Автор Тема: Audi A4 2.0TDI  (Прочитано 25362 пати)

Отсутен brasica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 296
Одг: Audi A4 2.0TDI
« Одговори #75 на: 30 Декември 2011, 01:09:04 am »
шо знам јас до сега никогаш не ми дошло да ја делам, а да ти кажам право на А3ката не сум ни спуштил седишта никогаш за да видам ;D ;D

Aма ај баш утре ке проверам

Еднаш да ти притреба да ја поделиш доста е. Иначе кога сме кај тоа да носат модели со s-line пакет и 170кс и кватро знаеш што ми рекоа во Ауди? До сега имале продадено 2 А4-ки со 170кс. И тоа едвај ги продале.
Исто беше и со моделот што го земав јас. Прва А4 со металик бела боја. Поскапа од другите е 1000еур. само поради бојата. Ама ја гледаме со татко ми бела оваа и бела обична и толку.  Се решивме за металикот.
« Последно менување: 30 Декември 2011, 01:26:12 am brasica »

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3846
Одг: Audi A4 2.0TDI
« Одговори #76 на: 30 Декември 2011, 03:57:43 am »
Знам дека се поскапо металикот/перла, и кај мене беше исто плус бандажите уште 1000. Но сепак да имаше со С-Лајн пакет и 170кс ќе земев таква. Ќе се откажев може од бојата 1000еу во корист на моторот. Низ Скопје гледам доста А4, доста повеќе него ли 3ки или Ц класи така што сигурен сум дека ќе се нашле купувачи. Инаку јас кога ја купував мојата моторот од 170кс го немаше ни во ценовник. Ми рекао дека нив како опција не им давале да го порачаат од Х(ни јас не ги знам) причини.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Присутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8962
Одг: Audi A4 2.0TDI
« Одговори #77 на: 30 Декември 2011, 07:39:06 am »
мене највеќе мерак ми прави онаа плавата Mauritius blue такво е моето. А4ките обично гледам бели и црни ги земаат и поради тоа изгледа не се одлучува никој за металик.
Мене многу добар момент со белата и црната обична ми е што било која гребаница можеш лесно да ја средиш додека кај мене за една гребка на крило цело крило треба да го фарбаш цело

Отсутен brasica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 296
Одг: Audi A4 2.0TDI
« Одговори #78 на: 30 Декември 2011, 11:51:39 am »
Знам дека се поскапо металикот/перла, и кај мене беше исто плус бандажите уште 1000. Но сепак да имаше со С-Лајн пакет и 170кс ќе земев таква. Ќе се откажев може од бојата 1000еу во корист на моторот. Низ Скопје гледам доста А4, доста повеќе него ли 3ки или Ц класи така што сигурен сум дека ќе се нашле купувачи. Инаку јас кога ја купував мојата моторот од 170кс го немаше ни во ценовник. Ми рекао дека нив како опција не им давале да го порачаат од Х(ни јас не ги знам) причини.

Знаеш како испадна со боите работава? Првин земавме понуда за некоја сива графитна боја. И таа беше металик. После некако се префрливме накај бела боја. Оваа им стоеше у салонот изложена. И сеа викаме дајте ни понуда за оваа верзија, сакаме ваква бела (од кога ни кажаа дека се разликува од другите бели нели). И цената рипна од 36.500 на 37.500еур.

Значи нешто со белава металик беше моментот. Ама кога ќе ти фати око нешто, после нема назад :)

А за моториве ти кажав што ми кажаа. Од 300+ што имале продадено А4 сите се 143кс, само две биле со 170кс. Можеби да имаше верзија со 170кс и јас ќе се подразмислев. Ама тоа е.

Отсутен brasica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 296
Одг: Audi A4 2.0TDI
« Одговори #79 на: 14 Февруари 2012, 21:46:14 pm »
Денеска бев во Dog Security. Се направи апдејт на аудио системот. Се сменија четирите звучници во вратите(JBL позади и MTX напред) и се додаде соодветно појачало(JBL) за нив. Сето тоа одлично се изведе од Ате и дечките таму, без штрчење на додатни кабли од појачалото и сл.

Звукот нормално отиде на подобро, со оглед на тоа што фабричкиот звук беше средно-жалосен. Подетални импресии ќе пренесам деновиве, да го послушам на раат.

Здравје понатака, може ќе се додаде уште некое квалитетно вуферче ама сега за сега ќе тераме вака :).


Отсутен ngocevski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 484
Одг: Audi A4 2.0TDI
« Одговори #80 на: 14 Февруари 2012, 23:20:35 pm »
Супер количе, браво. За мерак.

Едно прашање, нека биде за наредните денови откако ќе го тестираш системот, дали си задоволна и дали е голем напредок промената од фабричките на ЈБЛ звучници?

Јас имам фабрички на РАВ4 за кои постои ЈБЛ линија ама на интернет читам дека луѓето не се задоволни со ЈБЛ линијата.

Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5726
Одг: Audi A4 2.0TDI
« Одговори #81 на: 14 Февруари 2012, 23:37:10 pm »
pa pa pa pa ...... TOP!!!! ;)

Отсутен IvO

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1676
Одг: Audi A4 2.0TDI
« Одговори #82 на: 15 Февруари 2012, 01:07:20 am »
Денеска бев во Dog Security. Се направи апдејт на аудио системот. Се сменија четирите звучници во вратите(JBL позади и MTX напред) и се додаде соодветно појачало(JBL) за нив. Сето тоа одлично се изведе од Ате и дечките таму, без штрчење на додатни кабли од појачалото и сл.

Звукот нормално отиде на подобро, со оглед на тоа што фабричкиот звук беше средно-жалосен. Подетални импресии ќе пренесам деновиве, да го послушам на раат.

Здравје понатака, може ќе се додаде уште некое квалитетно вуферче ама сега за сега ќе тераме вака :).



зар штедат на вакво добро возило на звучки ..

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3846
Одг: Audi A4 2.0TDI
« Одговори #83 на: 15 Февруари 2012, 01:14:41 am »
Јас барем сум презадоволен од звукот, а фабрички има и појачало во левата страница на ѓепекот. Не сум некој аудиофил но мислам дека доста солидно е фабричкото озвучување.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен stig

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 933
Одг: Audi A4 2.0TDI
« Одговори #84 на: 15 Февруари 2012, 06:26:45 am »
Јас барем сум презадоволен од звукот, а фабрички има и појачало во левата страница на ѓепекот. Не сум некој аудиофил но мислам дека доста солидно е фабричкото озвучување.

И јас ова сакавда искоментирам имав пред неколку месеци А4 B6 2002 сите овие тракатанци ги имаше појачало, вуфер, мислам дека имаше 12 звучници со високотонците смешно би било B8 моделот да нема појачало и вуфер.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7277
Одг: Audi A4 2.0TDI
« Одговори #85 на: 15 Февруари 2012, 06:38:42 am »
Ееее, кога гледааат да ти дадат конкурентна цена, на све се штеди ...

Отсутен brasica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 296
Одг: Audi A4 2.0TDI
« Одговори #86 на: 15 Февруари 2012, 11:56:35 am »
Јас барем сум презадоволен од звукот, а фабрички има и појачало во левата страница на ѓепекот. Не сум некој аудиофил но мислам дека доста солидно е фабричкото озвучување.

Значи Саше кај тебе имаш некоја подобра варијанта од кај мене. Во оваа А4 немаше ни фабричко појачало ни вуфер. Имаше само 4 звучници во вратите и 2 високотонци напред во маската кај ветробранското стакло. И не чинеше стварно.

Од четирите коли кои моментално ги имам, оваа имаше најлошо фабричко озвучување а најскапа е. Е тоа ме изнервира многу и мораше да се направи нешто.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3846
Одг: Audi A4 2.0TDI
« Одговори #87 на: 15 Февруари 2012, 12:12:39 pm »
Можно е и тоа, одлично е за мој вкус кај мене озвучувањето. Имам 12 звучника сосе високотонците, вуфер на задната полица и појачало во левата преграда на ѓепекот. Како и да е со здравје да си слушаш на новите звучки. Инаку колку км му направи, како си задоволен од колата, импресии што и да е ? Потрошувачка, дали си задоволен од перформансите ?
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: Audi A4 2.0TDI
« Одговори #88 на: 15 Февруари 2012, 13:48:02 pm »
Aбе вие двајца не се жалете, за озвучувањето...

Имате топ, коли... камо ја да имам едно такво Ауди...

Отсутен brasica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 296
Одг: Audi A4 2.0TDI
« Одговори #89 на: 15 Февруари 2012, 15:47:50 pm »
Можно е и тоа, одлично е за мој вкус кај мене озвучувањето. Имам 12 звучника сосе високотонците, вуфер на задната полица и појачало во левата преграда на ѓепекот. Како и да е со здравје да си слушаш на новите звучки. Инаку колку км му направи, како си задоволен од колата, импресии што и да е ? Потрошувачка, дали си задоволен од перформансите ?

Ти кажувам така беше кај мене изведено озвучувањето. А општо од колата освен некои вакви глупости сум презадоволен.

До сега има 2100км. Од потрошувачката сум исто задоволен. Во град троши околу 8-9л а на отворено 5.5л и тоа во овие зимски услови. Моторчето е сосем доволно како што го опиша ти со тоа што не би ми сметало да имаше и 170кс во одредени моменти :).

До сега најслаба точка дефинитивно беше озвучувањево.

А кажи ако им отидам во Ауди, да им кажам севиштата предни да се заменат со спортски, би имало шанса да се сложат или џабе да не одам? Нешто татко ми го мачат, не му се баш најудобни, на пат кога бевме се пожали, му фали изгледа лумбарна потпора.