Ме интересираат за што не се согласуваш, не за да се расправам, туку сакам да слушнам и твое размислување на тие прашања. Аирлија не е проектот кој го спремате. Другарски би било од ваша страна доколку би споделиле и со останатите смртници на форумов. Се надевам дека ќе дојде многу скоро убавиот сончев ден кога и јас ќе спремам нешто многу љуто и многу жуто.
. Ако Блажо не се вклучи во дискусијава до утре вечер тогаш тие контејнерите карши кои стално го паркира пежолчето ќе му ги заврзам со синџири, па ќе се вози со воз низ градов.
Што се однесува до 300 или 350КС, тоа е само пик на максималната моќност во само една точка од опсегот на вртежи. Таа моќност не е показател за перформансите бидејќи во другите точки моќноста е помала. Јасен показател за моќноста односно вртежниот момент на моторот е кривата која е мноштво на такви парцијални точки на моќност односно вртежен момент при целиот работен опсег на вртежи.
Според тоа успешен тјунинг е оној со кој ќе успееш да ја „кренеш“ кривата во целиот работен опсег на вртежи или во дел при кои вртежи сакаш да постигнеш поголеми перформанси. Неуспешен тјунинг е оној каде само минорен дел од таа крива е покачен нагоре каде кривата има шпиц, а во останатиот опсег моќноста и вртежниот момент се непроменети или незначително променети. При тоа во првиот случај може да се добие помала максимална моќност но перформансите на моторот да бидат далеку подобри одошто во вториот случај каде е постигнат голем пик на максимална моќност но не и реални придобивки на перформансите во пракса. Од тие причини човеков вели дека бројките 300КС, 600КС, катаљарда КС треба да се занемарат бидејќи можат да дадат само нереална слика за пеформансите на моторот.
Па така под појачување за 20% до 25% човекот подразбира 20% до 25% поголем вртежен момент и моќност во било при било кои вртежи во работниот опсег, а не 25% поголема моќност на 6000RPM што всушност е најчесто маркетиншко представување на „придобивките“ од страна на сите тјунерски куќи.
Неговата проценка дека над 25% просечно подобрени перформанси во работниот опсег на вртежи е веќе штетна по животот на моторот се однесува исклучиво за случај кога моторот е исправен и сочуван,а тјунингот е правилно изведен за цивилна употреба на возилото. Правилно изведен тјунинг значи прописно нагодено палење, идеални соодноси на кислород и гориво, правилно пресметани притисоци на турбината во тие рамки и др. Покрај тоа за таков случајов препорачува исклучиво врвно моторно масло и квалитетен високо-октански бензин(кој го немаме...) Со самот тоа се намалуваат шансите за самозапалување, а си постои и knock сензор кај бензинците кој благовремено го уназадува палењето.