Автор Тема: Oryx Assistance - ПОМОШ НА ПАТ  (Прочитано 41195 пати)

Отсутен Volvo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 481
Одг: Oryx Assistance - ПОМОШ НА ПАТ
« Одговори #210 на: 27 Август 2026, 14:27:26 pm »
Јас земав преку Олимпико. Плаќаш онлине и ти даваат полиса на вибер. До сега бев во АМСМ, но разликата во цена е многу голема, 1.500 МКД со 3.600 МКД за пакет Европа. Плус лимитите овде се доста повисоки. Инаку забележав дека лимитите варираат доста во зависнот од каде ќе купиш, пример кај Нептун се пониски од Олимпико, а кај Македонија Осигурување се убедливо највисоки посебно во делот на поправки.

Отсутен MBA

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Одг: Oryx Assistance - ПОМОШ НА ПАТ
« Одговори #211 на: 17 Септември 2026, 04:53:49 am »
Мене ми се деси да ми затреба, имав од олимпико европа за 1500, на граница со грција за назад се деси дефект ама ја возев полека до бензиска после граница, во недела 23 саат.
ѕвонев 5 мин може чекав оператор или го разбудив од спиење нвм, кога се јавив ме праша што како податоци, до каде сакаш и за кратко ке ве контактираат од шлеп служба.
се јавија за 2-3 мин од Мичо плус мислам беше цареви од Гевгелиско негде за 10 мин стигна, ја качив колата ја сликаше и тргнавме накај до дома.

Отсутен Volvo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 481
Одг: Oryx Assistance - ПОМОШ НА ПАТ
« Одговори #212 на: 17 Септември 2026, 10:40:50 am »
Значи функционира и за 1.500 денари секако вреди.