Автор Тема: CARclub Тест: DFSK Glory 580 1.5T Intelligence CVT  (Прочитано 1465 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29273
    • CARclub.mk
CARclub Тест: DFSK Glory 580 1.5T Intelligence CVT
« на: 31 Јули 2023, 17:41:52 pm »






https://www.carclub.mk/2023/07/31/test-dfsk-glory-580-1-5t-intelligence-cvt-temelno-unapreduvanje-za-kineskiot-suv/

Си има свои фалинки, секако - ама темпото со кое ги подобруваат работите би требало да ги загрижи европските, јапонските и корејските конкуренти. Изгледа сосем пристојно, вози коректно и има многу, многу опрема. Всушност, мислам дека ова е моменталниот вложено-добиено рекордер.


Отсутен TylerMkD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 231
Одг: CARclub Тест: DFSK Glory 580 1.5T Intelligence CVT
« Одговори #1 на: 31 Јули 2023, 18:45:57 pm »
Па има ли погрдо во возило од 2023?


Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8823
Одг: CARclub Тест: DFSK Glory 580 1.5T Intelligence CVT
« Одговори #2 на: 31 Јули 2023, 19:13:18 pm »
Kamiq

Отсутен TylerMkD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 231
Одг: CARclub Тест: DFSK Glory 580 1.5T Intelligence CVT
« Одговори #3 на: 31 Јули 2023, 19:15:50 pm »
Kamiq

Да, целосно дигитален dashboard е сигурно полошо него оваа грдосијава

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8823
Одг: CARclub Тест: DFSK Glory 580 1.5T Intelligence CVT
« Одговори #4 на: 31 Јули 2023, 19:39:45 pm »
Sporediggo so obicen dash, a kaj i da e ke stavat i kinezive digitalen

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1904
Одг: CARclub Тест: DFSK Glory 580 1.5T Intelligence CVT
« Одговори #5 на: 31 Јули 2023, 20:01:27 pm »
Колку и да се подобрат, освен Тесла произведена во Кина не би купил никогаш возило од кинески бренд. До толку не пазат на квалитет што забораваат да тргнат лепенка на сред километража со број на делот во сериско возило…

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8823
Одг: CARclub Тест: DFSK Glory 580 1.5T Intelligence CVT
« Одговори #6 на: 31 Јули 2023, 20:12:59 pm »
Kolku nema vrska ova ama ajde. Sekoj si veruva vo toa shto mu odgovara. Kinezite i te kako jako napreduvaat dodeka ovie drugive igraat na karta pari da napraat so prodavanje na Polo za 20k €

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1969
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: CARclub Тест: DFSK Glory 580 1.5T Intelligence CVT
« Одговори #7 на: 31 Јули 2023, 20:34:31 pm »
Такоџе и јас мислам.
За 5 до 10 години, ќе станат лидери во цела индустрија.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1904
Одг: CARclub Тест: DFSK Glory 580 1.5T Intelligence CVT
« Одговори #8 на: 31 Јули 2023, 20:43:37 pm »
Точно така, кому му се свиѓа нека си купи, пак ќе му честитам и ќе речам со здравје да се вози, ама за среќа или несреќа сум имал можност да работам со Tier 2 добавувачи во автомобилска индустрија од Кина, и знам како земаат сертификати и знаат да мачкаат очи. Но факт е дека кога тогаш, порано или покасно ќе научат, сега сеуште се во фаза на reverse engineering на германски и јапонски возила.

Да ги споредуваме уште од сега само на база на цена и на “материјали добри на допир” е несериозно. Ако купуваш бар побарај им ASPICE и functional safety ISO26262 сертификат за системот за воздушни перничиња да знаеш на што си..

Не за џабе спомнав да можам уште сега би купил Tesla произведена во Кина, затоа што компонентите кои го прават возилото се истите оние како Tesla-та склопена во Германија или САД. Развојот и инженерингот на тие компоненти не го правеле во Кина.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8823
Одг: CARclub Тест: DFSK Glory 580 1.5T Intelligence CVT
« Одговори #9 на: 31 Јули 2023, 20:49:35 pm »
Ne si bil vo Kina zatoa taka mislish a toa so Tier 2 e muda za bubrezi. Znaeme i vo EU kako se zemaat sertifikati i slicno.

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1969
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: CARclub Тест: DFSK Glory 580 1.5T Intelligence CVT
« Одговори #10 на: 31 Јули 2023, 20:53:14 pm »
Мора нешто да ја исплати дизелгејт аферата.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1904
Одг: CARclub Тест: DFSK Glory 580 1.5T Intelligence CVT
« Одговори #11 на: 31 Јули 2023, 21:04:52 pm »
Ne si bil vo Kina zatoa taka mislish a toa so Tier 2 e muda za bubrezi. Znaeme i vo EU kako se zemaat sertifikati i slicno.

За жал не ја искористив приликата кога ми се пружи да одам, пиши импресии ако си бил.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29273
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: DFSK Glory 580 1.5T Intelligence CVT
« Одговори #12 на: 01 Август 2023, 10:48:43 am »
Ние можеме да бидеме скептични колку сакаме, реалноста е дека кинеските брендови си работат и им расте продажбата. Ме интересираше какви се бројките, и стигнав до некои статистики - во првите девет месеци од 2022 продале вкупно околу 150.000 возила во Европа. Ситна боранија, некои 1.5% од пазарот. Ама тоа е двојно повеќе од претходната година и се очекува дека оваа година ќе имаат пазарен удел од скоро 10% кај електрични и електрифицирани возила. Тоа не е мала бројка.

Ние можеме да се смееме колку сакаме. Се смеевме и на корејците пред 20-30 години.

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1904
Одг: CARclub Тест: DFSK Glory 580 1.5T Intelligence CVT
« Одговори #13 на: 01 Август 2023, 11:30:08 am »
Не е спорно дека си работат на случајот со забрзано темпо. И несомнено е дека ќе донесат промени во пазарот на нови возила и општо цела автоиндустрија во светов, нели секогаш конкуренција е добра работа. Пишав и погоре, кога тогаш ќе научат како што научија и корејците, дури и многу побрзо.

Сега за сега, сеуште не сум убеден да купам возило од кинески бренд. Нека помине време.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4779
Одг: CARclub Тест: DFSK Glory 580 1.5T Intelligence CVT
« Одговори #14 на: 01 Август 2023, 11:47:52 am »
Imaat nauceno oni ne se sekirajte za niv. Ai balansiraat so cenite i toa sto nudat. Eden kup svetski brendovi kupija, mislite deka ne naucija od niv?

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk