Автор Тема: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir  (Прочитано 17142 пати)

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 429
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #105 на: 09 Септември 2023, 14:13:26 pm »
Денес конечно успеав да одам до Аутомобиле СК после сите глупости, го заменија претходното масло Valvoline All Climate со Valvoline SynPower MST C3, и го сменија и филтерот за масло. На крај сепак испаднаа фер.

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 429
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #106 на: 17 Септември 2023, 23:45:05 pm »
Да ја подбуцнам темава малку. Бидејќи периодов не сум во МК, колата ми остана на паркинг, решив да искористам луфта и да го пратам воланот на тапацирање. Претходниот/претходните сопственици не биле баш најфини со воланот, кожата е прилично сјајна, и не успеав да го вратам мат финишот со неколку средства кои ми се проверени. Горната страна е и изгребана, претпоставувам од возење со прстен на рака, шо дополнително не ми е по ќејф.

Воланот ќе добијат комплетно претапацирање, кожата странично ќе ја сменам со перфорирана кожа, а горе и долу ќе е мазна кожа, и секако црвен конец. Пластиката околу копчињата ќе добијат фарбање, ептен беше излитена и измазнета, а би требало да е матирана.

Зафатот го работит Марко (https://www.instagram.com/simarkdesignleather/), истиот ми го тапацираше гумениот волан на Киата и сум ептен задоволен. Ќе пуштам некоја слика ко ќе е готов воланот, во меѓувреме еве една од стариот, каков шо го возев до дома од кај механичарот шо го олабави штрафот.


Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5922
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #107 на: 17 Септември 2023, 23:55:56 pm »
После да не заборавиш да ја избришеш грешката за аирбагот.

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 429
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #108 на: 17 Септември 2023, 23:58:52 pm »
После да не заборавиш да ја избришеш грешката за аирбагот.

Механичар го изваде воланот, механичар и ќе го вратит, баш ради грешката на airbag-от, и ради фактот шо немам момент клуч дома.

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5922
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #109 на: 18 Септември 2023, 00:18:36 am »
Интересно што си нашол мајстор кој се замара со момент клуч. Ретко кој механичар користи момент клуч за такви работи (барем од мое искуство), сум видел само за ремонт користат.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #110 на: 18 Септември 2023, 02:07:04 am »
Исто почна и кај мене од ова лето вака да  "избледува" воланот горе, не е од прстен, толку му е квалитетот за жал. Сакам да го фарбам, ама незнам како да го изведам тоа, а да не го покријам црвениот конец со боја

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 429
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #111 на: 30 Септември 2023, 15:26:20 pm »
Тазе вратен од одмор, воланот завршен таман на време. Вчера си го зедов, сабајлево го наместив и бев да го стегнат и да го вратат аirbag-от. Немаше потреба од бришење грешки, едноставно не покажа "Airbag failure" после поврзувањето и тоа е тоа.

Денес го повозав некои 10-15 километри низ и околу град, првични импресии, одлични. Изработката е скроз супер, а и кожата како кожа е многу убава на допир. Се на се, презадоволен сум, дефинитивно би го препорачал Марко ако на некој му треба тапацирање на волан. Ќе видиме како ќе се покажит со тек на време, планирам да земам од Gyeon деновиве еден комплет за чистење и за заштита на кожата, се надевам подолго ќе трајт финишот.

Покрај тоа, стигнаа и нови странични жмигавци. Старите беа бели, што ми сметаше бидејќи е темна боја на кола, и беа малтене во распад, на едната страна пластичната штипка од внатре беше скршена и се држеше со дуплофан, и на двете страни пластичната покривка беше одлепена од самиот жмигавец. Еве кратко пред и потоа. Друга разлика на сликиве е и недостатокот на детелинките - беа ставени од страна на претходниот газда, а бидејќи не возам QV, немам ни намера да глумам лудило дека возам QV, па летнаа првиот ден откако ја купив колата.

Наредно на списокот се бандажите.

Воланот:



Старите жмигавци:



Новите жмигавци:


Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 429
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #112 на: 11 Октомври 2023, 17:17:47 pm »
Денес во рубриката “си немал ѓаолот работа“, продолжувам со менување на контакт точките меѓу мене и колата. Вчера стигна нов key case од Alfisti, комплет со се лепенка со логото, со вкупна цена од 25 евра (case плус две лепенки, во случај да ја заебам едната). Стариот клуч беше излитен, гумицата очигледно AliExpress квалитет, и логото избледено. Металниот дел кој оди во бравата го искористив од стариот клуч, да не одам по клучари, неработен ден е. Веројатно ќе нарачам уште еден електронски чип за внатре, па ќе направам трет клуч, вториот е без далечинско за бравата.

Пред:



Потоа:


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #113 на: 11 Октомври 2023, 19:56:02 pm »
400еур плус кренала колата на оглас.

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 429
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #114 на: 17 Октомври 2023, 16:46:52 pm »
Денес го сменив и маслото во менувачот. Потрагата по Tutela испадна неуспешна, не знам на колку места низ Македонијава проверив, нигде не можев да најдам.

Како замена зедов Fuchs Titan Sintofluid FE 75W, кое го препорачуваат како соодветна алтернатива. Од тие 5 километри од кај механичарот до дома не можам баш да кажам впечатоци, се осеќав ко полесно да влегвит во брзина мењачот ама скроз е можно да е placebo. Ќе ја повозам деновиве и на отворен пат, па ќе видиме дали имат разлика.

Цена, смешна. 650 денари пута два за маслото, и уште 400 денари за промената, тотал 1,700 денари.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #115 на: 17 Октомври 2023, 16:53:02 pm »
Не си згрешил со Фукс.

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 429
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #116 на: 20 Октомври 2023, 18:44:47 pm »
Стигнаа денес LED сијалички за предните жмигавци, комплет со вградени отпорници. Работат супер, без hyperflashing на табла како што беше случајот со трите различни сијалички што ги пробав за назад.

Мило ми е шо се супер, зато шо во потемни услови кај шо се пуштени и дневните и кратките светла, предните жмигавци со халогена сијаличка се скоро невидливи. Вака е друг муабет.


Сијаличките се овие, 9G66 Long.

https://vi.aliexpress.com/item/1005003337254022.html

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #117 на: 20 Октомври 2023, 19:32:24 pm »
Убаво, ми се допаѓа! Ќе си барам и јас сеа соодветни ;D

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #118 на: 20 Октомври 2023, 20:22:42 pm »
 Овие па германците ги забраниле од некоја причина баш овие кинези и на нивните линкови ми вади
"the item is not available at your location "....ќе ми заштедат некоја банка  ;D

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 429
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #119 на: 20 Октомври 2023, 20:28:19 pm »
Убаво, ми се допаѓа! Ќе си барам и јас сеа соодветни ;D

Со среќа, ова италијаниве ептен пицајзли со CANBUS-от. Предниве ги погодив на прва, за позади три или четири различни имам пробано, сите на табла вадат грешка :D