Автор Тема: 2021 Volkswagen Arteon Shooting Brake Facelift Elegance+  (Прочитано 6652 пати)

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5453
Одг: 2021 Volkswagen Arteon Shooting Brake Facelift Elegance+
« Одговори #60 на: 19 Октомври 2024, 19:15:14 pm »
Со олсизон ќе се огрди повеќе него ли со челични :D
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6362
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: 2021 Volkswagen Arteon Shooting Brake Facelift Elegance+
« Одговори #61 на: 19 Октомври 2024, 19:25:43 pm »
Ако сака да заштеди нека купи корса.  ;D

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2153
Одг: 2021 Volkswagen Arteon Shooting Brake Facelift Elegance+
« Одговори #62 на: 19 Октомври 2024, 19:41:05 pm »
Ако ова остане примарно возило, тогаш можеби "најисплатливо" решение се премиум олсизн гуми на секој 3 години. Тоа се 3 лета и 3 зими и ќе се вози пресна гума скоро везден. Уште еден сет бандажи и гуми си  повлеква повеќе пари.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3413
Одг: 2021 Volkswagen Arteon Shooting Brake Facelift Elegance+
« Одговори #63 на: 19 Октомври 2024, 19:56:06 pm »
www.kupujemprodajem.com

Да не акаш до Германија, стакло половни оригинални ќе најдеш тука по пристапна цена.

Отсутен Zizi

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 202
Одг: 2021 Volkswagen Arteon Shooting Brake Facelift Elegance+
« Одговори #64 на: 19 Октомври 2024, 23:30:36 pm »
AutoPjesëDoni на фб/инста побарај, има оригинални половни бандажи за vw, доста сочувани вака на слики.

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1380
Одг: 2021 Volkswagen Arteon Shooting Brake Facelift Elegance+
« Одговори #65 на: 19 Октомври 2024, 23:37:49 pm »
Челични бандажи за зимски гуми беше во мода 2005. Тогаш прв пат купив зимски гуми со челични бандажи. Беше јебано грдо ама мангуп со зимски...
За денес пресмешно.

Отсутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 195
  • Macedonia
Одг: 2021 Volkswagen Arteon Shooting Brake Facelift Elegance+
« Одговори #66 на: 20 Октомври 2024, 01:09:18 am »
не ми се верува што предложувате челични бандажи да ставел... ако било за поефтино да се помине можело и поефтина кола, астра караван стар на пример да си купи ете чим артеонот не му е примарна ;D не може да се оди по таа логика

На крајот на краиштата, форумот треба да се гледа како место за љубители на автомобили(зам), а не како да се помине поефтино иако предлозите треба да бидат издржани и во сооднос цена/квалитет на тоа што го добиваш.


Присутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6790
  • French diamond
Одг: 2021 Volkswagen Arteon Shooting Brake Facelift Elegance+
« Одговори #67 на: 20 Октомври 2024, 02:08:38 am »
Де бре дечки, Волксваген е, не е Ферари. Штом имаш второ возило и не ти треба оваа за на зима, не си фрлај пари за џабе за зимски.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг: 2021 Volkswagen Arteon Shooting Brake Facelift Elegance+
« Одговори #68 на: 20 Октомври 2024, 07:49:23 am »
Со олсизон ќе се огрди повеќе него ли со челични :D
И јас сум приметил дека некои шари страшно грдеат кола. Тигар зимските мислам беа такви

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6362
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: 2021 Volkswagen Arteon Shooting Brake Facelift Elegance+
« Одговори #69 на: 20 Октомври 2024, 10:24:44 am »
Исто како Рикен/Тигар летните со цветниот дезен на надворешна страна.  :-X

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6108
  • 69
Одг: 2021 Volkswagen Arteon Shooting Brake Facelift Elegance+
« Одговори #70 на: 20 Октомври 2024, 13:35:22 pm »
Aj i tuka.....

...Arteonot e so eden par felni, ne e daily driver, poslabo ke se vozi zimno vreme.
E sega, planirav ekstra set felni so zimski gumi, no me predomisluva toa sto zimite se meki, na skijanje idam ednas do dva pati u sezona, za sezonava Lancerot ima zelen karton i so nego ke idam(ima zimski gumi).

Dilemata e, dali da gi dovozam P Zeroto i naredno kupam all season premium, dali da zemam felni so zimski, ili samo zimski gumi i da se ebavam da menuvam na 20kite koj epten dobro lezat na Arteonot.

