Автор Тема: CARclub Возење: Opel Astra GSe & Grandland GSe  (Прочитано 2308 пати)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: CARclub Возење: Opel Astra GSe & Grandland GSe
« Одговори #15 на: 16 Февруари 2023, 11:17:51 am »
Предобро кажано ;D

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: CARclub Возење: Opel Astra GSe & Grandland GSe
« Одговори #16 на: 16 Февруари 2023, 12:53:34 pm »
^ Другар, оди бе тука замарај со твојата опсесија, која за жал не е и наша

https://forum.femina.mk/threads/%D0%9F%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%BE%D0%BF%D0%B8%D1%81%D0%BD%D0%B8-%D0%B3%D1%80%D0%B5%D1%88%D0%BA%D0%B8.31857/

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: CARclub Возење: Opel Astra GSe & Grandland GSe
« Одговори #17 на: 16 Февруари 2023, 13:30:04 pm »
^ Другар, оди бе тука замарај со твојата опсесија, која за жал не е и наша

https://forum.femina.mk/threads/%D0%9F%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%BE%D0%BF%D0%B8%D1%81%D0%BD%D0%B8-%D0%B3%D1%80%D0%B5%D1%88%D0%BA%D0%B8.31857/
Не ми е мене опсесија, едноставно се обидувам и јас да влезам у штос и почнувам да се пренемагам, или мене ми е забрането па требаше да пишам одлично или многу добро кажано?

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: CARclub Возење: Opel Astra GSe & Grandland GSe
« Одговори #18 на: 16 Февруари 2023, 21:30:05 pm »
Бројките за продажба самите зборуваат сами за себе. Во моментов ПСА можеби Опел го позиционирале како што треба ама денеска изгледа дека нешто не штима. Можеби е презаситен пазарот и тешко е Опел со тоа што го нуди во моментов да придобие нови клиенти.

Веќе на неколку тестови Астрата ја позиционираат како со послаб квалитет и поевтини материјали внатре во споредба со 308. Нешто како голф и октавија, и тоа можеби е во ред но цената на астра и 308 е малтене идентична, а 308цата изгледа и внатре и надвор веројатно како нешто најдобро во моментов во компакт класата.

Бројките за продажба не се најважниот фактор. Како што спомнав некаде, ни Бугати не го гледаме многу по улици, изгледа нешто не се погодија? Џабе бројки ако компанијата со децении е во загуба. Во ерата на GM, Opel буткаше американска стратегија за продавање - бутај, нека има бројки, макар и без никаква долгорочна одржливост. Форсираа милион дилери на мали пазари што само си симнуваа цени едни на други и работеа со неодржливи маржи, си ги обезвреднуваа тековните модели со „Класик“ изведби кои беа објективно понеквалитетни и поевтино направени. Замисли продаваш нова Астра за 18.000 евра и одма до неа имаш Астра Класик за 12.000 Евра. Ќе купиш нова? Ај што нема, него директно и во истиот салон си ги обезвреднуваа новите модели. Да не праиме муабет дека имаа еден куп скроз промашени, непрофитабилни и скапи (и скапи за развој) возила. Се сеќава некој на Opel Cascada? Така и мислев.

Луѓе купуваа Opel пошто беше поевтин од VW.

Сега стратегијата на брендот е поинаква. Ја оптимизираа понудата и исфрлија непрофитабилни и неважни модели. Ја поедноставија понудата на мотори (иако ни мене не ми се допаѓа ова, но што е тука е), ги направија возилата опипливо поквалитетни. Сигурен сум дека хејтате, без воопшто да сте седнале во Астра. Ама океј. Нека има помалку продадени возила, ама да имаат подобра профитна маргина, да имаат возила што луѓето ги сакаат. И тоа си функционира.
Аха значи финтата било да имаат помалку продадени возила зошто имаат повисока профитна маргина? Ова го увиде во финансискиот извештај на ПСА?

Опел практично не постои веќе - подвозје, мотори се доаѓа од пежо. Исто како што шкода пред неколку децении е под капата на ваг. Да, шкода генерално има за нијанса поевтин ентериер од ваг но тоа што го нуди од друга страна е ПРОСТОР. И тоа некој во Европа очигледно во почитува и Шкода денеска е препознатлива по тоа и одлично си ја врши работата.

Од друга страна, што нуди новата Астра во споредба со 308ца?  :). ПСА направија одличен потег со превземањето на Опел и зголемување на нивниот удел зошто само така ќе може да ја стигнат конкуренцијата. Но, мислам дека тие од ПСА имаат тешка задача што да прават со Опел на среден рок и каде ќе го позиционираат, некако тешко им иде.

Тоа што исфрлиле непотребни модели е нормално многу паметен потег, го пофалив нивниот изглед уште кога излезе новата мока се заљубив на прв поглед. НО, тоа што е најважно од се е како ќе се осеќаш внатре и тоа што Опел го позиционираа со евтиноќа внатре во споредба со пежо е малце чудно затоа што нова астра и ново пежо 308 имаат идентични цени.

Објективно неможе да се каже дека овој ентериер



е подобар од овој


Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Возење: Opel Astra GSe & Grandland GSe
« Одговори #19 на: 16 Февруари 2023, 21:54:47 pm »
Нормално дека вкупната продажба е намалена кога еден куп модели исфрлија и/ли пензионираа и се концентрираа на core моделите.

