Автор Тема: Проблем кај Пежо 106 дизел - грејачи  (Прочитано 4145 пати)

Отсутен shajka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 165
Проблем кај Пежо 106 дизел - грејачи
« на: 10 Јануари 2012, 21:19:05 pm »
При палење сијаличката за грејачите не се пали а и моторот пали после 3,4 верглања. Што може да биде проблемот, некој осигурувач или релеј или нешто трето?

Отсутен Jove

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3129
Одг: Проблем кај Пежо 106 дизел - грејачи
« Одговори #1 на: 10 Јануари 2012, 21:23:34 pm »
Од кога почна да не свети,почна да се појавува проблемот со палењето или и опред тоа беше така ???
Ако било и пред тоа така може да е изгорена сијаличката..

А ако не е така,прво провери дали иде струја до греачите,па после може да се прави муабет
Losers always whine about their best, winners go home and fuck the prom queen :)

Отсутен shajka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 165
Одг: Проблем кај Пежо 106 дизел - грејачи
« Одговори #2 на: 10 Јануари 2012, 21:27:28 pm »
Сијаличката почна денес да не се пали а исто и моторот не се пали, претходно сијаличката се пали се гаси и се дава контакт за палење и моторот си пали. Ама денес сабајлето запали убаво а попладнево ни сијаличката се пали ни моторот како што треба. Претпоставувам да е некој релеј?

Отсутен Jove

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3129
Одг: Проблем кај Пежо 106 дизел - грејачи
« Одговори #3 на: 10 Јануари 2012, 21:37:49 pm »
Автоматчето што ги гаси временски грачите може да е расипано,а може и некој релето кое прави контакт да нечини
Прво провери дали иде струја на греачите
Losers always whine about their best, winners go home and fuck the prom queen :)

Отсутен shajka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 165
Одг: Проблем кај Пежо 106 дизел - грејачи
« Одговори #4 на: 10 Јануари 2012, 21:50:54 pm »
OK утре ќе оди на проверка, ако не оди струја на грејачите што може да биде?  Главното реле работи бидејќи после гасење на моторот дава звук дека се исклучува. Можно е да биде автоматчето што го спомна што ги пали гаси грејачите.

Отсутен Jove

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3129
Одг: Проблем кај Пежо 106 дизел - грејачи
« Одговори #5 на: 10 Јануари 2012, 21:55:34 pm »
OK утре ќе оди на проверка, ако не оди струја на грејачите што може да биде?  Главното реле работи бидејќи после гасење на моторот дава звук дека се исклучува. Можно е да биде автоматчето што го спомна што ги пали гаси грејачите.
Види ова што ти го рече не е логично,бидеќи греачите не се цело време уклучени деодека работи колата,туку додека ја палиш!
Провери го и осигурувачот,најверојатно тој е прегорен..30А е тој осигурувач
Или автоматчето што ги исклучува греачите ти е расипано или ти е прегорен осигурувачот,друго нема што да биде
Losers always whine about their best, winners go home and fuck the prom queen :)

Отсутен shajka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 165
Одг: Проблем кај Пежо 106 дизел - грејачи
« Одговори #6 на: 11 Јануари 2012, 09:47:33 am »
По утринското визуелно гледање на моторот изгледа ќе да е автоматчето бидејќи доста јако мириса и има стопени пластични делови паднати под него. Осигурувачот не е, жичката не е прекината.
Благодарам Јове за информациите.
 

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2205
Одг: Проблем кај Пежо 106 дизел - грејачи
« Одговори #7 на: 11 Јануари 2012, 13:24:32 pm »
И јас го имав истиот проблем кај аудито,испадна дека е сензорот  за вклучување на греачите,односно кога моторот е загреан не вклучуваат греачите а кога е ладен вклучуваат,и тој сензор покажуваше топол мотор и не вклучуваше греачи.1000 денари го земав и 100 денари за промена.Кај тебе релето отидено е по тоа што го кажуваш.
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен TDI power

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 26
Одг: Проблем кај Пежо 106 дизел - грејачи
« Одговори #8 на: 11 Јануари 2012, 15:55:36 pm »
Провери го автоматчето и релето,а нормално и греачите еден по еден.....5 минути работа е...Јас денес сменив еден на 106 ката,другите беа во ред и палеше но одкако ке запалеше клоцаше едно 4-5 секунди па потоа се смируваше моторот....Пред година дена ги сменав сите 4 -FLENNOR - Germany кои се покажаа крајно неквалитетни,а тој што не чинеше не беше изгорен туку беше раздвоен -лошо склопен.....

Отсутен shajka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 165
Одг: Проблем кај Пежо 106 дизел - грејачи
« Одговори #9 на: 11 Јануари 2012, 20:41:42 pm »
Дефинитивно е релето за грејачите. Го извадив и пола е стопено. Тоа е релето што се наоѓа од лева страна на моторот заштрафено на резерварот за антифриз. Џекот на релето е со 7 пина сите во линија и изгледа со маки ќе го најдам да го купам.  Проверив на три места или немаат реле или имаат со 5 пина. Кој може да помогне кај да побарам благодарам однапред!

Отсутен shajka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 165
Одг: Проблем кај Пежо 106 дизел - грејачи
« Одговори #10 на: 12 Јануари 2012, 18:22:39 pm »
ДЕЧКИ дај препорачајте ми каде да го барам реле-то. Вчера и денес го барам низ Скопје никаде го нема.
HELP !

Отсутен S16-HGT

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4442
  • НУКЛЕАРЕН КОМАРЕЦ
Одг: Проблем кај Пежо 106 дизел - грејачи
« Одговори #11 на: 12 Јануари 2012, 18:24:06 pm »
Кај Мојсо или кај електричарите кај Олимписки.

Отсутен shajka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 165
Одг: Проблем кај Пежо 106 дизел - грејачи
« Одговори #12 на: 12 Јануари 2012, 18:29:56 pm »
Кај Мојсо или кај електричарите кај Олимписки.
Мојсо ? кој е овој , кај Олимписки знам кај е електричарот ама не знам дали продава нови делови.

Отсутен S16-HGT

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4442
  • НУКЛЕАРЕН КОМАРЕЦ
Одг: Проблем кај Пежо 106 дизел - грејачи
« Одговори #13 на: 12 Јануари 2012, 18:38:07 pm »
Абе Шајка, Peugeot возиш, а не знаеш кој е Мојсо.

Мојсо, односно сервисот ММ се наоѓа на бул.3-та Македонска Бригада 1,
телефон: (02) 2460 730, телефон 2: (070, 075) 220220
локација: спроти Раде Кончар или поточно во насока од ОУ 11 октомври во населба Пролет кон населба Лисиче, 100- тина метри пред раскрсницата кај Тинекс од лева страна.

Отсутен shajka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 165
Одг: Проблем кај Пежо 106 дизел - грејачи
« Одговори #14 на: 12 Јануари 2012, 19:00:56 pm »
Па друже не сум имал среќа или несреќа да ги научам сервисериве во градов. Ова е прво нешто "големо" што се јавило за поправка. А веќе после 12 години време му е нешто да откаже. Фала за броевите утре ќе проверам.