Dobro e sto vreme imam za odluka, zimava ne mora nisto da napravam.

https://youtu.be/zlGl1S7vrV8?si=trRaG9Jjli7CdXUa

Одлично прашање си поставил.
Научниците гледам почнаа со одговори. :D A 100 % сум убеден дека никој од нив немал премиум ОлСизн гуми, а ни премиум летни ни премиум зимски.
Значи да не се разбереме погрешно, најдобра варијанта е да имаш 2 пара бандаши, два пара премиум гуми, едни летни едни зимски.
Ама ако беше така сите да купуваме премиум коли, ке се продаваше еден бренд, истото важи и за летни и зимски гуми. А немаше да купуваме според реалните потреби.
По мене:
Имаш второ возило кое што има се што ти е потребно за екстремни зимски услови - снег и одење на планина, туле, држачи за скии и слично. Нема многу да му се секираш што е и како е, дали ке треба ланци, дали ке се гребне, чукне и слично, што е реална ситуација во зимски услови. Прво ако се оди во некој зимски скијачки центар, не ретко народ потпира скии, санки на туѓи коли. Второ, заврнал снег, ја затрупал колата. Тука помага тврда четка, лопата, метла...
А претходно си ја носел колата кај Даме на керамика, полирање, светнување, восоцирање...И? Бојата салата :D :D :D
Второ:
Генерално во Скопје и Македонија, освен на планинските превои и скијачки центри, нема снег. Да бидеме реални. Минатата година температурата не падна ни под 0, односно да, падна 7 или 8 денови...
И?
И ајде сега знанствениците ке почнат да филозофираат дека зимски гуми се за температури под 7, и тн...
Не се само за снег. :D :D :D
Трето:
Вози ги летните. Ништо не мењај и не фрлај пари за други бандаши и други гуми, кога веќе имаш за другата кола се. Ниту тие ниту па овие ке ги извозиш. Плус имаш службена кола....Не го заборавај тоа!
Четврто:
Штом ги истрошиш овие гуми што ги возиш, купи си GoodYear Vector AllSeason гуми.
Michelin CrossClimate All Season се тешко срање од гуми. Летни се 90%, за зимо не се уопште. Можеби само првата година ќе бидат добри, но и покрај тоа никогаш не би ги купил повеќе. Два пати им дадов шанса и вториот пат толку многу се покајав што ги сменив после втората сезона и поминати 15 000 км.... Премногу се бучни и тврди, што е неспецифично за толку скапи и премиум гуми. Тигар AllSeason имаат 60% подобри возни карактеристики од Мишелинот.
Good Year- oт сега за сега ми се фаворит кој не би ги мењал во ниеден момент за ниедни други кога се работи за оваков тип гуми. Меки, удобни и тивки пред се. А тебе ти треба се да има од ова. Зошто Артеонот е со тврдо подвозје.

Има да ги згазиш од возење и од мене имаш препорака за таков тип на гуми за третото возило кое што генерално ти е викенд возило за патување...

Заштедените пари потроши ги со децата и жената на едно патување плус во пролет или есен, кога и не ти требаат зимски гуми. Секако најдобри се тие патувања. Во зимо секако ако не скијаш се е одвратно почнувајќи од калиштата и кашкаиците кои би ги направил снег, кој и го нема :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен godofspeed

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2836
Одг: 2021 Volkswagen Arteon Shooting Brake Facelift Elegance+
« Одговори #71 на: 20 Октомври 2024, 15:14:14 pm »
Јас скоро за сите коли имам 2 пара гуми и бандаши.Исто и сега на пасатот. Летни 17-ки и зимни 16-ки (пар гуми и бандаши).Нема поубаво од тоа.Сега одлучив да ставам TOYO зимни гуми.Ке ги местам следната недела.Летни имам Bridgestone и се скоро нови.Така да на секој му препорачувам ако може да си ја дозволи таа комбинација.

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 322
  • The best or nothing.
Одг: 2021 Volkswagen Arteon Shooting Brake Facelift Elegance+
« Одговори #72 на: 20 Октомври 2024, 15:23:49 pm »
Ништо Денде, терај со летни гуми. Бетер ќе се збуниш вака.

Присутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2697
  • Слобода или смрт
Одг: 2021 Volkswagen Arteon Shooting Brake Facelift Elegance+
« Одговори #73 на: 20 Октомври 2024, 20:27:10 pm »
Aj i tuka.....

...Arteonot e so eden par felni, ne e daily driver, poslabo ke se vozi zimno vreme.
E sega, planirav ekstra set felni so zimski gumi, no me predomisluva toa sto zimite se meki, na skijanje idam ednas do dva pati u sezona, za sezonava Lancerot ima zelen karton i so nego ke idam(ima zimski gumi).

