Автор Тема: Увоз на возило од Германија  (Прочитано 31466 пати)

Отсутен Festool

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 174
  • woodworker
    • Drvodelec.mk
Одг: Увоз на возило од Германија
« Одговори #135 на: денес во 10:54:45 »
Фирми кои ќе ви ја завршат целата постапка од плаќање до носење тука знам дека има.А за детални проверки и слични работа ала "будучи класици" барајте го Борко,друг не знам дали има. :)

Каде има контакт од Борко? Не знам кој е Борко.

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2375
Одг: Увоз на возило од Германија
« Одговори #136 на: денес во 11:04:24 »
Фирми кои ќе ви ја завршат целата постапка од плаќање до носење тука знам дека има.А за детални проверки и слични работа ала "будучи класици" барајте го Борко,друг не знам дали има. :)

Каде има контакт од Борко? Не знам кој е Борко.
https://youtube.com/@buduci_klasici?si=v2tvxgdOJxL31uD8


Отсутен Festool

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 174
  • woodworker
    • Drvodelec.mk
Одг: Увоз на возило од Германија
« Одговори #137 на: денес во 12:37:53 »
Имал ли некој искуство со овие: https://www.facebook.com/AmetiAutotransport

од куманово се. ми рече 700 евра зимаат од цела германиja.

сакав да ми објасни процедура шо како, ама не беше многу заинтересиран, изгледа дека ја работи таа работа секој ден, и си мисли дека сите знаат. вика, плати си ја, и дај ни адреса и ќе ти ја донесеме.

Дали може другар да ја купи, да ја плати, и да ја донесат? Какви документи, шо треба, ако има некој искуство нека пише.



Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7820
Одг: Увоз на возило од Германија
« Одговори #138 на: денес во 13:13:05 »
Имал ли некој искуство со овие: https://www.facebook.com/AmetiAutotransport

од куманово се. ми рече 700 евра зимаат од цела германиja.

сакав да ми објасни процедура шо како, ама не беше многу заинтересиран, изгледа дека ја работи таа работа секој ден, и си мисли дека сите знаат. вика, плати си ја, и дај ни адреса и ќе ти ја донесеме.

Дали може другар да ја купи, да ја плати, и да ја донесат? Какви документи, шо треба, ако има некој искуство нека пише.




Ликот ги носи сите скапи рент а кар возила од Швајцарија, Германија, Австрија на браќата. Дневно летоска има по 3-4 истовари. Кажи му дека сакаш со некој подетално да разговараш, ке ти најде некој поуслужен. 700Е е инаку коректна цена, ја кога се распрашував по пријатели, од 900-1100 ми кажаа.

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7264
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Увоз на возило од Германија
« Одговори #139 на: денес во 13:15:55 »
Нека ја купи другар ти и после терај ја работата последователно. Никогаш не можиш да испланираш се, ниту знаеме шо година возилото е, од плац, од приватник, одјавено, регистрирано, со таблици/без, во ист град итн...
Да не се пишат сите сценарија џабе, затоа првин купете ја па прашувај попатно.  :D

Отсутен Festool

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 174
  • woodworker
    • Drvodelec.mk
Одг: Увоз на возило од Германија
« Одговори #140 на: денес во 15:07:26 »
Зборував со друг човек, што им е во Германија. Ми кажа дека договорот треба да е на мое име. Две сообраќајни, голема и мала. И тоа е тоа отприлика. И одат од адреса и ти ја зимат, 700 евра повтори пак. Ја носат на плац во Скопје.

Шо беше пожелно да има друго, Еуро1, COC...?

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2430
Одг: Увоз на возило од Германија
« Одговори #141 на: денес во 15:57:25 »
Зборував со друг човек, што им е во Германија. Ми кажа дека договорот треба да е на мое име. Две сообраќајни, голема и мала. И тоа е тоа отприлика. И одат од адреса и ти ја зимат, 700 евра повтори пак. Ја носат на плац во Скопје.

Шо беше пожелно да има друго, Еуро1, COC...?

EUR1 не ти даваат во Германија, COC мора да имаш за хомологација.

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6898
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Увоз на возило од Германија
« Одговори #142 на: денес во 17:36:47 »
Каков е СОС документот и од каде се вади?

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6332
Одг: Увоз на возило од Германија
« Одговори #143 на: денес во 17:43:24 »
Coc цените се тотално различни за секое возило, за Спортаж другар го чекаше 2 недели, вероватно влијаеше неписменоста тука, тој во киа бил на одмор, па некој друг на царина врзал празник и така, си чекаш како будала. Кошташе илјада и нешто денари. За Џимни друг другар пред месец дена го плати двеста и кусур евра истиот документ.
Нешто што слушнав е дека за Даихстсу не можело да се извади уопште моментално и ќе заглавиш ако имаш увезено.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2430
Одг: Увоз на возило од Германија
« Одговори #144 на: денес во 17:48:59 »
Каков е СОС документот и од каде се вади?

Од било кој официјален салон а мислам и сајтови што ја вршат истата услуга. Certificate of conformity, стојат детални технички и безбедносни информации за возилото. Со секоја кола си доаѓа COC документ кога се купува ново, така да можно е и да го чува оригиналното сопственикот во папката со документи.

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6898
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Увоз на возило од Германија
« Одговори #145 на: денес во 17:51:11 »
Онлајн е 200€ да се извади, не знаев дека и тој документ е потребен, малку чудно ми падна зошто двајца другари комплетни лаици околу возила и сл. царинија возила, а не памтам ни во едната ни во другата кола да имало таков документ.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2430
Одг: Увоз на возило од Германија
« Одговори #146 на: денес во 18:08:28 »
Онлајн е 200€ да се извади, не знаев дека и тој документ е потребен, малку чудно ми падна зошто двајца другари комплетни лаици околу возила и сл. царинија возила, а не памтам ни во едната ни во другата кола да имало таков документ.

Не ме фаќај за збор, ама мислам дека ако имаш германска сообраќајна ќе помине и без COC. Само со COC е побрзо мислам, е сеа се сеќавам на некој муабет од @MartinAlfista за COC кога ја увезуваше Џулиетата, па нека каже тој дали му требал или не