Автор Тема: Уморно мече со јако срце W210 E200CDI 2002 FAKE TAXI  (Прочитано 3911 пати)

Отсутен devourer

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 372
  • Мерцедес е мерцедес се друго е кола!
Уморно мече со јако срце W210 E200CDI 2002 FAKE TAXI
« на: 01 Септември 2024, 00:32:04 am »
Не знам од каде да почнам прва кола на мое име прва љубов!.Иако сум млад 25год не знам зошто ме привлекуваат стари мерцедеси од типот на w115/123/124/190/w140 итн.Мечето е произведено крај на 2001год и подадено на 08/02/2002год на такси компанија во дизелдорф.Колата е увезена во 2014год во Македонија, од човекот што ја земав ми кажа дека е во Германија е ставен “нов мотор и мењач со 0 км”.Кога отидовме да ја земеме со другар стоеше под дрво кај студентски дом пелагонија,немаше акумулатор и не била палена 2год.Ја запаливме и тоа е тоа,здрав дизел мотор со “270К КМ”
Прв пат возам мерцедес аутоматик и сум презадоволен како менува брзини има кик, одма враќа брзина до две подоле.За конфорот да не зборам влегуваш уморен излагаш одморен :D
Мотор:OM611.967 2.2 Е200 цди 85кв 115кс
Мењач:Аутоматик 5г троник
Класик ниво на опрема, стакла,ретровизори и седишта на струја, панорама, кожен црн ентериер, махагон, клима, вебасто, сензор за дожд, греач во резерварот за нафта и посудата за течност за стакла ,интегрирани седишта за деца на задна клупа и предно возачко седиште со комнади за масажа и пумпање на странични/горни/долни перничињата.(што за некое чудо и работи).
Каросериски е во очајна состојба секоја страница е лупната и изгребана, кој како стигнал се учел да фарба па има делови каде што се очајни,хаубата е удрена напред не стои како што треба, праговите на местата каде што се става дигалка почнале да скапуваат иако колата е цела кобитирана одоздола.Такси боја шампањ бела.
Под хауба за некое чудо се е оргинал мерцедес од црево до амортизери, пластични штрафови итн.
Колата планирам да ја возам неколку години  и ке вложам пари за да ја доведам во ред.
Работи што треба да се заменат се:држачи на мотор и мењач,цела предница со се амортизери, канален ремен ролер и се што иде со него заедно, уље во аутоматик (некои ми викаат не чепкај ако нема проблеми но ме копка дали воопшто е сменето, па ке го сменам за секој случај заедно со филтерот), уље во диференцијал,прагови и бандажи 16ки со летни гуми.
Два месеца ја имам оставив тест период и се покажа одлично, сменив предни и задни почки (набавени од прчот феби) се испостави и предна лева клешта да блокира па и таа се промени.
Плочки феби 3300 ден, половна лева клешта 2500ден, раб рака 2000ден комплет 7800ден
Колата е платена 1700евра и не жалам ниеден цент!
П.с Само овие 2 слики ги имам во телефон, деновиве ке ја исперам и сликам комплет.

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5654
Одг: Уморно мече со јако срце W210 E200CDI 2002 FAKE TAXI
« Одговори #1 на: 01 Септември 2024, 11:59:55 am »
Imam merac za ulje vo automatikot. Donesi ja kaj mene na parking nekoj den kje ja dzirneme kakva boja e kolku ima i dali mirisa. Ako e crvenkasto bez miris sigurno e smeneto i so mala km. Inace servis na menucacot.e od 6000 do 12000 den zavisi racno ili masinski. Inace te molam nemoj pun da da stiskas ako pusti malce crn dim od pozadi ima ekologisti ovde se potresuvaat kje te opnat na crna lista.

Отсутен devourer

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 372
  • Мерцедес е мерцедес се друго е кола!
Одг: Уморно мече со јако срце W210 E200CDI 2002 FAKE TAXI
« Одговори #2 на: 01 Септември 2024, 12:31:42 pm »
Imam merac za ulje vo automatikot. Donesi ja kaj mene na parking nekoj den kje ja dzirneme kakva boja e kolku ima i dali mirisa. Ako e crvenkasto bez miris sigurno e smeneto i so mala km. Inace servis na menucacot.e od 6000 do 12000 den zavisi racno ili masinski. Inace te molam nemoj pun da da stiskas ako pusti malce crn dim od pozadi ima ekologisti ovde se potresuvaat kje te opnat na crna lista.
Може да се договориме, планирав и јас да купам но 1500ден е.
П.с дали сите кај тебе почнале да возат коли на струја  :P

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 395
  • The best or nothing.
Одг: Уморно мече со јако срце W210 E200CDI 2002 FAKE TAXI
« Одговори #3 на: 01 Септември 2024, 12:33:30 pm »
Со здравје да ја возиш.

