Автор Тема: Сервис за радио за C5 2012  (Прочитано 353 пати)

Отсутен sumi

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 11
Сервис за радио за C5 2012
« на: 03 Ноември 2023, 00:30:31 am »
Веке година-две имам проблем со фабричкото радио за Citroen C5 знае сред работа да се исклучи цел систем, знае да замрзне и да не реагира на команди а радиото да оде а знае и на исклучено возило да продложи да работи. Нешто е побркано и не е баш како што треба. После неколку консултации добив инфо дека не е екранот туку самото радио/систем е уствари проблемот. Преку него одело се и радио и навигација и се.
Предлог некој кој може ова да го среди, претпоставувам дека треба добар електроничар кој се разбира околу проблематикава. Може да е некој кондезатор ослабнат, отпорник или слично. Со оглед дека знае да работи и со саати во ред но знае да се ресетира на 5-10 секудни како ке стартува па препоставувам дека би можело да се најде некое решение.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Сервис за радио за C5 2012
« Одговори #1 на: 03 Ноември 2023, 00:58:06 am »
Марио Алексовски - побарај на фб.

Отсутен WorM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 616
Одг: Сервис за радио за C5 2012
« Одговори #2 на: 03 Ноември 2023, 08:42:57 am »
Слична ситуација со француско возило: Другар имаше земено на лизинг пежо 208 пред 5-7 години и имаше проблем со радиото така што не редовно знаеше од сабајле ко дава контакт радиото да му се пушти на максимум..Смешна ситуација, ама типов беше потресен и викаше дека го вади од такт, така поспан од сабајле за на работа ти згрмува радиото...Па и комшиите почнале да го гледаат накриво :)

Нејсе, пошто под гаранција и лизинг, го носи у Пежо, му го менуваат два пати радиото и пак му се дешава истиот проблем два пати по ред...На крај не успеаја да му го најдат дефектот и го замени пежото со тојота :)