^^
Значи дека не му треба компјутер вграден во телевизорот... Ваљда пошто телевизорот не му треба како замена за компјутер (исто како што компјутерот не му е замена за телевизор).
...секој квалитетен телевизор е смарт.Само најниските серии не се паметни,а тука губи,не само тоа што немаат смарт,туку и на слика,и на приклучоци,и буквално на цела изработка.
...
УСБ 3.0(пази на ова многу)
А може ли да објасниш, еден телевизор кој нема „смарт“ функции (читај нема вграден ефтиканерски андроид комп.), како тоа го прави да има „полоша слика и полоша цела изработка/квалитет“?
Понатаму, каква потреба имаш од ју-ес-би 3 стандардoт на телевизор??
Каква предност ќе добиеш во однос на поспорите USB стандарди... На телевизорот мислам. 
Mногу едноставно.Дали самсунг од 14000-15000 и тој од 25000 имаат ист квалитет на изработка
Немаат.Помалку усб-порти,помалку приклучоци.Оптички или дигитални влезови фалат итн
Најевтиниот од Самсунг е крш телевизор,впрочем речиси кај сите марки.материјалите кај најевтините се на најниско ниво што фабриката може да си го дозволи со минимум стандарди
Прво, не ги менувај работите - те прашував за телевизор од ИСТА КЛАСА, едниот има андроид РС а другиот нема - според тебе тој со андроид цитирам „има подобра слика и изработка„. 
Второ, никаде не ги спомнуваш најважните работи во еден телевизор: контраст, бои, сатурација, квалитет на слика, брзина на матрица, итн... Демек најважно било колку (непотротебни) приклучоци има еден телевизор. 
И како за една општа информација, денешниов Филипс не може ни да се стави во иста реченица со Самсунг - кога зборуваме за квалитет. Како да ги споредуваш Тата со Хјундаи. 
На страна што еден chromecast од малку пари целата таа смарт „предност“ ќе ја стави на страната на било кој не-смарт телевизор. 
усб 3.0.Па зарем веќе има нови хдд со 2.0.Не верувам да има.За протокот на податоци и да не збориме.Од слики,филмови,големи фајлови итн
Веќе 2.0 е во фаза на умирање и секој ден тоне се повеќе односно тоа значи се помалку уреди на 2.0
кај 3.о нема проблем.ЌЕ си работи и 2.0 и 3.0 генерацијата.
Колку време ќе ми треба да ставам 100 гига фајл од компјутер на хдд 2.0 а колку на 3.0
Си има предности другар.Сакале да признаеме или не.Верувам се согласуваш
Се разбира дека не се согласувам.
Прво не те прашав за разликите меѓу УСБ стандардите. Те прашав како тоа тебе те тангира додека гледаш телевизија - или филмови од УСБ?
Пошто на телевизор се гледаат филмови, или телевизија. Затоа тој уред се вика телевизор. Не се вика компјутер.
Префрлање на „100 гига фајл од компјутер на хдд“, тоа се прави на компјутер. Зошто побогу би се куропецал да правиш фајл трасфери на ебаниот телевизор?? (па уште и од 100гига)
Даље, изгледа не ти е познато дека на усб2 порт можеш да закачиш усб3 хдд или флеш стик - без никакви проблеми. Поспор ќе биде преносот? Па колку bandwidth ти треба за репродукција на HD видео?
Ајде да провериме:
https://help.netflix.com/en/node/306
3.0 Megabits per second - Recommended for SD quality
5.0 Megabits per second - Recommended for HD quality
25 Megabits per second - Recommended for Ultra HD quality
Колку е bandwidth на усб2 портот?
http://www.pcworld.com/article/2360306/usb-3-0-speed-real-and-imagined.html
480 megabits per second
The now-aging USB 2.0 standard can theoretically transfer data at a very high 480 megabits per second (mbps), or 60 megabytes per second (MBps). That's impressive, but not as much as the newer USB 3.0, which can handle up to 5gbps (640MBps)
Ако не ти успева да ги протолкуваш податоциве, фактите се дека преку усб2 не само што може да пушта фул ХД видео - туку може и Ultra HD видео. Факти пријателе. Не дека продавачите утре нема да те убедат дека тебе ти е неопходен и УСБ4 на еден телевизор. 
Телефонов на пример на стари усб порт не ми го препознава.
На 3.0 се разбира си работи.Значи уште сега е веќе стара генераицја 2.0
Затоа што најбитна работа кај еден телевизор е да можеш телефонот да го приклучуваш?

Батка, тебе ти треба компјутер. Остави го телевизорот за тоа за што е наменет. 
Епа другар јас ако те слушам тебе треба и фиксниот телефон да го вратам место мобилниот.Јас кажувам како на еден уред да си ги завршам сите работи
А ти велиш,не треба смарт или андроид не ги бива.купи си обичен тој има подобра слика,а излези не требаат
купи chromecast односно додаден уред
И најголемата глупост или инает твој.
Да купам или палам компјутер за да префрлувам слики во телефонот,па истите да ги ставам на усб од 2.0 и да ги гледам после на телевизор,а да не се зезам само со еден приклучок на телефонот во телевизор и уште веднаш да си ги гледам сликите.
Значи 5 додатоци уште сега плус
Глупаво е да се стави телефонот во телевизор и веднаш да се гледаат слики видеа,а паметно е истиот телефон да се поврзе со компјутер па сликите да се префрлат,па потоа на усб да се стават па усб-то да го носам до телевизорот
Односно постапка која се врши со еден чекор да ја правам во 4-5 чекори.Има логика ова според тебе
Van не им збори вакви работи на членовите.Ова и на душман не би го препорачал.
Работа која што можам одма да ја завршам,да ја компликувам со минути и саати.
Јас усб-то на телевизорот го користам уште кога е испаднато.Си имам слики на стариот телефон и кога ќе дојдат куќни пријатели го приклучувам телефонот одбирам кој фолдер да го гледаат.Одам ставам кафе,а они во меѓувреме си ги гледаат сликите што и каде сум бил,што сум правел и си развивавме дискусија.
А на твојот начин како што велиш ти!Ми доаѓаат пријатели и треба да им кажам.Еј чекајте да ги префрлам сликиве од телефон на компјутер па да ги ставам на усб,па чекај нешто не ми сака усб-то,не ми го препознава.Изгледа вирус фатило,да го исчистам со антивирус прво.И додека да ги префрлам сликиве пријателиве ќе си отидат.
не ја бива вака друже.Барем не кај мене.Работа која што можам да ја завршам без да се мрдам од фотеља да ја компликувам.
Ќе ги цитирав и другите работи ама ми јави некоја грешка при постирање