Автор Тема: Мислење за Ford Focus Duratec 2.0 со фабрички плински уред  (Прочитано 930 пати)

Отсутен Шприцер

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 1
Здраво на сите , нов сум на форумов , можеби било некаде тема ама немам време да скролам толку страни  :) . Ми треба фамилијарно возило , бензин или бензин плин. Има моментално на продажба  Ford Focus Duratec 2.0 2009 година , со фабрички плински уред , 145 коња . Ме интересира дали некој има искуство и знае каков е моторот , колку троши , дали има некој проблеми што се јавуваат. Има поминато 193 000 и моментално , според сопственикот е на сервис за менување на клапната на моторот. Ме интересира што значи тоа да се менува клапната , дали е опасно по моторот или не.

Благодарам !

Отсутен Kazaam

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 69
Одг: Мислење за Ford Focus Duratec 2.0 со фабрички плински уред
« Одговори #1 на: 18 Септември 2022, 22:50:47 pm »
Здраво.
//Скоро 200 пати прочитан текст, но ни еден одговор :(

Го имам тој мотор во Мондео и јас му ставив плин уште кога го земав.
Конкретно за моторот, мислам дека нема опција за фабрички плин, најдобро провери. Најчеста "мана" им е што знаат да трошат уље, посебно ако не е редовно менувано уљето и е возено на лош бензин. Чим има веќе плин мислам дека би требало малку почисто да работи и да се собира толку наслаги. Провери на ладен мотор турирај да видиш дали ќе има плав/темно сив чад од ауспухот. На загреан мотор помалку се познаваше, барем кај мене. Уљето обично го троши или на прстените на цилиндрите или на вентили.
Друг проблем чет е ба англсики PCV системот, или на нашки би дошло систем за одушок на воздух. Често знае цревото да пукне, а и самиот вентил да се запуши. Сепак не е ни скапо да се смени, само што јас кога прашував во Ми-Да, ми кажаа дека се чека мин. еден месец за деловите.
Инаку генерално освен ова, немаат некоја посебна мана и често знаат да поминат и 400-500.000 без да се чепне моторот. Во секој случај, менување уље на 10.000км би била најдобра препорака (Фабрички мислам дека е 20.000 или една година).

Конкретно за клапната, незнам за што мислат. Ако е за на усис, не е некој сериозен проблем (освен ако не трошело ептен уље па да била преполна со гареж), само сто 2009та треба да се заедно со цела усисна грана. Ако вадат усисна грана, најдобро е да се смени и PCV вентилот.

Сепак најважно мислам е да си одбереш/најдеш мајстор кој би работел на колата освен ако не планираш ти да ја поправа сам. Не дека ќе има толку за поправање, ама без разлика на бренд, може да те маткаат или да те одбиваат да ти работат на неа

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Одг: Мислење за Ford Focus Duratec 2.0 со фабрички плински уред
« Одговори #2 на: 18 Септември 2022, 23:06:33 pm »
За да тестираш дали троши уље поради прстените (oil rings), вози ја подолго во брзина на удолница со цел да дозволиш цилиндрите да се наполнат со уље поради вакумот кој се креира во тој режим на работење. Кога ќе дадеш туража после ова ќе чади ако се отидени прстените.