Dilemata e, dali da gi dovozam P Zeroto i naredno kupam all season premium, dali da zemam felni so zimski, ili samo zimski gumi i da se ebavam da menuvam na 20kite koj epten dobro lezat na Arteonot.

Dobro e sto vreme imam za odluka, zimava ne mora nisto da napravam.

https://youtu.be/zlGl1S7vrV8?si=trRaG9Jjli7CdXUa

Одлично прашање си поставил.
Научниците гледам почнаа со одговори. :D A 100 % сум убеден дека никој од нив немал премиум ОлСизн гуми, а ни премиум летни ни премиум зимски.
Значи да не се разбереме погрешно, најдобра варијанта е да имаш 2 пара бандаши, два пара премиум гуми, едни летни едни зимски.
Ама ако беше така сите да купуваме премиум коли, ке се продаваше еден бренд, истото важи и за летни и зимски гуми. А немаше да купуваме според реалните потреби.
По мене:
Имаш второ возило кое што има се што ти е потребно за екстремни зимски услови - снег и одење на планина, туле, држачи за скии и слично. Нема многу да му се секираш што е и како е, дали ке треба ланци, дали ке се гребне, чукне и слично, што е реална ситуација во зимски услови. Прво ако се оди во некој зимски скијачки центар, не ретко народ потпира скии, санки на туѓи коли. Второ, заврнал снег, ја затрупал колата. Тука помага тврда четка, лопата, метла...
А претходно си ја носел колата кај Даме на керамика, полирање, светнување, восоцирање...И? Бојата салата :D :D :D
Второ:
Генерално во Скопје и Македонија, освен на планинските превои и скијачки центри, нема снег. Да бидеме реални. Минатата година температурата не падна ни под 0, односно да, падна 7 или 8 денови...
И?
И ајде сега знанствениците ке почнат да филозофираат дека зимски гуми се за температури под 7, и тн...
Не се само за снег. :D :D :D
Трето:
Вози ги летните. Ништо не мењај и не фрлај пари за други бандаши и други гуми, кога веќе имаш за другата кола се. Ниту тие ниту па овие ке ги извозиш. Плус имаш службена кола....Не го заборавај тоа!
Четврто:
Штом ги истрошиш овие гуми што ги возиш, купи си GoodYear Vector AllSeason гуми.
Michelin CrossClimate All Season се тешко срање од гуми. Летни се 90%, за зимо не се уопште. Можеби само првата година ќе бидат добри, но и покрај тоа никогаш не би ги купил повеќе. Два пати им дадов шанса и вториот пат толку многу се покајав што ги сменив после втората сезона и поминати 15 000 км.... Премногу се бучни и тврди, што е неспецифично за толку скапи и премиум гуми. Тигар AllSeason имаат 60% подобри возни карактеристики од Мишелинот.
Good Year- oт сега за сега ми се фаворит кој не би ги мењал во ниеден момент за ниедни други кога се работи за оваков тип гуми. Меки, удобни и тивки пред се. А тебе ти треба се да има од ова. Зошто Артеонот е со тврдо подвозје.

Има да ги згазиш од возење и од мене имаш препорака за таков тип на гуми за третото возило кое што генерално ти е викенд возило за патување...

Заштедените пари потроши ги со децата и жената на едно патување плус во пролет или есен, кога и не ти требаат зимски гуми. Секако најдобри се тие патувања. Во зимо секако ако не скијаш се е одвратно почнувајќи од калиштата и кашкаиците кои би ги направил снег, кој и го нема :)

Се согласувам за пишаново донекаде но од друга страна треба да ја вклучиш и варјантата дека не секој оди само до Маврово или Банско на скијање. Сосема реално е ако веќе поседуваш артеон да тркнеш и до алпите на скијање и во такво сценарио е глупо да идеш со лансерот според мене. Ете и да не е скијање може ќе сака да отиде до Загреб на адвент и бидејќи е декември не знаеш дали ќе има снег или не. Едноставно ми нема логика да дадам толку пари за кола и за некои 2000 евра да се лимитирам во нејзината употреба 4 месеци во годината.

Истотака имам лично искуство и со мишелин алл сизон гуми. Значи премиум бренд. Никогаш повеќе алл сизон на кола која планирам да ја возам на отворено. За корсата што се вози само низ град и земав пак алл сизон.
« Последно менување: 20 Октомври 2024, 20:35:48 pm kimi makedonski »

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13832
Одг: 2021 Volkswagen Arteon Shooting Brake Facelift Elegance+
« Одговори #74 на: 20 Октомври 2024, 21:54:27 pm »
Зошто е лошо all season на отворено?!