Реков најлесно, не најбрзо ни најдобро. Најлесно, затоа што кај нас народот веќе прифати кинески брендови - како што и самиот си приметил, по улици гледаме доста MG, особено таксисти дека ги возат. Плус, по улици гледам и доста DFSK T5 Evo, па и редовно гледам Chery Tiggo 8 Pro. Во услови во кои веќе се продаваат неколку кинески брендови, многу полесно ќе пројде уште еден. А за Geely патот е веќе и делумно изоден, затоа што луѓе го знаат, го читале по медиуми.
Е сега, во однос на другиве работи.. Ни Atlas Pro ни Coolray не се „нови“ модели. Atlas Pro е теееехнички од (мислам) 2019, Coolray е од (мислам) 2022. Тоа не ми е замерка, напротив - подолго време постојат, испеглани проблеми, итн. Во однос на Android Auto / Apple CarPlay, има, ама со кабел. За поцинкувана каросерија - тоа не знам.
Кај нас (конкретно во Македонија) не стигаат со Atlas Batman (да, така се викаат гумите), туку со GiTi Giticomfort. Сo Batman гуми стигнаа некои модели на Chery, ама мислам дека и кај нив треба со други гуми веќе да стигаат.
Како и да е, имаат огромен потенцијал. И веќе добро им тргна.