Имав можност да го пробам новиот Кодиак, и од аспект на возач на претходниот (Еве веќе 5та година и околу 100К км) приметувам некакви разлики. Додуше јас се занесов со мојот па доплаќав и делумно адаптивна суспензија и звучна изолација, па овој новиов што го возев ми беше некако помалку прецизен, да не речам малку флафи. И да, овој возениов немаше дополнителна звучна изолација па не бев навикнат да го слушам моторот.
Она што ми се допадна е делумото играње со дизајнот кое кај Кодиак го немаше подолго време од причина што 1 серија и фејслифтот добро си тераа со продажба (Германија и Англија, не кај нас) Лично дизајнот внатре, топ, напред по мое релативно убав, ама позади ко за Борат да го праеле. Бочно гледано ми смета И сивиот триаголник пред гепекот. Чудно некакво дизајнерско решение. Од некоја причина е напуштен 200Кс дизелот, вратен е на 193, не знам зошто, ама веројатно и нема некоја разлика.
Она што Шкода треба да поработи се редовни апдејти на се во мултимедија и навигација со оглед дека ги наплаќа услугите. Во МК е околу 4.500 денари годишно и се прави онлајн или преку апликација или директ во колата.
Несреќното решение на копчето за рачна коа беше проблем во претходниот модел (ако се расипе се менуваат сет од копчиња) чинеше над 100 евра, тука е решено, со посебно копче. Дајалите се супер изведени и смислени, фали директно копче за селекција стандард/спорт/меко возење. Отворање на кров е со некои тач линиички. Седиштата се удобни. Практичните детали задржани како и дополнителните опции.
Мислам дека на овој Кодиак ќе му биде повеќе проблем цената, со оглде дека е поскап помеѓу 14 и 27 иљадарки во од претходниот во зависност од опремата што ќе се додаде. Да, знам дека сите коли се поскапени, но Кодиак тука го гледам како релативен губитник бидејќи ќе влезе во една сива зона каде купувачите би купиле некаков Тигуан или слично со помалку опрема.
Во релативно слична насока одат размислувањата и во европските форуми. Колку Шкода ќе успее да привлече нови купувачи со Кодиак мене ми е упитно. останува да видиме. Мислам дека корпорацискиото размислување оди на штета на Кодиак за сметка на бестселерите Октавија у Супберб, кои баш лесно се продаваат. Сеуште.