012, 15:16:38 pm »
Не видов рекла-казала за Суспензија, па еве една. Тука може да се дискутира за промени и одржување на истата.  :)



Каде може кај нас  да се најде суспензија за Автомобили? Знам очигледно во Авто-Мобил, но што ако сакаме нешто различно од фабричкото?

Од каде нарачувате делови за суспензија, некои зимаа од интернет?

Што пари се фаќа промена на суспензија? Само спирали, комплет? Искуства?

На пример кога би менувал би сакал да ставам (рецимо) 2-4 цм пониски на колата?

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: Амортизери, Спирали, Суспензија
« Одговори #1 на: Февруари 29, 2012, 15:25:13 pm »
Не видов рекла-казала за Суспензија, па еве една. Тука може да се дискутира за промени и одржување на истата.  :)



Каде може кај нас  да се најде суспензија за Автомобили? Знам очигледно во Авто-Мобил, но што ако сакаме нешто различно од фабричкото?

Од каде нарачувате делови за суспензија, некои зимаа од интернет?

Што пари се фаќа промена на суспензија? Само спирали, комплет? Искуства?

На пример кога би менувал би сакал да ставам (рецимо) 2-4 цм пониски на колата?

http://www.bilstein.de/en-uk/home.html?int=1

има доста објаснувања околу суспензијата и категориите на амортизери.... од замена за фабричките до поскапите спортски модели

Отсутен AllMightyMe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6327
Одг: Амортизери, Спирали, Суспензија
« Одговори #2 на: Февруари 29, 2012, 15:39:52 pm »
Претпоставувам идејата на Дени е за буквално се од подвозје, не само амортизери и спирали?

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Амортизери, Спирали, Суспензија
« Одговори #3 на: Февруари 29, 2012, 15:41:23 pm »
Од интернет или од Грција, ако нема кај нас по огласи :)

Промена кај некој малце по асален мајстор за не премногу пари (зависи од мајсторот, али помалце од 50 евра).

Јас дури се мислам да купам спирали и пред да купам кола, имам некоја таква комбинација ;D


Ова се ти го пишувам за спирали, слично е и за coilovers.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 50758
  • Махер
Одг: Амортизери, Спирали, Суспензија
« Одговори #4 на: Февруари 29, 2012, 15:46:29 pm »
Идејата е да разговараме на темата. Може и се, може и само амортизери, може и само спирали.


Коиловери да се стават цели, пониски за 3 сантими или има и нешто плус?

@Banzai благодарам тоа е многу корисна информација! :)

Еве и еден корисен линк на темава:

http://www.clubpolo.co.uk/forum/lofiversion/index.php/t133943.html



Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5986
  • 69
Одг: Амортизери, Спирали, Суспензија
« Одговори #5 на: Февруари 29, 2012, 16:42:10 pm »
Одлична тема за дискусија..Прашање на место, а и размислување..
Моите видувања се следните.
Кратење на спирали не би правел...Прво што нема да добијам ништо позитивно, а негативно ке биде следново:
1.Ке ги ебам амортизерите бидејќи ке бидат постојано напнати, а со само тоа и ке издишат за кратко време...
2.Колата ке изгуби на стабилност. На дупки наместо да ги ублажува ударите, амортизерот ке тежнее да се врати во првобитна состојба, односно ке напнува за да се врати...За кратко време штом ке издиши, ке изгуби секакво својство, па колата ке скока како коњско арабаџиско возило.
3.Спиралата никогаш нема правилно да лежи на чашката, со самото тоа постојано ке биде шарам барам...Никогаш нема да можеш како што треба да ја дотераш - агол, нагиб итн.
4.Предницата полека и сигурно ке се сјебува, почнувајќи од јабучици, лагери, спони итн.

Значи ова првово отпаѓа дефинитивно...
Навртување на спирали.
единствено нешто кое ке биде подобро од горе споменатото е тоа што спиралата ке лежи добро во чашката, па оној момент со центрирање ке биде елиминиран...НО...Значи постои НО....Спиралата во фабрика се мота на одреден начин со одредена постапка...Дали ладно намотување или топло намотување, зависи од технологијата а изработка на истите.
Значи металот е свиткан, има одредени својства. Еластичност, трвдост, крутост, кртост...
Што се случува со загревање на металот...Нормално зависи од температурата, али глобално се менува структурата на меѓумолекуларните врски, односно решетката во самиот материјал...Со загревање дефинитивно се менуваат својствата на металот, односно кртоста, и еластичноста. + рачното загревање и навртување не може да биде подеднакво долж целата спирала, туку на одредени места е поголема или помала, во зависност од фатот на мајсторот. А и ладењето е исто така по постапката на загревање многу битен момент...Ако се олади нагло, ке се зголеми кртоста, ако се лади пополека ке остане мека, ке нема еластичност. Значи дефинитивно има мајсторија, но...Сепак тоа е специфична работа која се прави по одредени критериуми и начини.
Тука освен лежењето у чашката како што реков, ке ги набројам и сите други негативности кои ги кажав.