Не давај 1500денари. Влатче зема од алиекспрес за 250 денари.

Отсутен 1m74

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 9
Одг: Уморно мече со јако срце W210 E200CDI 2002 FAKE TAXI
« Одговори #4 на: 01 Септември 2024, 13:41:42 pm »
Со здравје да се вози, се надевам нема да биде колнет претходниот сопственик 😀

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5654
Одг: Уморно мече со јако срце W210 E200CDI 2002 FAKE TAXI
« Одговори #5 на: 01 Септември 2024, 17:19:49 pm »
Merac na aliexpres e 250-300 denari ne frlaj pari dzabe. Otvori vrati i gorniot keder na vratata sto e pomesti go ako e tuka pokazano rgja saniraj go toa im e slaba tocka znaci gorniot den i dolniot del na vratata.
Jas eve 4ta god kje puni kaj mene sum za sega zadovolen ama racunaj kako sto go zemav cel bese pretresen site tecnosti smeneti sega sum samo na redoven mal servis i eventualno stabilizator od 300 denari koj stradaat od dupkive po ulicive i selskiot pat sto go imam na rabota od 1km makadam so dupki i prugi. Toj mozes edno remapce da mu napravis malce da zivne da bide malce poprgav niz grad.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Уморно мече со јако срце W210 E200CDI 2002 FAKE TAXI
« Одговори #6 на: 01 Септември 2024, 18:00:42 pm »
Ако е во ред сѐ со сензорите и моторот ќе живне доста. 150кс.

Отсутен devourer

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 372
  • Мерцедес е мерцедес се друго е кола!
Одг: Уморно мече со јако срце W210 E200CDI 2002 FAKE TAXI
« Одговори #7 на: 01 Септември 2024, 18:17:19 pm »
Merac na aliexpres e 250-300 denari ne frlaj pari dzabe. Otvori vrati i gorniot keder na vratata sto e pomesti go ako e tuka pokazano rgja saniraj go toa im e slaba tocka znaci gorniot den i dolniot del na vratata.
Jas eve 4ta god kje puni kaj mene sum za sega zadovolen ama racunaj kako sto go zemav cel bese pretresen site tecnosti smeneti sega sum samo na redoven mal servis i eventualno stabilizator od 300 denari koj stradaat od dupkive po ulicive i selskiot pat sto go imam na rabota od 1km makadam so dupki i prugi. Toj mozes edno remapce da mu napravis malce da zivne da bide malce poprgav niz grad.
Праговите на местата за дигање се партал, вратите долната страна  е малце почната ама санирана е "на цигански начин" , горе под кедерот е здрава, не знам како лајсната на вратата горе кородирала
Ако не ти е тешко прати ми линк од мерачот, па да нарачам и јас, кога стигне стигне.
Ако е во ред сѐ со сензорите и моторот ќе живне доста. 150кс.
Не сум за ремап и такви ствари, уживам додека возам 100/110 на автопат, сега за сега доволно ми е
Слика од кородираната лајсна, да ја средам механички па ке почнам да барам каросериски делови што се дотрајани.

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2082
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Уморно мече со јако срце W210 E200CDI 2002 FAKE TAXI
« Одговори #8 на: 01 Септември 2024, 20:15:47 pm »
Како и што сам посочи додека си младич мада и 25 е бројка бргу ке дојде 35 па така натаму,мило не си прави ден губа земи си поново возило камо човек да седнеш да завршиш работа да отпатуваш не си фрлај пари без везе а и времето да трошиш на вакво нешто ова ти е бунар без дно мој совет не троши време на мечето. Ова у студови децембар кога ке дојде леле мила мајко има газот мраз да фати ночи у сибиру лавине…

