Пред една недела така си читам написи наоколу како сѐ поскапело и уште ќе поскапувало... стварно?
Се консултирам со Зеро и ми вика стварно било. Ми даде неколку битни совети, фала му.
И си викам тоа е тоа, ги собрав парите од нивјето што ги продадов в село, ги бувнав во торбата шо ми е за на пазар, шиена на едната рачка и дирек во Киа онаму џенем.
Ме пречекаа, си поиграв низ колите.
Си велам да земам Ceed GT Line за да му се фалам на децата од улицата, ама ми ја врза жена ми една в тил:
- Во тоа малото ќе товараш дрва?!
Не дека сум папучар или ме болеше што ме втера в тил, не дека ја послушав неа... ама се помислив и ми текна дека не излегвам со децата од улица (пак ќе нагласам, не дека сум папучар, не дека ми забранува, туку дека не ме дружат, ме дриблаат дека сум колце, ме замочваат...) и дека нема на кој да му се фалам и се завртив на другата страна (малку ме заболе ко се вртев од оваа шо ме фукна в тил) и ме огреа некоја светлина.
Си викам тоа е тоа, 2 кубици дрва на едно товарање.
UNIKAT!!! FULLL! KAKO NOVO!!! CHCHCHCH!!!