Стручно прашање, може ли да се случи и добра ракија малку да подзамрзне, како парчиња мраз внатре, како кристали. Иста ракија пијам последните месеци и сега првпат се случи, ја чувам во комора во фрижидерот.
Јас би рекол дека е нормално, но вода е додавано во ракијата сигурно.
Е сега, зошто е ок и зошто е нормално...
Срцето на дестилатот то ест ракијата, се наоѓа после одстранувањето на метил алкохолот, заедно со други штетни, отровни и несакани состојки, па се до 60 степени јачина на дестилатот. Може дури и на 65 степена да се извади.
Тука се наоѓа најубавата и најчиста ракија.
Тоа исто така значи дека добиваш можеби и помалку од 40% од количината на ракија што би требало да ја добиеш ако ја тераш до 50 или 45 степена јачина. Погоренаведеното подразбира процес во тек на дестилација.
Таа срцевина од дестилат, се зрее на различни начини. Од кога е созреана на начинот кој ќе го одберете и сакате да ја доведете до пожелната јачина / степенажа са пиење, додавате дестилирана вода.
Така озреана и дотерана со дестилирана вода до 45 степени да речеме, се пие. Нели не можеш да ја пиеш на 60 степена.
Сега е малку појасно зошто некои ракии и од дома и без етикета, бандерола, коштаат толку колку што коштаат.
Да не се разбереме грешка, може во конкретната ракија е само онака ради литража додадено вода.
Ракија како што опишав под 700-900 мкд тешко, и тоа само една година зреена.