Нејсе, јас не реков дека ентериерот на Astra е подобар од ентериерот на 308. Всушност, многу се слични. Ама и во хиерархијата на Stellantis (PSA веќе не постои) Opel и Peugeot не се исто позиционирани. Таргетираат различни купувачи со различни потреби и различни барања од колите. И тоа е океј.

Stellantis (односно уште PSA) си најдоа позиција за Opel и одлично го средија. Колку за потсетување, Opel под GM немаше направено профит 20 (!!) години и GM со години пробуваше да го продаде. PSA го купи и за 18 месеци успеа да го врати во профитабилност. Како? Исфрлање непотребни модели, economy of scale, намалување на трошоци, итн. Ги знам работиве пошто сум ги зборел и со луѓе од PSA (пред да се трансформираат во Stellantis) и со луѓе од Opel (сега во рамките на Stellantis).

Тоа штo „Opel не постои веќе“ - постои, секако дека постои, и самиот си кажуваш. Делење платформи и мотори не е лоша работа. Напротив.

Али како и да е, ти мислиш дека Stellantis не знае што ќе прави со Opel, јас мислам дека веќе си тераат сосем добро. Имаат за исфрлање/замена уште еден-два legacy модели кои се останати од времето на GM и тоа ќе се случи годинава, евентуално следната, и тоа е тоа.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Возење: Opel Astra GSe & Grandland GSe
« Одговори #20 на: 16 Февруари 2023, 22:20:51 pm »
Најголема штета е што ја изгубивме Инсигнијата. Тоа беше ненормално добра кола, топ 5 на пазарот во класа над 20000еур.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Возење: Opel Astra GSe & Grandland GSe
« Одговори #21 на: 16 Февруари 2023, 22:24:55 pm »
Апсолутно се согласувам, али неизбежно беше. PSA сакаше да ги исфрли технологиите/моторите/платформите на GM пошто беа обврзани да плаќаат некакви royalties. Од друга страна, сегментот е во слободен пад и продажбата е драстично опадната. Бев оптимист дека ќе направат нова Insignia што ќе дели гени со 508, ама веќе има најава дека Insignia ќе биде нешто меѓу седан и кросовер. Претпоставувам нешто налик 408.

Присутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1727
CARclub Возење: Opel Astra GSe & Grandland GSe
« Одговори #22 на: 16 Февруари 2023, 23:28:03 pm »
Морам да признаам дека некад и ја жалам по Инсигниата.  Добро ауто. Требаше можда да го дехромирам.






Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен TylerMkD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 279
Одг: CARclub Возење: Opel Astra GSe & Grandland GSe
« Одговори #23 на: 17 Февруари 2023, 06:34:02 am »


Објективно неможе да се каже дека овој ентериер

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

е подобар од овој

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Овој на Астрата изгледа како Аликеспрес верзија на 308-мицата, не соодејствува со надворешниот изглед.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: CARclub Возење: Opel Astra GSe & Grandland GSe
« Одговори #24 на: 17 Февруари 2023, 08:35:08 am »
Ама и во хиерархијата на Stellantis (PSA веќе не постои) Opel и Peugeot не се исто позиционирани. Таргетираат различни купувачи со различни потреби и различни барања од колите. И тоа е океј.
Ова ми е целата поента. Сметам дека не успеваат во ова и Опел треба да понуди нешто повеќе во однос на Пежо и треба да поработат на тоа. Едноставно ако добивам подобар ентериер со 308ца што добивам со Астра за возврат? Дизајн? Тоа е многу субјективно. Простор? Не, ондак што? Премногу се слични за да некој одбере Астра на сметка на 308ца.

Никој не го спори тоа што баталија огромен дел од делови, мотори и се останато од ГМ а особено КЛАСИК модели што немаат никаква вредност за брендот.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3776
Одг: CARclub Возење: Opel Astra GSe & Grandland GSe
« Одговори #25 на: 17 Февруари 2023, 09:44:04 am »
Веројатно Опел е тоа што е Сеат во ВАГ. Треба само да ги намалат малку цените на Опел или да ги зголемат на Пежо :D , па да има некоја разлика
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: CARclub Возење: Opel Astra GSe & Grandland GSe
« Одговори #26 на: 18 Февруари 2023, 01:18:28 am »
Кај бил позициониран Опел, каде Пежо, тотално невредно за дискутирање.
Не само во автомобилска индустрија туку во сите скоро индустрии, зошто да имаш еден продукт на кого може да му конкурираат другите кога можеш да имаш два кои можат стратешки да се однесуваат? Зошто да си ја ризикуваш судбината со еден бренд кога можеш да имаш два бренда кои ќе бидат интерна конкуранција и ќе имаш секогаш избор да го селектираш најдоброто од двете?

Тоа ти е исто како да земеш тезга на пазар и да продаваш само пиперки и ништо друго. Место да имаш бекап втор бунар од кој пиеш вода као подобро е да имаш еден? Тотален нонсенс.
Двата бренда се профитабилни и имаш дупло глави кои работат на истражување и развој, имај си ти идеи па селектирај си ги најдобрите, од тоа можеш само ќар да имаш.
« Последно менување: 18 Февруари 2023, 02:14:35 am Tischläufer »