А ми текнува на времето колку жустро го напаѓаше епл, дури и незгодно ми беше да ти вратам
Сепак ти си каде каде по искусен од мене во ИТ делот, али мене како корисник и тогаш и сега епл ми е совршен избор, а не се шетам со лаптопот во град па да ми е битно дали има или нема јаболче.
За дел од работите сеуште плукам и ќе плукам. За дел од работите престанав да плукам откако сватив дека не се за плукање и не сум игнорантен за да имам проблем да признаам дека во тој поглед сум еволуирал.
На пример, плукав и пак ќе плукам по тоа што за ситни разлики во перформансите на телефоните Епл наплаќа десетоструко. Да речеме разлика од ајФон со 16 и 64 гига флеш. Исто плукам и по цената по која се продава ајФон во однос за она кое го нуди и затоа кога бирав службен телефон избрав Ноте 4 и покрај тоа што немав никаков финансиски лимит за да изберам ајФон 6 плус 128GB (со неверојатен 1GB RAM).
Исто така плукав и пак ќе плукам кога во понудата на Епл ќе има ајМек со една генерација стар хардвер и истиoт ќе се продава поскапо отколку кастм хај-енд машина која го брише патосот со ајМек во сите апликации познати на човештвото, а притоа кастм машината ќе има поквалитетна или подеднакво квалитетна периферија и хардвер. На пример кога ја купив првата i7–ца во 2008–ма за 500 евра повеќе Епл нудеше Core 2 Quad со помалку RAM меморија, помалку и поспори хард дискови и P45 ванила матична без никакви опции и можности. Во мојата конфиуграицја имав хај-енд матична Asus P6T-Deluxe на која i7 920-ката го работев клокнат на 4.2-4.4GHz со што беше речиси двојно побрз од ајМек-от во понудата на епл, односно за професионална работа беше брз колку двојно поскапиот Мек Про. Значи не е исплатливоста во прашање, т.е. никаквиот однос на перфрорманси и цена туку општо никаквата понуда на застарен и инфериорен хардвер.
Но затоа никогаш не ги плукав нивните дисплеи, туку од секогаш се воодушевував и ги посакував. За жал до сега не сум си купил Епл дисплеј затоа што секогаш ми беа премногу скапи оние кои ги сакав, а за парите кои ги имав на располагање секогаш имаше подобар избор од Епл.
Шминка-буковите, како што ги нарекував мекбуковите, ги плукав до пред три години кога малку од малку се оправија со цените во однос на она кое го нудеа, а ги засакав од пред година и кусур кога почнав да користам еден. Тоа е најкомпактното и најквалитетно сработено парче на хардвер кое сум го користел.
PRO-то е скоро па двојно поскапо од В300, али ево-то е веќе исплатлива доплата.
Се збуни малку Дени, ваљда мислеше на EVO кое не е топ оф да лајн, но споредено со V300 е многу многу подобро и вреди далеку повеќе за парите отколку V300 или PRO. Практично за 20% повеќе пари со EVO добиваш 100% повеќе перформанси, 4% повеќе простор и многу поголема доверливост од V300. Кај хардверот луѓето обично плаќаат 100% повеќе пари за да добијат 20% повеќе перформанси, па така V300 воопшто не би требало да се земе во предвид кога веќе се купува SSD. Да беа ниајнси во прашање можеби ќе имаше смисла било какво оправдување на срање ко V300, но во случајов со позитивна препорака за такво срање се прави штета на оној кој ќе послуша таков совет и ќе се заебе да го купи.