Е па, другари...

Почнувам сопствен бизнис, како втора работа, покрај редовната. Се организирам како мобилен дитејлер, односно јас идам кај вас, а не вие кај мене.
Одлуката беше no brainer, од разлог што прво - нема вакво нешто кај нас, јас би бил прв. Второ, сакам тоа да го работам, што е многу битно, а и ме бива, што е уште побитно. И трето, стартната инвестиција не беше нешто посебно голема, така да правам обид - ако не излезе како што планирам, нема да ме боли душа.
Од причина што ќе ја работам како дополнителна работа, планот ми е да се фокусирам на 5-6 maintenance клиенти месечно, што сметам дека за почеток е доволно. Но, тоа не значи дека кога ќе го достигнам тоа ниво, останатите ќе бидат одбиени. Не. Се е полесно со договор и разбирачка.
Од истата причина, не планирам да се лакомам. Приоритет ќе ми биде квалитет, а не квантитет. Многу ми е побитно клиентот да биде задоволен од сработеното, отколку наместо еден да имам двајца клиенти, и да одработам "ОК job". Впрочем, тоа што имам постојана работа тоа и ми го дозволува, односно не сум приморан да "бркам" бројка и повеќе заработувачка.
За почеток, ги нудам сите дитејлинг услуги, освен корекција на фарови, корекција на лак и керамичка заштита. Причината за тоа е - немам доволно искуство за тоа. Теоретски сум и повеќе од поткован, но практично не сум, ама баш ич. Решение на овој проблем - планирам да поминам професионална обука и да ги стекнам потребните сертификати за тоа. Академија Перфект ми е тука најблиску, меѓутоа доколку постои некој друг отворен за соработка - и да не е во мој регион, отворен сум за разговор.
Располагам со комплетната механизација потребна за работа за услугите кои се достапни.
Ова е ФБ страницата каде што можат да се најдат сите потребни информации, како и тековно да се има увид што и како работам, нели, како реклама.
https://www.facebook.com/prvmobilenditejlerБи сакал да вметнам туј-и-тамо некоја слика "пред и после", кои што ми се посебно драги, за овие 20-тина дена откако почнав со работа...







На Киава е работено комплетно надворешно перење со пред-перење, механичка деконтаминација и нанесување на заштита, детално внатрешно чистење. На стенд бај е за хемиско внатре, како и отстранување на влакна од миленичиња во гепекот. Деновиве и тоа ќе биде.







На камионов е работено комплетно хемиско, со дезинфекција на сите површини со пареа, како и чистење на каналите на вентилацијата, исто со пареа.







Sportage - детално надворешно перење и детално внатрешно чистење.





2021 Toyota RAV4 Hybrid. Нова кола, многу внимание...










Овој Мерцедес беше на комплетно хемиско.
Иако не се малку слики, ова не се сите. Не сакам да го пренатрупам првиот пост. На ФБ страницата има повеќе... Исто, на ФБ во секој пост има што точно е работено на секоја кола.
На истата ФБ страница, има дел "Услуги", каде детално е опишана секоја услуга која што ја нудам.
Цените, како што викаат кај нас, "спрема човекот, и ќотекот". Варираат, во зависност од состојбата и големината на возилото.
Секогаш, ама баш секогаш, при секој проект, додавам некоја услуга гратис. Го чувам како изненадување, па откако ќе завршам, кажувам на клиентот што точно е сработено. По завршување на работата, секој клиент добива фотографии од возилото "пред и потоа", за подобар увид што и како е сработено.
Така да, тоа е тоа. Отворен сум за соработка низ цела Македонија, со претходен договор. Отворен сум за давање и примање на совети, како и примање на критики. (Ќе) се трудам максимално се да биде сработено на највисоко можно ниво. Конкретно, Тојотата е џиџит-нова, 800 километри има, ама пошто сакам се да е темелно сработено, ми одзема 5.5 часа.
Искрено, презадоволен сум како ми тргна работата, без никаква реклама, туку само од кажување на моите, па они кажале на овој, на оној... Да се надеваме дека ќе тера така.
Ултимативната цел, во идеални услови, би ми била стационирање во свое модерно студио, и трансформација на оваа работа во примарна и откажување од постојната. Но, здравје, да не се подрекувам.
Повелете, пукајте, за ова што досега е кажано и што може да се види. Како совети, така и критики.
Лајкнете ја страницата, и шерувајте. Wish me luck.