Но некој ке се најде многу мудар и ке рече дека ке ја скрати шипката од амортизерот и ке направи преработка...Но повторно според мене тоа ке биде погрешно...Зошто...Затоа што тој кратен амортизер никогаш нема да ги има вистинските својства на амортизер. Параметрите за изработка се внимателно одбрани од страна на многу инжињери кои мислеле и сметале и тестирале и пресметувале...да не терам даље муабет, мислам дека нема потреба.

И последно според мене е следново...
Да си набавите семирејсинг амортизери и спирали...Амортизерот ке има пропишана димензија, спиралата ке биде фабрички намотана, без греење, сечење итн, а одот на амортизерот ке си биде соодветен на силата на притискање или олабавување на спиралата. Ништо нема да биде пренапрегнато, предницата ке биде права, нагибите на тркалата ке си се дотераат без никаков проблем...
Колата ке биде спуштена и ке биде стабилна, односно амортизерот ке функционира баш онака како што треба. Односно ке ја држи колата стабилна и нема да дозволи фрлање при влегување во кривина...
Единствено нешто кое во овој случај ке го изгубите ке биде удобноста при возењето.
И нормално векот на траење на останатиот дел од предницата заради поголеми вибрации...

Јас сум за последнава варијанта..Колку и да се чини поскапа, секогаш на крајот испаѓа дека е најефтина и најисплатлива...
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен IvO

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1678
Одг: Амортизери, Спирали, Суспензија
« Одговори #6 на: Февруари 29, 2012, 18:36:48 pm »
кога би собрал пари и би се решил да мењавам би идел на оваа варијанта ... а може и спирали apex али нема да биде исто без амортизери  ..

Отсутен mrmut

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 731
    • http://VisitsToMoney.com/index.php?refId=601060
Одг: Амортизери, Спирали, Суспензија
« Одговори #7 на: Февруари 29, 2012, 19:14:12 pm »
Јас во амортизери сам си решавам се си комбинирам од други коли сега за сега не сум имал потрба да купувам спирали туку ги правам тука во МК и тоа како сакам и колку сакам да е тврда и која висина сакам ;D
Искрено правено муабет за мојата кола (бубата) напред имам амортизери од ауди 100 bilstein а задни од КИА комбе KYB





Зиваната што ја гледате е за пумпање на амортизерот за нианси на помеко - потврдо
Фабрички одпозади има торзиони вратила , јас ги остранив и савам спирали.






Околу гумички и останати работи во предница-задница се извадени и е направено на уни бал (повеќе насочно лежиште) е околу ова е многу по трајно и многу по голем осет на волан и пошлусност на колата и една негативна работа малце е по бучна дека нема гумена врска меѓу вилушките и шасијата.

Отсутен IvO

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1678
Одг: Амортизери, Спирали, Суспензија
« Одговори #8 на: Февруари 29, 2012, 19:27:43 pm »
а варовите мислиш ке траат подолго ? хмм :)

Отсутен Vlado

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 371
Одг: Амортизери, Спирали, Суспензија
« Одговори #9 на: Февруари 29, 2012, 20:14:57 pm »
Дали гумици на виљушки, играат улога во висината на колата?
Сузуки Свифт 1.3

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5986
  • 69
Одг: Амортизери, Спирали, Суспензија
« Одговори #10 на: Март 01, 2012, 00:52:00 am »
Toa e toa!

Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8515
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Амортизери, Спирали, Суспензија
« Одговори #11 на: Март 01, 2012, 13:45:27 pm »
Јас одамна ќе земев федери и амортизери ама нема избор за спуштањето, јас сакам малку, не е финтата 15цм да ја спуштам сакам да кажеме само 5цм. Затоа не сум дирал уште ништо.

Имали кај готови производи ваков избор?

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 27383
  • Kanzerwagen Golf 2.0 TDI
    • Evolutive.mk
Одг: Амортизери, Спирали, Суспензија
« Одговори #12 на: Март 01, 2012, 13:47:14 pm »
И 5 цм е многу. Реално, максимално спуштање што би го препорачал е ~30мм. Све пониско од тоа ризикуваш да намалиш (и тоа многу) на секојдневната употребливост на колата.

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8515
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Амортизери, Спирали, Суспензија
« Одговори #13 на: Март 01, 2012, 13:51:04 pm »
Бројките така одприлика ги пишав , јас на пример би идел и 2 цм, па макар и изгубил, зјаат многу дупките меѓу, ама се повеќе за мене не е тоа тоа и не би го направил. Уствари затоа сеуште го немам решено тој проблем.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Амортизери, Спирали, Суспензија
« Одговори #14 на: Март 01, 2012, 13:57:59 pm »
Спирали не ти помагаат?
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.