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5654
Одг: Уморно мече со јако срце W210 E200CDI 2002 FAKE TAXI
« Одговори #9 на: 01 Септември 2024, 20:41:02 pm »
Ete ekologistite se javija ti rekov. Nareden sovet kje bide zemi dodeka si mlad eden kredit od 35-40000€ stegni edno elektricno auto i cepaj. Da kje go otplakjas do nekoj sredni godini od tvojot zivot ama barem kje imas cista sovest pred odredeni clenovi na forumov....neli oni od mali vo elektricna kolevka se lulkani ama doma agregatot na dizel im raboti za polnenje na bateriite.
Eve ti za meracot
Just found this amazing item on AliExpress. Check it out!
MKD1,002.60 | 122cm Transmission Gearbox Dipstick for Mercedes 722.6 W163 W203 W208 W210 W211 Oil Dipstick Transmission Oil Level 1220mm
https://a.aliexpress.com/_Ezh8Gm5
Nesto cenive za nekoja stotka otisle nagore toj jas go nacekav 250 den. Listaj eden po eden ama gledaj obavezno da e za w210. Ako si okolu centar poveli nekoj den kje promoabetime na parking sto te interesira kje sredime. Malite displejcinja ako ne ti funkcioniraat za saat i temperatura imam covek sto gi sreduva cisto informativno.
« Последно менување: 01 Септември 2024, 21:03:25 pm Vlatce-Vectra »

Отсутен devourer

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 372
  • Мерцедес е мерцедес се друго е кола!
Одг: Уморно мече со јако срце W210 E200CDI 2002 FAKE TAXI
« Одговори #10 на: 02 Септември 2024, 00:41:25 am »
Ete ekologistite se javija ti rekov. Nareden sovet kje bide zemi dodeka si mlad eden kredit od 35-40000€ stegni edno elektricno auto i cepaj. Da kje go otplakjas do nekoj sredni godini od tvojot zivot ama barem kje imas cista sovest pred odredeni clenovi na forumov....neli oni od mali vo elektricna kolevka se lulkani ama doma agregatot na dizel im raboti za polnenje na bateriite.
Eve ti za meracot
Just found this amazing item on AliExpress. Check it out!
MKD1,002.60 | 122cm Transmission Gearbox Dipstick for Mercedes 722.6 W163 W203 W208 W210 W211 Oil Dipstick Transmission Oil Level 1220mm
https://a.aliexpress.com/_Ezh8Gm5
Nesto cenive za nekoja stotka otisle nagore toj jas go nacekav 250 den. Listaj eden po eden ama gledaj obavezno da e za w210. Ako si okolu centar poveli nekoj den kje promoabetime na parking sto te interesira kje sredime. Malite displejcinja ako ne ti funkcioniraat za saat i temperatura imam covek sto gi sreduva cisto informativno.
Фала на понудата влатче,ке ти пишам во порака ако не ти е тешко дај ми бројче па да направиме муабет на вибер!
Како и што сам посочи додека си младич мада и 25 е бројка бргу ке дојде 35 па така натаму,мило не си прави ден губа земи си поново возило камо човек да седнеш да завршиш работа да отпатуваш не си фрлај пари без везе а и времето да трошиш на вакво нешто ова ти е бунар без дно мој совет не троши време на мечето. Ова у студови децембар кога ке дојде леле мила мајко има газот мраз да фати ночи у сибиру лавине…
Имав буџет од 5/6к евра но ете w210 ми е мерак да возам, па ке видиме како ке се покаже.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4997
Одг: Уморно мече со јако срце W210 E200CDI 2002 FAKE TAXI
« Одговори #11 на: 02 Септември 2024, 09:02:04 am »
Sozdravje da go vozis, turi im pepel na pametnjakovicive. Ova vozilo ke gi nadzivee nivnite moderni lajnenca 3-4 pati

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk


Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Одг: Уморно мече со јако срце W210 E200CDI 2002 FAKE TAXI
« Одговори #12 на: 02 Септември 2024, 09:09:37 am »
И нокиа 3310 ќе го надживее лајното од кое што постираш но сепак не ја користиш.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Indigo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Уморно мече со јако срце W210 E200CDI 2002 FAKE TAXI
« Одговори #13 на: 03 Септември 2024, 00:39:47 am »
зошто има fake taxi во насловот ?
според описот на темата и моделот на возилото ми делува дека станува збор за actual genuine taxi.
also, млад си за пензионерски аута. земи нешто по шпицесто, како на примвер бенве.
« Последно менување: 03 Септември 2024, 00:46:38 am Indigo »

Отсутен devourer

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 372
  • Мерцедес е мерцедес се друго е кола!
Одг: Уморно мече со јако срце W210 E200CDI 2002 FAKE TAXI
« Одговори #14 на: 03 Септември 2024, 01:26:08 am »
зошто има fake taxi во насловот ?
според описот на темата и моделот на возилото ми делува дека станува збор за actual genuine taxi.
also, млад си за пензионерски аута. земи нешто по шпицесто, како на примвер бенве.
Такси било, сега е фејк такси  ;D може ке збеснам на 40/50+ со фамилија па ке се зима бмв, сега ова ми е милина за возење.